Добро, на спорт М нема минимална сума за нарачка за бесплатна достава? Од кога е фиксно 180 денари за достава?
ја симнав апликацијата но не направив профил. Дали е исто како тему? Само преку картичка се плаќа нели? И која сума најмалку треба да ја направиш за да можеш да порачаш?
Некој искуство со овој бутик? Уште поубаво ако некој има нарачано од плетените сетови, да сподели искуство.
Има некој порачувано чизми од мохито? Едни ми се влезени во глава а не знам дали се квалитетни и дали вреди да ги купам?
Девојки некоја од МОККА да не има купено нешто? Има работи што ми се допаѓаат ама не знам какви се дали да нарачам? Ново е тоа? Ми излезе на инстаграм
Имате ли нарачано онлајн од reserved и за колку време ви стигнала нарачката? Ме интересира поточно за тие што не сте од Скопје.
Дали некој има нарачано од ова D.Franklin што излегува на инстаграм цело време (гледам и на ананас има дел од моделите)? Цени во денари дава ама дали имаат достава тука или продавница? И дали се како на сликите?
Од нивната страна ако нарачуваш праќаат по пошта во Македонија на адреса, но бидејќи е по мк пошта рачунај ќе платиш ддв и царина кои зависат од сумата на пратката. Имаш информации на пошта.мк околу ова, пример јас за нарачка од 4000ден. платив околу 1000ден вкупно(само ддв, без царина). Пратката ја чекав доста долго исто така, беше заглавена на царина.
Ох значи попаметно ми е од моделите на ананас што ги имаат да купам штом така… А убави се како на сликите? Фала ти за инфо
Зависи до тебе дали ти се чека и дава плус пари од веб страната и кој модел го сакаш, на ананас мислам ги немаа сите. Исти им се како на сликите, ми се свиѓаат мене. Нема проблем
Здраво, ме интересира дали кога купувате нешто онлајн од нормална продавница со културен вебшоп (не од некоја сумљива што продава само на фб/инстаграм) плаќате со картичка или само во кеш при достава?
Ако мислиш пример како Спорт М, Д Спорт, Лаш и останати - да, секогаш плаќам онлајн. Не ми се брка со курири имал немал ситно, вака чиста работа ми е. Плус во 90% пратка ми оставаат по комшии вака ми е најлесно и немало никогаш проблем. Сега на една пратка што немаше опција за плаќање, платив +60ден. зошто на курирот сум плаќала.