Дали некој враќал или менувал производ во Sport Reality? Дали може онлајн нарачан да се смени во продавница или мора преку карго?
Дали некој нарачувал од Shein за Мк? Кога ставив производи во корпа ми ја дава државата, потполнив адреса се и ми пишува free shipping, па да прашам да не е нешто сменето, имаме ваљда достава за Мк доколку ми ја дава државата ?
И јас прашував ама никој не нарачал изгледа па затоа јас ризикував вчера и направив нарачка. Е сега ќе видиме дали ќе стигне
Shein официјално не е влезен во Македонија, а како доставуваат не знам бидејќи на сајтот има шипинг за мкд. Елс најавија као наводно тие ќе доставувале за нив ама од таа најава ни трага ни глас.
Shein ако влези во Македонија, со Тему заедно па и Али ќе напраат покос на пазаров. Ама државава е никаква шо одма ќе воведи царини, ддв, давачки и глупости за да ги заштитела "домашните бутици" кои продаваат по луди цени и затоа никој не им купува
Преку што порачуваше, преку апликација? Што тему што ова исти пазар се. Јас не сум зависник од тему од ова па ич нема. Нарачка некоја ситнурија правам кога мм си порачува некој ситен алат. Некни сакав купачи да пробам на крај се откажав викам на мм батали, после ми кажува јас ти нарачав едни . Баш ме занима што ќе стигне . Мене ми е жива глупост. Има некој зависници од Тему. Другарка нон стоп нешто порачува, се облекува од глава до пети од таму буквално секој месец. Мене ме мрзи да вртам на апликацијата, нема крај, вртиш и се нешто излегува Куп непотребни работи.
Ted Baker функционира ли со нарачки кај нас? Имаат страна ама некако чудна е, ко напишано со лош гугл превод.
Сигурно преку пошта ќе стигне, чим пишува дека има достава за Мк, значи има. Во спротивно не би ни можеле да направиме нарачка..
Има ама мене ме зафркнаа и ми пратија по ДХЛ (ова не знам дали е секогаш вака, не одбрав поинаков шипинг), па тие бараат уште цело богатство за да ти ја достават пратката, на крај ја одбив нарачката. За производ од 600 денари скоро 1700 на ДХЛ да му платиш.
Мислам дека имав на германскиот Амазон (веб страната). Ми дозволи да внесам македонска адреса. Но според мене не вреди освен ако е нешто што премногу ти треба и можиш комотно да одвоиш плус трошоци.