Онлајн шопинг

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lady-gaga, 13 јуни 2010.

  1. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    19.297
    Пол:
    Женски
    Пишува на самата страна доле кога порачуваш кога ќе ти стигне, обично два дена, ама ако на пример нема тука и од косово мислам дека и во косово имаат доаѓа може 3/4дена.Повеќе не
     
    На LibreGirl и Panda00 им се допаѓа ова.
  2. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Сакав нешто да порачам од ресервед онлине и цело време ми дава еррор , немам токен инсталирано или што и да е. Можно е да е до тоа нешто, до сега ми прифаќало т.е. пред 2 г што сум порачала?
    Брзо ли средуваат ова м токен во банка? Што све не ќе измислат веќе, баш се зачудев
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.478
    Јас се изненадив колку луѓе се незадоволни од ресервед. Братучетка ми стално порачува и и стигаат многу брзо за една недела мах
    Инаку ,да по ново се плаќа онлине и мислам подобро е ,вака ќе извадиш пари и додека да стигне ќе ги потрошиш а вака ќе платиш онлине и не се замараш.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elena1i

    Elena1i Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    4.302
    Пол:
    Женски
    Јас се двоумев дали да нарачам зошто слушав многу негативни коментари за Reserved. Ти благодарам, точно вака е полесно. Нарачав, пишува дека ќе стигне до 5ти јуни.
    Ако си на комерцијална банка, до токенот е. Јас бев на банка го средија токенот, па потоа нарачав. Брза постапка околу 5 минути се задржав.
     
    На LibreGirl и franca им се допаѓа ова.
  5. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.478
    Братучетка ми порачува стално ,вика дека работите убаво спакувани и стигнуваат често се случувало во продавница производ да е испрљан или нешто да му фали ова онлине од магацин ги праќале . Пред два дена порачала пак нешто и пишува краен рок 8ми Јуни.
     
    На LibreGirl и Elena1i им се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    2.232
    преку жирава отприлика 5-15 дена.. ако има означено со желка на сликата на производот значи дека ќе треба подоста да чекаш, ама не повеќе од 15тина дена
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    10.609
    Пол:
    Машки
    Кое карго врши достава за нарачки од Али Експрес со DHL или се подигаат од канцеларијата на DHL?
     
  8. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Мизерија ресервед
    Видов производ во продавница ми се свиѓаше ок ,оштетен беше ми рекоа порачај онлине од Полска праќаме хахахахахаха
    Еве ви доказ како праќаат од Полска и Романија
    IMG_20260530_122908.jpg
    Друго , се јавив и ги прашав дали може да ги контактираат од Полска ресервед или кај и да праќаат онлине,бидејќи ми се свиѓа производот сакам да го купам , ние немаме контакт со нив не знаеме , е добро јас да знам ??? Како бе вработени немаат контакт со онлине?? Ние што купуваме треба да имаме ?Уште добив совет , вратете го па порачај те го пак , си мислам важи ако ми ја платите вие доставата , крајно непрофесионално и несериозно. Мислам...штета ми се свиѓа парчево ама за таа цена оштетено не фала!
    Несериозно скроз! Јас сега треба онлине пак да го порачам бидејќи стои дека го има и да го вратам и пак на ризик дека истото ќе ми го пратат , немам коментар, да не го коментирам тоа што дадов 200+ден за достава и ќе се малтретирам во понеделник да го враќам значи ова последно ќе ми биде од кај нив
     
    На Amellie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    20.206
    Пол:
    Женски
    @Tih-ana мислев дека не ја праќаат истата роба од нашиве продавници тука.

    Баш мизерија што ти го подметнале оштетеното парче.

    Колку чекаше за достава?

    Секогаш од нивните брендови се чека подолго, често и ептен долго како којзнае од кај да патува.
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Како може они како вработени да не може да контактираат онлине да ми го пратат од таму , онлине пишува дека е на залиха и бројот и производот ,сега јас пак треба да давам пари и за достава и прозивод и пак на ризик дали истото ќе се прати бидејќи јас како потрошувач стварно не знам како да им нацртам дека не сакам за 2500 да добијам парче кое изгледа како втора рака, плус бојата е светла значи се познава и да не се познава сите сакаме ново убаво ,нели ? Се мислам дали пак да порачам онлине и да го вратам прозиводов другата недела како што гледам пишува 15-30дена за поврат дека има иако мислам 15 е за пари да вратат па до тогаш ќе ми испратат овие онлине или не знам што е паметно многу глупаво ,премногу . Чекав една недела. А ми пишува рок на порачката 10 јуни
     
  11. Irenaiki

    Irenaiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    460
    Пол:
    Женски
    Немаат или не сакаат да се замараат, лажат извини вака оди врати го производот , враќаат за 3-5 дена мислам и после некој ден оди пак у продавница ако го вратиле на рафт значи стварно се несериозни.
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    20.206
    Пол:
    Женски
    У загуба си поради трошоците за карго кои богами ич не им се ниски.
    Највисока цена имаат, идат и над 300 денари :drunk:
    Но, тоа е, нема шо друго освен да вратиш.

    Порачај пак, а ова враќај го штом видиш дека е испратена нарачката.
    Се надевам ќе имаш среќа овојпат.

    Ако си од Ск поарно земи си ја сама пратката за да не плаќаш карго.
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    На 10мин ми е ист гејт и тоа ме изнервира, што истата ми ја пратија, а убаво прашав во продавница ми рече девојчето онлине порачај ја овде само уште таа е ја нема ни во citymall . Плус убедливо ние од тука никогаш не праќаме туку од Полска , Романија. и затоа поверував. Во право си , можеби ќе е најпаметно пак да порачам гледам пишува нема во стационираната продавница па сега ќе пратат од Полска , дали знаеш колку е денот за рефундација? И онлине за колку време ќе добијам доказ дека ми ја испратиле ,ваљда одма праќаат на емаил или ?се надевам нема пак оваа да ми ја тутнат се мислам неделава што иде до петок да одам за рефундирање
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    20.206
    Пол:
    Женски
    На мејл ќе добиеш потврда за праќање на нарачката.
    Брзо праќаат обично.

    Ти можеш за околу недела дена или нешто над, да ја вратиш во продавница.

    Онлајн плати така? Излеа сеа само онлајн може.
    Е тоа нз да ти кажам, неам враќано, шо читав не биле баш брзи.

    А рок па обично 15 или 30 дена, мислам 30 дека, но што побрзо иди врати ја, да не биде над 2 недели.

    Чим ти е блиску молот, подигни ја сама, избери да стаса у Гејт.
    Ќе те известат коа да идеш да си ја земеш, им кажуваш број на нарачка и телефонски број, мислам последните 3 цифри, и ти ја даваат.
     
    Последна измена: 30 мај 2026
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    6.378
    Пол:
    Женски
    15дена е законски за да ти вратат средства, а 30дена само ако замениш со нешто друго.
     
    На LibreGirl и Tih-ana им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    13.319
    @Tih-ana Кај многу ланци на брендови, онлајн продавниците не се поврзани со физичките продавници. Не функционираат така.

    Односно, иако се под истиот бренд, вообичаено тоа се два одделни сектори и не се поврзани едни со други.

    Затоа вработените од физичката продавница нема како да ги контактираат вработените од онлајн продавницата во Полска и да им речат да направат проверка за артикли и сл.

    Тоа "врати и пак порачај" им е прилично стандардна пракса на сите.

    Нормално, тоа што нема гаранција дека нема пак да пратат оштетен производ е секако баш трошење нерви :*:
     
    На LibreGirl и Tih-ana им се допаѓа ова.
  17. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Ја порачав повторно со опција да ја земам од продавница , јас првиот пат не приметив , како што кажа членката 280ден сум платила достава а доколку сакаш да платиш на рака околу 370ден се плаќа , ова е скоро цела дневница уште на некој да му направат вака како на мене , мачкање очи во продавница ме убедуваат дека нема таа да ми ја пратат а истата ми ја праќаат па за 270ден ќе платев ЈСП 10 пати да се возам . Секако ова ќе ми биде последно онлине нарачување. Фала уште еднаш на сите.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Јас од Спрингфилд порачав нешто ,ама емаилот скроз сум го згрешила ,ако не ми одговара прозиводот ќе ми влијае нешто емаил ?
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Прв пат нарачувам онлајн од наша парфимерија, пишуваше испорака во рок од еден до три работни дена.

    Еве веќе четврти ден, уште ништо нема. Им пишав мејл, не враќаат. Ни на телефон не можам да ги добијам.
    Значи станува збор за нарачка од еден до друг крај на Скопје, не е дека треба преку мориња и океани да преплива за да стигне кај мене. Јас не знам што прават толку, пешки да идеше ќе стигнеше до сега.
    Барем да знам до кај ми е нарачката.

    Ептен дека само онлајн имаше попуст, иначе ќе си купев од продавница да знаев дека ќе биде вака.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mystery02

    Mystery02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2022
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој има искуство со порачки од официјалната страна на Parfois? Сакам да порачам еден ранец кај нас го нема...