Не сум корисник на таа картичка ама нешто не ми е јасно..зошто да ги префрлаш парите од (visa) интернет картичката на друга (мастер) картичка? Visa-та ти служи за плаќање преку интернет...
Јас сакам да прашам за таа интернет картицата од Стопанска Банка. Како оди вадењето на истата, колку пари отприлика фаќа тоа, за колку време би ми била готова? Дали кога ќе ставам пари на картицата, ќе треба нешто дополнително да се доплаќа, или само ставам онолку пари колку што ми требаат за тоа што сакам да го купувам? И, ветувам, ова е последно Дали може да се влезе во минус? Не знам како инаку да го поставам прашањево Дали може да се потрошат повеќе пари отколку што имам на картичката, па после истите да се враќаат? Поентава ми е, дали е доволно безбедно, имам страв да не ме украдат, не сум купувала досега од интернет.
Не се плаќа за вадење, а мислам и дека е без провизија. Пополнуваш барање и веднаш ти ја издаваат онаа пластифицираната, која се активира за најмногу 24 часа. Пари трошиш онолку колку ставиш, и плус 100-200 ден. повеќе доколку се смени курсот на валутата што плаќаш. Во минус се влегува само преку кредитната картица, и на дебитната (онолку колку ти е дозволено од банката, една, две плати) може да влезеш во минус, а на интернет картичката не и не може да ти украдат зошто со неа плаќаш, а не чуваш вишок пари.
Јас би сакала да прашам во врска со поштата. Дали кога треба да се подигнат производите се плаќа нешто бидејќи планирам да нарачам нешто од облека а не само накит и колку би изнесувала поштарината.
^ Доколку нагласиш дека е подарок (или слично) веројатно е дека нема да те царинат. Парфеми (а мислам и дека и апарати) царинат. На крај, можеш да порачаш и доколку ти кажат дека производот ти е царинет, можеш и да не го подигнеш. Мислам дека и до одредена сума не се царинеше, но не се сеќавам како одеше тоа. На крај има многу посредници кои би ти средиле без мака. Ете пред некој ден некаде видов дека ставиле линк за една таква што ми изгледа посигурна. https://www.facebook.com/BidiFensiDevojka
Мислам дека до 45 евра не се царини. Ако имаш бесплатен шипинг не се плаќа ништо, а ако на страната (или кај продавачот) од каде што купуваш има определена цена на испораката тогаш во моментот онлајн плаќаш и за испораката. ________________ Странава на линкот погоре ми изгледа премногу "тазе" за да биде доверлива, отворена е пред неполни 10 дена. Инаку има доста такви страни во улога на посредници што одамна се занимаваат со тоа, иако јас не би ги користела нивните услуги. Спојлер Посредниците немаат одговорност за квалитетот и исправноста на производите, ниту за евентуални царински давачки и други проверки, ниту за времето на испорака... Тие имаат бенефит со тоа што го зголемуваат сопствениот рејтинг како купувачи (пр. на ebay) + ќаруваат од високите провизии за нарачките. Индиректните купувачи не добиваат ништо плус, бидејќи нарачката ќе ја добијат исто како и кога би ја нарачале сами. Во случај на доцнење или непристигнување посредникот реагира кај продавачот или продавницата, но тоа можете да го сторите исто така сами. Посредниците само ги добиваат вашите пари, ја плаќаат вашата нарачката преку нивна сметка, остатокот им е заработка и тоа е тоа. Вие единствено сте ослободени од поседување на картичка со која може да се плати онлајн или ако имате таква, а сепак не се снаоѓате добро со нејзиното користење и стравот дека можеби ќе ви бидат украдени пари од сметка (иако ништо не е 100% сигурно, ризикот е доста мал кога се користат сигурни страни, односно високо рангирани продавачи-а такви користат и самите посредници).
^ Ако е тазе не значи дека не носи одговорност и не е сигурна исто како што не значи и дека ако постоењето на страната е неколку години дека со тоа е загарантирана сигурноста. Не дека „доверливоста“ од страна на тукашните продавачи била на задоволително ниво, но не значи дека секој е таков. Не сакам предрасуди и затоа не се сложувам кога веднаш ќе се „пресуди“ за било што. Посредникот помага. Доколку еден посредник не би ги вршел работите кои ги наброја во твојот пост, немаше да се викаат посредници туку ќе се викаа продавачи. Настрана тоа дека (како што забележав) сите оние производи кои ги има на али ги има и во сите останати продавници (и физички и online) но со неколкупати повисоки цени. На оваа како што набрзина разгледав, не забележав дека така туку цените се речиси исти како и на али, па тогаш што прави да мислиме дека поскапите се посигурни, а оние кои се со реални цени изгледаат како несигурни? Инаку, сигурно дека нема да се нафатат да работат нешто за без пари. Разбирам дека Македонија е во прашање, ама не мора толку сурово и како циции да гледаме на тие работи. Иако не ја гледам таа заработка, освен ако не мислите за оние 10-50 ден. што се смешни бидејќи ако подразмислите дури и посредничките агенти на avon, orilame и слични работат за поголем процент од тоа. Ова е распространето низ останатите земји само што за тоа се грижат банки и посебни фирми кои за тоа наплаќаат троструко и не се интересираат за било што останато, па дури и односот им е со доза на потценување.
А од каде си толку сигурна баш во таа страна меѓу толку многу други што постојат? Јас не набројав претпоставки во врска со работата на посредниците, туку тоа е така. Тие работи самите ги нагласуваат т.е. се оградуваат од секаква одговорност, и се сведува на тоа дека тие посредуваат само да го платат производот, да дадат ваши податоци за испорака и да контактираат наместо вас со продавачот/продавницата ако е потребно. Не ја коментирав разликата во цените, туку улогата на посредниците кои по барање на клиентите може да нарачаат било што преку интернет (што има достава во мк). Друга ствар е што има страни кои ги нудат производите од али,еbay и сл. на нив, по два-три или повеќе пати (безобразно) повисоки цени. Провизиите на повеќето (оние кои сум имала можност да ги разгледам) посреднички страни според мене се превисоки и не би рекла дека се мали проценти. На пример имам претходно прашано колку би чинел производ од 10тина долари (+-500 ден.) и беше пресметано дека би коштало околу 750 денари. Значи отприлика 150 денари доплата за услуга, односно +30% од сумата на производот. Потоа кај друг продавач прашав за порачка на ситница која чинеше помалку од 4 долари (+-160 денари) и ми вратија дека преку нив ќе ме чини 280 денари (тоа значи дека дури + 70% од сумата на производот треба платам за посредништвото). Епа што е многу - многу е! Покрај своја можност за нарачки преку интернет и добро снаоѓање со истите, едноставно немам причина да користам посреднички страни. Ова е мое мислење според моите можности, а напишав и погоре дека кој мисли дека не се снаоѓа добро или нема картичка, ете има опција да се обрати кај посредник.
sunfemina таа страна ја ставив бидејќи не забележав некои високи суми како што тоа е случај на речиси сите останати кои ја вршат таа дејност. Секој мора да почне од некаде. Секој мора да има свој почеток, па така страната е формирана пред (како што пиша и ти) 10-тина дена што не ја прави несигурна. Јас се спротивставив на предрасудите. За она што го наброја, нормално, посредници се и си наплатуваат за тоа. Никој не е отиден со паметот за да прави услуги, а да не наплатува за нив. Тоа што некои се безобразни и немаат осет, не значи дека сите се такви.
Посредникот работи во туѓо име и за своја сметка и посредува во купо-продажни односи помеѓу двете страни со што гарантира за двете страни дека работата ќе биде извршена онака како што треба, заради тоа добива и надомест тн провизија. Кај нашиве како што видов земаат ОГРОМНИ провизии. 400 денари за ствар од 3 долари... или процентуално од вредност која оди и над 60 посто... што е дрско безобразно,но добро...проблемот е друг. Значи луѓево кои посредуваат СНОСАТ одговорност за последиците кои настанале зошто тие се тие кои ги доведуваат во однос двете страни! Ако тоа е со договор на хартија, тогаш тука делува и закон! И нема што овие тука многу,многу да се занесуваат со оградувања! Тука е проблемот што овие господа се ОГРАДУВААТ од секаква одговорност! Што во секои купо-продажни односи некои работи освен со договор писмен (а тука го нема) се едноставно под морал и дух на добро деловно работење! Тоа значи дека овие луѓе ни имаат морал, ни па знаат да работат! Не може да наплаќа само за користење на пејпелот...мислам абсурд! Така што ако нешто не стигне, настане било каков проблем или фалинка, тие мораат и требаат да ја истераат работата до крај, ти му плаќаш нему за да ти не се замараш, тоа е нивната работа... а не самите да се расправате по мејлови. Посредувањето е тука заради намалување на можните ризици, има друга одговорна личност за вас. Па тука и да им ги опростиш оние високи провизии... Не знам како се нафатувате преку некои вакви. Подобро отворете си картичка само за тоа и внимателно бирајте од кого купувате,на крајот,нема шанси да се случи да не ви бидат вратени пари или производ според условите кои се наведени. А гледам и нагласени цените во евра. Забрането е истакнување на цени во евра или пак продавање на производи во евра! Можам да заклучам дека луѓево поим немаат како да работат и од тоа што работат гледаат само да опељушат.
^ пропуст,сум ротирала, во свое име и за туѓа сметка (купува во свое име,а за некој друг и средствата на некој друг и автоматски, ги става купувачите во позиција да не можат да си бараат лично пари,па дури и да им бидат вратени,продавачите неретко одбивале да им ги вратат парите ...). Нека ме редактираат модераторите. И да дополнам, во случајов,посредува за купувачот,што значи одговара во целост за сите последици кои може да ги сноси купувачот. Како се изнервирав вечерва... Еве другарка ми ја зезнал еден таков,нема производи,нема пари иако продавачите ги вратиле парите...на здравје! И кај да се буни сега?! Во непостоечка агенција за заштита на потрошувачите? Ах и да се дополнам,потоа се нанижале еден куп луѓе на кои истото им го направил... Епа... не знам што да кажам.
Точно така Lilit, но додека има овци, ... Кај нас онлајн купувањето е уште нова работа, па си го полнат џебот таквите за сметка на слабата информираност на луѓето.
Секако и ова спаѓа под online купување, но сепак, нема потреба да се учиме економија. Lilit убаво си напиша дека сносат одговорност за посредувањето и последиците при грешки во договор и гарантираат дека ќе ги исполнат договорните членови. Но не сносат одговорност за настанатата штета при транспорт или слично, односно оној дел кој зависи од продавачот бидејќи посредникот тоа и го прави - поврзува но не сноси одговорност за наведеното. Настрана тоа што Законот одредува пат по кој ќе оди договорот, но сепак во функција е договорот и начинот на кој што ќе се состави. Забрането е да се ставаат во надворешни, се додека не ја пишува домашната валута. Го напишав и претходно делот дека во други земји си постојат посредници и ним им се наплаќа по проценти и ред други начини и дека е нормално да се има посредник бидејќи секој нема време да се занимава со тие работи, а сепак не сака да ги зема работите неколкукратно поскапи од продавниците кои одве се нарекуваат „брендови“. Тоа што кај нас има такви кои без проблем можат да лажат и крадат, тоа си е друго и нема врска со посредништвото како такво.
Пред една недела нарачав два производи од eBay. Кај првиот производ после еден ден од плаќањето, се појави Tracking number преку кој можам да го следам испорачувањето - каде моментално се наоѓа. Кај вториот нема таков број, а парите се префрлени. Има некој вакво искуство ? Што значи ако не се појави тој број?
Посредниците преку фб, незнам како можете да ги наречете посредници, кога се само прв нашол, па седнал на магарето и се збогатија(не во прва смисла на зборот) Прав escrow е алиекспрес, зашто е фирма некоја во Лондон која посредува меѓу нас-купувачите и продавачиве-Кинезиве. Овие нашиве страни се само едни итри девојки и момци кои ја користата макдонската заостанатост и страв од онлајн шопинг, зашто сме научени да видиме пред да купиме. Можда заостанатост е малку прегруб збор, ама знам девојки кои радо би фрлиле 300 денари поише на станиве на фб, него сами да активираат некоја мозона ќелија и да нараат сами, прекомплицирано им било, ма некој бе... Со сета почит ама нависитна сте глупи ако сеуште нарачувате од тие страни, посебно со тоа што сите ви искажаве искуство со алиекспес и истите работи ги има како на фб страните, со 10 пати пониски цени. Како може нешто што го земав за 45 денари, на една страна да го продаваат за 500 и повеќе не мие јасно,но убаво рече санфемина, офци, офци, и ништо поише. Јас разбирам, дека поскапо ќе продаваат, ама до толку? Ќарот неможам ни да претпоставам колку им е. А нарачиваат од 3-4 картици на толку имиња, ни царина ни ништо.
Девојки како нарачувате од ибеј? јас сакав да си нарачам ама ми рекоа дека во Македонија неможело да се купува дека незнам што таму..
Епа не најдов конкретен одговор и затоа пишав ако некоја сака и има време да ми пише како нарачува. А не ја ни разлистав цела тема..60 страници се..почнав и после 20тина страници неможев веќе да читам..така да ако некоја знае нека пише.