Здраво женски, видов дека е онлајн шопинг па во тој контекст сакам да ви се обратам. Ќе бидам кратка https://www.facebook.com/media/set/?set ... 559&type=3 Oва се фустани кои дизајнерите со задоволство ги изработија за да му помогнат на Филип Михајловски, момче кое минатото лето го скрши седмиот вратен пршлен при скок во вода при што остана парализиран од градите надоле. Доколку ви се допаѓаат слободно обратете се во инбоксот на групата или пак тука. Исто така можете да ги најдете и во REtore во Дебар маало. Средствата се наменети за продолжување на рехабилитацијата на Филип во Словенија. Поздрав и се најубаво
Работите што ги нарачувам јас обично немаат tracking number, тој го даваат ако нарачаш нешто поголемо или пак ако имаш доплатено за shipping. Ретко ретко го даваат за ситни работи со free shipping. И се случило да не мрдне локацијата, а да ми стигне без проблем. Не се потпирај многу на тоа. Ќе ти стасаат и двата. Инаку еве мене баш денеска ми стигнаа две пакетчиња, ми беа нарачани околу 17 април, така да стигнаа побрзо отколку што очекував, (15-20 работни дена пишуваше на страната на продавачот). Мада ситните работи стигнуваат побрзо од предвиденото време за испорака. Особено па дека за Македонија се работи, се на се задоволна сум досега
Фала за одговорот, се уверив и сама дека стигаат работите без разлика дали има или не tracking number. Во мојот случај се работеше за два производи со приближно иста цена и за двата платив shipping, ама ете само кај едниот имаше број за следење. Сепак, ми беше прва самостојна eBay нарачка, па ми падна малку чудно и затоа прашав. Другите работи што ги чекам да стигнат се исто без tracking number. Сакам да прашам уште нешто, зошто едниот пакет ми стигна на домашна адреса, а другиот го подигнав од пошта - како препорачан пакет? Дали тие што испраќаат одлучуваат на кој начин ќе е доставен пакетот?
Прв пат ќе нарачувам чевли онлајн, па да ве прашам нешто за бројчињата. Носам број 37, а овде имаат само 6 и 7 што би одговарало на нашите 36 и 37,5. Немаат измеѓу на пример 6,5 што би одговарало на точно 37. Не знам кој број да го порачам. Има ли некој слично искуство?
Значи со таа картичката на Стопанска банка можиш да порачуваш од сите страници,така? И јас сакам да си направам Имам од Прокредит,ама таа е мастер кард,не верувам да ја примаат.
девојки дали може да се нарачува од овој сајт? http://www.sephora.com/ немам никакво ама баш никакво искуство со онлајн нарачки
Ме интересира, има ли некој искуство со онлајн нарачки на фб страната " Продажба на евтин накит" (ocвен накит, може да се нарача и гардероба и шминка) ??
Денес ке одам во банка да си извадам картичка за да порачувам преку нет (и-беј , амазон итн..), се надевам не е нешто комплицирано да се извади картичкава
Леле девојки , какви работи има на ибеј значи цел ден разгледувам и незнам што да изберам , џабе се цениве , има многу евтини работи и на повекето има free shipping во четврток здравје ке си ја земам картичката и на список за порачка ми е
на ибеј не ги прима нашите картички, за таму не се мачи да вадиш, разгледај на алиекспрес ги има истите работи за слични цени или на други страни што ги имаат постирано членките, прелистај низ страните
aaaaaa во ред тогаш да си ги порачаш најубавите работи приметив на али дека има многу продавачи што продаваат исти работи со различна цена, едно исто ланче кај еден беше 3.58$, а кај друг го најов за 1.30$, така да отварајте очи и прелистувајте повеке
Има некој со интернет картичка од Стопанска? Ме интересира како ставате пари на неа. Гледам тука има е-банкинг на нивната страна ама мене не ми дадоа никакво корисничко име ни лозинка за да се логирам. Како можам да знам колку пари имам на неа и како да ги вратам на трансакциската ако ми се вишок?