Како мислиш од официјалната? Јас имам порачувано и ми стигнувало ок и овие да не испраќаат од странство ? Кога сум на темава , ресервед ми пиша дека производот што им го вратив , ќе ми ги вратиле средствата до крај на месец Јуни имале некој технички проблем цел месец за рефундација на средства. Требаше лом да ги сторам ,како прво кога праќаат оштетен производ треба они да ми платат карго да ми го земе од пред врата а не јас да идам да го враќам ,па уште наместо 14 дена за враќање средства ми продолжија на 30! Каква мизерија и баксуз од продавница , што е најлошото ми пренасочиле наместо производот кој го порачав пак до надеж дека ќе е ок не можело во ист гејт да се донесе , туку ми пишува цити мал а сум на 10мин од ист гејт , што значи штом стигне ќе морам да идам до цити мал на платена достава од 300ден јас го изнашетав цело Ск !!! Ресервед ВЕЌЕ НИКОГАШ . ЕТЕ ТОЛКУ!
Pull&Bear како да вратам нарачка нарачана без регистрација, како гостин? Има опција ама ми дава погрешна е маил адреса и тел број а тие ги користам немам други
Дали има некој враќано производ во спорт м аутлет? И дали имаат правено проблем за пакувањето бидејќи во маил така ми беше нагласено оригиналното пакување да биде заштитено без налепници и без селојтеп
Ваљда Спорт М и Спорт М аутлет исто му доаѓа - вратив во кеса поцврста, која ја ставив во малечка црна вреќа исполепив со селотејп и адреса пишав. Немаше никаков проблем. Само враќај со каргото што ти доставило оти џабе ќе враќаш со други не се јавувале/земале нешто такво ми објаснуваа. Баш таа од каргото ми рече не е проблем јас да ја пуштам и да ти ги земам парите и назад да ти ја вратам после, кога мора со тоа карго што соработуваат да ја испратиш.
Дали има некој враќано во Beosport? Нарачав штикли, па дали можам да ги вратам во продавница или морам со карго и формулари?
Што да правам со ненормалниве ресервед, на почеток на месец вратен производ , рефундација уште ништо пишувам онлине наводно имале технички проблем , потоа го крајот на неделата . Неделата помина , јас парите уште не ми го вратија сега од понеделник пак ќе им пишам , не ми е ок ова .
Да се само цитирам , ми пишале повторно да чекам уште една недела , веќе месец и нешто од ресервед ми пишуваат до крајот на неделата и ништо . Никој ли од форумот нема искуство со ресервед рефундација?
Имам. Ми вратија сретства за некои 6-7работни дена. Види за кој временски период треба да ти ги вратат сретствата, доколку го пречекорат пиши маил на пазарна, им функционира. Прати кога е направена нарачката, кога си вратила и се што имаш.
Кога си вратила производите, нели ти стигна маил дека Х производи се вратени и за толку и толку денови ќе бидат рефундирани сретствата? Епа од таа дата ќе гледаш.
Од бутик Лети имам порачувано многу пати. Секогаш беше се во ред ама последниот пат ме разочараа на крај едвај ми го заменија, преку друг број, па ми велат јас да сум платела карго и наваму и натаму 10 евра а нивна беше грешката. Толку ме налутија им изнакажав се, и кога ми стигна пратката не требаше ништо да платам. Не знам дали некогаш пак би порачала од нив. Имаат убава облека, многу избор ама ова последното ме одвраќа.
Каде да се обратам , ресервед не сакаат да ми вратат пари , пазарна им пишав емаил , ништо веќе трети ден ?