Мене ми стигнаа 2 пратки денес од Ибеј , премногу сум задоволна Пратките стигнаа за 11 дена откако ги порачав
Не сум многу запознаена па ме интересира што гледам тука по ибај многу им е скап накитот , и како се порачува тоа каде стига, каде плаќам , колку земаат за пратката што ми ја праќаат( поштарина) ??
Не на е-бау, од која банка ти е картичката има линк и треба да си имаш твој пасворд и ќе си следиш уште коку пари имаш на картичката, така прави мм, пошто многу често порачува и става пари на картичка и не знае точно колку има и дали ќе му стигнат за да нарача тоа што го сака, кликнува на Трапеза Кипроу, таму ја извади тој картичката и следи моментално салдо/состојба
незнам дали прашањето ми е за тука ама незнаев каде да го ставам. По пошта ми стигна lyoness картичка ...незнам од каде моите податоци, ниту сум ја порачала, ниту пак знам за што се користи....има некој да ме просветли да знам за што се работи. Читав на нивниот сајт ама пак ништо не ми е јасно ...сега треба да се зачленам или затоа што веке имам картичка сум веке нивни член?.... навистина не ми е јано...
Сигурно некој ти ја порачал картичката, нема како на друг начин да ти стигне. Картичката оди на принцип cash back, да речеме одиш во некоја продавница и на каса кога плаќаш ја даваш картичката, ја куцаат и од сметката што си ја направила ти легнуваат 2% (не е секаде исто со процентиве, зависи каков договор склучил маркетот со lyoness). Ја имам картичкава може 2-3 месеци и само 3 пати сум ја искуцала затоа што не е толку пробиена сеуште на пазаров па нема толку места каде што можеш да ја искуцаш. Еве каде можеш да видиш каде имаат lyoness (прочепкај малку тука) http://www.lyoness.net/internal/mk/Publ ... on=filcard и секаде кадешто имаат lyoness на вратата го има нивното лого. Од како ќе ја добиеш картичката, имаш еден месец да ја активираш, односно да ја искуцаш некаде прв пат. Во глобала тоа е тоа, па се надевам ти помогнав нешто. А да, тој што ти ја извадил тебе ќе ќарува нешто и од тоа што ќе го пазариш ти, не знам само колкав процент му легнува на неговата сметка.
И онака немаше голем избор за жени на Зави... изгледа сосем го отстраниле. Оди ваму http://www.thehut.com/home.dept - ова е групацијата на веб страни каде што припаѓа и Зави, испорачуваат до Македонија, исто е се’ ко Зави. Не знам за изборот, не сум разгледувала, ама би требало да има добри нешта. Повеќе разгледував за козметика, тука веќе има избор.
на завви има женскa облека, ама тоа што останало нешто, инаку да и порано немаше нешто уау работи, ама имаше посебна категорија со женска облека. Еве ти футанчиња 2 што останеле реинловер http://www.zavvi.com/clothing/clothing- ... YWxzZSE%3D пробуричкај поубаво ќе најдеш нешто, а да ја смениле странава барем до пред некој ден имаше посебно машка/женска категорија...
Jaс можеби малку оф топик ќе бидам, ама сепак за онлајн шопинг е.Дали знаете страна за порачка на книги, и секако да има фри шипинг за Македонија?
http://www.newlook.com Се наоѓаат убави работи, цените се пристапни. Само немаат free shipping, цената за Македонија е 9 фунти Можеби би порачала, ако се работи за повеќе работи на попуст, па тие 600 ден. за испораката да ги прежалам. Не ми е јасно, пишува... We currently offer FREE WORLDWIDE delivery on orders over £55 Ако направам нарачка над 55 фунти, ми е бесплатна испораката Ама нели треба нарачката да ми биде до 45 фунти инаку ќе ми ја царинат? ЕДИТ Инаку некои од нивните работи ги има и на Асос.
Реинче до 45 евра, не до 45 фунти. Таква им е политиката на страната не нудат испорака бесплатна до 55 фунти. Ако порачаш над 55фути ќе ти ја царинат нарачата. Океј е страната ама не е за наш џеб, освен ако си спремна да си платиш 9фунти за испорака. Ама пази, цената на порачката да т биде до 45 евра сосе цената на испораката.
Мене денес ми стигна оваа футрола за таблет од Америка http://www.ebay.com/itm/400333469694?ss ... 1439.l2649 од хонг конг и кина мнооогу брзо стигнаа работите за 11 дена , а ова од америка за 20 дена
Мислам дека LivingGlam кажа дека не и' царинеле Адидас патики. Пред да се одлучам да порачам Пума патики од http://thehut.com уште еднаш да прашам, до 45 евра ако ми се патиките сигурно нема да ми ги царинат?
Нема да ти ги царинат... Имам Конверс и Рибок патики досега нарачано, не беше царинето, иако ги има во Мк. И да, штом ти се под 45 евра не се царинат, а и над тоа поминува без царина ако имаш среќа
http://www.jabong.com/ На сајтов има и облека и патики баш и Адидас , мене овде ми пишува дека за Грција е фри шипинг , кај тебе види баш за Мк што ке пишува