1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн шопинг

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lady-gaga, 13 јуни 2010.

  1. NewGirl05

    NewGirl05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Здраво :) дали некоја има скоро искуство со порачки/достава од ohpolly? Гледам дека при нарачка единствена опција е федекс, па не знам искрено дали се исплати да се порачува… ве молам споделете ако имате порачувано периодов.
    Фалаа :)
     
  2. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    8.147
    Допаѓања:
    116.433
    Пол:
    Женски
    Веројатно дека многу им ги враќавме поради доцнење.
    Ок "не е до нив", до царина е, ама како потрошувачи ама ич не не интересира.
    Па нарачка од 4ти јануари ми се јавија за достава на 18ти март, виде курирот на налепницата, на 14ти е влезена кај нив во база, тогаш е мината и фискална.
    Пред на два пати се загубена, истите артикли секојпат беа, ама стварно во март веќе не ми требаа :smirk:

    Ич немора да имаат онлајн на ваков начин, уште па и однапред да платам, нема грешка!
     
    На goddess.Of.chaos, butterflysk и wendy2 им се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    3.829
    Луѓе, сите пратки буквално од странство подлежат на 18% ддв? Ау... Јас чекам една пратка од странство и сега, откако прочитав негде за ова... Треба да дадам 600 денари плус :С
     
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    2.210
    не баш се, еве пример имав порачано облека преку etsy ми стигна за 1 месец без да платам ддв нити било што дополнително; денес ми стигна парфем од Франција на царина заглавен 3 месеци, платив 620 ден. царина + ддв.. ама познавам луѓе што платиле и за мали пратки од тему/алиекспрес.. Инаку имав и од тему порачано прошлиот месец 2 прилично големи пратки па не платив ништо :drunk: изгледа руски рулет си играт таму како ќе им се погоди
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    1.792
    Пол:
    Женски
    Вие што нарачувате онлајн со достава во продавница, за колку време ви стига?
    Ме интересира дали е побрзо од доставата до дома.
    И дали може да пратиш друг да ти ја подигне нарачката или мора лично да си ја подигнеш?
     
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    6.846
    Имам направено нарачка од Мохито пред месец дена, на она бројчено за следење ми вели дека ме барале претходната недела и дека не сум се јавила, што врска нема. Ѕвонам во каргото никој не се јавува.
    Искуство имате, кај да ѕвонам? Што стана ова со каргава, чуму лажење?
     
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    10.823
    https://tofiemk.myshopify.com/

    Дали имате нарачувано од странава?

    Имаат убави модели на фустани, ама и цените не им се баш евтинки и не ми се купува на непроверено.

    Ако има некој купувано, дали стасуваат како на слика и дали се океј квалитет?

    Се декларираат како made in Macedonia.
     
  8. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    2.210
    Дали некој нарачувал од Yesstyle последниот период со застојот во македонски пошти? Знам дека порано стигаа за 1 месец но ме интересира дали и нив ги држат на царина, планирам да порачувам козметика, да знам ако ги држат со месеци на царина и нив да не порачувам воопшто |(
     
  9. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    3.829
    Чекајте малку... Погоре прочитав нешто плаќање за царина. Колку подолго стои таму - толку повише се плаќа? Па тоа ми нема логика... Мене ми стои еден месец. Не сум јас виновен за тоа што они не се агилни. И, уште пострашно - нема како да прашам: ниту еден телефонски број не постои или е исклучен...
     
  10. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    2.210
    не, нема такво нешто. мислам дека се плаќа лежарина во пошта ако не си ја подигаш пратката или сл.
    царината се плажа за увозот на производот од странска земја, зависи од цената на производот и тежината
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    213
    Нема веќе плаќање при достава, ја укинале таа опција. (facepalm)
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.190
    Допаѓања:
    14.807
    Пол:
    Женски
    Ми стигнува за 2,3 дена. Некои знаат од карго да ми се јават, иако пишува до дома, ме прашуваат дали ќе ја подигнам и ако кажам не, си пишува до дома, епа ај утре тогаш ќе ја донесеме денес имаме многу работа. И тоа секогаш од исто карго Ин пошта. А пак се наплаќа како до дома достава.
    Може било кој да ти ја подигне нарачката.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FlowerMarija

    FlowerMarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2024
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    264
    Пол:
    Женски
    Ми треба бел миди фустан за моминска забава до 3000 денари.По можност онлајн да се нарача.Предлози ?
     
  14. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    546
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од ananas.mk?
     
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.885
    Допаѓања:
    2.210
    јас нон стоп го користам, не знам дали си запозната ама ананас не е продавница туку работи како трговец кој соработува со продавници во склоп како посредник.. ми се случило многу пати сум фатила попуст на бела техника и апарати кои сум ги земала поефтино преку ананас отколку преку директниот продавач на нивната страна.. зависи ама доста брзо ми стигале производите, некои дури за 2-3 дена
    само да знаеш порачката ако ти е од повеќе продавници нема да ти ги достават сите заедно
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.