КОга нарачував од Амазон не бев во Мк. али кога ќе стигнеш до формуларот за пополнување и таму каде што е да обележиш од која држава си, види дали има Мацедониа или ФИРОМ (некаде и така пишува, не се сеќавам)
Немам нарачувано ама планирам..прочитав погоре дека некои девојчиња нарачувале,можеш да ги прашаш прво ке се регистрираш па ке одиш во нарачка ,а претходно ке го нјадеш производот и таму има ке видиш,линкот да го вметнеш.цената,количината и сл. и мораш да имаш дебитна или кредитна картичка..распрашај се убаво пред да нарачаш,немој да брзаш
Нена2010, плаќањето до интернет продавниците беше со твоја картичка или целата сума (вредност на стоката + провизија на shoppingusa.mk) ги плати на shoppingusa.mk па тие плаќаа наместо тебе? Ме интересира бидејки некои страни ја немаат уклучено Македонија како опција, автоматски неможе да се плати со наша картица. Дали плати царина?
Све плакјав од картица, зашто ти им плаќаш нив. Па после они плакјаат до продавницата од каде сто имас нарачано. Прво правиш нарачка, па они те известуваат дали тоа што имаш нарачано го има во продавница, и после ако сакаш да го нарачаш вршиш уплата. Кога ќе стигне кај нив во магацин, ти пракјаат уште една фактура за транспортни тросоци ( од продавницата до кај нив бредноста зависи од продавницата, и плус ти ставаат тросоци за постарина согалсно тоа со каква поста сакаш да ти ја пратат). те известуваат дека стоката е пратена по електронска пошта. Мене наместо 14 ми дојде за 10 дена. Си идеш во пошта си ја подигаш и мирна работа.
Јас често си купувам од интернет. И сум задоволна. Користам картица која ми е специјално за тоа и е дебитна картичка. На таа сметка ставам мала количина на пари или онолку колку што ми треба за да си купам нешто. До сега нема купувано облека или такви работи ама имам купувано вуница , игли за плетење и слични работи. Има користено Амазон и доста сум задоволна од нив. Книги купувам од http://aphrohead.com/ . Оваа страна многу ми се допага. Тие имаат бесплатна достава и плус бидејки фирмата се наоѓа во Англија го симнуваат данокот, така што книгата доаѓа уште поевтина. Инаку мој совет кога купувате е прво да почнете со нешто поевтино за да видите дали навистина ке ви дојде предметот што сте го купиле. Или купувајте од страни каде што некој претходно имал добро искуство. Секогаш е тука и прашањето колку е поштарина и слични работи. Тоа обавезно прегледајте дали таа страна нуди достава во Македонија, дали може да се купи со картичка(не е потребно Пеј Пал), и проверете колку чини доставата за Македонија. Некои страни нудат доста добти цени ама пак јас се разочарувам кога ке видма колку е скапа поштарината која треба да се плати. Од искуство знам дека обично оние фирми кои се наоѓаат во Европа (а особено во Англија) имаат поевтина поштарина одколку сите останати. Сите овие работи ги има на страната каде што купувате, така што ништо не е страшно при купување, туку добро прочитајте ја страната и сит еинфоримации коии тие ги имаат.
Затоа што сум лесно убедлива се зезам, пази само на конфекциските броеви да не направиш утка па потоа ќе треба да ги враќаш назад. Ќе видиш таму на страничката како се мерат нивните броеви. Среќно!
Прво ќе си направиш акаунт, ќе кл на My account и ќе потполниш тој формулар (ова важи веќином за сите онлајн шопинзи, така влегувате во нивна архива и на мејл ви испраќаат известувања за попусти, нови колекции и сл.). Кликаш на тоа што сакаш да го купиш и потоа на add bag и се така понатаму и на крај кога сакаш да завршиш до горен десен агол shopping bag кликаш тука и си ја гледаш нарачката и потоа Checkout. Ти даваат да потполниш уште формулари, со име презиме, адреса, начин на плаќање (Виза, МАстер, Дајнерс...)..... и најбитниот дел е дали кога пишуваш држава има опција Мадедонија или Фиром. АКо нема тогаш ништо од бизнисот а ако има ќе имаш успешна нарачка. (Колку што гледам овде нема МКД - да не те буни тоа МА тоа е Мароко и такааа ништо од бизнисот) И така на мејл ќе ти стигне повратна информација дека е нарачано и кога ќе ти стигне. Еден ден ќе дојде чичко поштар и ќе ти донесе покана да појдеш во пошта да си подигнеш пакет.
А што мислите за оваа страна http://shoppingusa.com.mk тие посредуваат за нарачки од странство,значи тие ја обавуваат целата процедура и нарачката пристигнува е сега дали е само лага или не...ако има некој искуство со нив нека сподели со нас.Инаку како е поефтино сам да си нарачуваш или преку посреднички страни како што е оваа кај нас???
Имам проблем, никогаш не сум купувала на интернет, ама неможам да најдам нешто тука во Македонија а многу ќе го израдува дечко ми ако му го купам, го најдов на e bay, ама бара пејпл, има ли некои страни на кои би можела да купувам со обична картичка? И да се работи за молив со магнет, за да му стои на пулт... еве го како изгледа на Е bay http://www.ebay.co.uk/itm/PenClip-Music ... 0738572500 Многу би ви била благодарна ако ми помогнете
Мислам дека сеуште неможе да се плаќа преку pay pal кај нас. Направив нарачки преку http://shoppingusa.com.mk, два пара чижмички за малата од endless.com и два градника за мене од VS. Ке ве изестам дали, кога и како ке ми стигне нарачката. Имаат две опции: индивидуално и асистирано купување. Индивидуално може да си пазарите самите, да платите со ваша картица и ја користите нивната адреса за испорака. При асистирано купување само им кажувате што сакате и тие ја прават нарачката за вас. Ова е добро во случаи кога сајтот од кој пазарите не прифаќа трансакции со мк кредитни картици. Во двата случаја на shoppingusa им плаќате само провизија. Не ми се допаѓа што како курс за доларот сметаат 48 денари додека реално е 45 денари за долар. We shall see.......
денес чув дека во Македонија ќе се отвореле 10 продавници за виртуелно пазарење!!! Хмм па колку што знам јас сите купуваме онлајн по нешто е сега ова било нешто ново!
А не знам колку имате видено профили на фб кои што продаваат облека,чевли...од ебау по многу високи цени....а штом ги порачуваат и работат со тоа значи постои некаков начин за нарачка Ме интересира дали некој има извадено интернет картичка од Стопанска банка дали можи преку неа да се нарачува или....?