@emkaemka и @Anika55 да ве прашам вас најупатени сте и може и искуство имате Дали артикл купен во Резрвд пример сити мол може да се врати во ист гејт?
Не знам, не сум враќала, но замена сум правела за друг број и не направиле никаков проблем. Колку што знам политиката на сите овие ланци им е да може да се враќа/менува во било која нивна продавница, така да не верувам да прават проблем.
Здраво,дали некој во скоро време порачувал од Мохито онлајн? За колку време стигаат пратките од прилика
Имам катастрофално искуство со Мохито. Долго се чека нарачката, а последниот пат доставувачот не ми се ни јави. Не ја добив пратката. Им се јавив и многу се мутави, ми вика ме барал не ме нашол, не сакав да се замарам и објаснувам, ги избришав и не ги препорачувам.
Јас нарачав на 07.07 платив,за да ми ја достават кај нив во продавница. На 16.07 добив меил од нив дека повраток ми е одобрен. А јас ниту сум откажала, ниту повраток не сум барала. Звонев на телефонот не се добива. Не знам што се случи. Некој од вас со вакво искуство ?
Повеќе од пет не би требало, обично ми стигаат од два до четри дена зависи ако има попусти поспоро стига а кога нема знае и за два дена да стигне.