Е вака сега. Нели после една недела од кога ми ја дадоа трансакциската сметка ми ја дадоа и официјалната интернет Виза картичка од Стопанска банка .Имаше некои листови пишуваше нешто како побезбедно на интернет да купуваш и едно ЦД. За тоа ми беше прашањето што точно треба да правам со ЦД-то Морално ли е да се инсталира за да можам да почнам да нарачувам или ? Ништо не ми е јасно со овие банкарските работи
Листовите за безбедно купување не се неопходни туку се чисто заради претпазливост. ЦД-то треба да се инсталира, внатре има и упатство како, бидејќи со него онлајн ќе префрлаш пари од трансакционата сметка (дебитната картичка) на интернет картичката. Ако не успееш да се снајдеш така јави се кај нив во контакт центарот за инструкции или најбезболно, но со многу губење време, секој пат кога ќе сакаш да префрлиш пари оди во најблиската филијала и направи го тоа. Ако некогаш аплицирам за работа во некоја банка очекувам од сите вас на темава по една препорака.
Дали некој има порачувано од интернет со картичка master student,од нлб,од оние што се со очилата? Јас колку што знам со тие картички може да се порачува преку интернет,и преска баш на последниот чекор кога купував,го напишав бројот на картичката и ми вели дека е invalid.
Да не знае некој каде стигаат пратките испратени преку DHL? Преку FedEx пред некоја година ми стигна пратката во една туристичка агенција, па сега си мислам и преку DHL да не е така
Прашањето ми беше дали соработуваат со Македонска пошта, или пак некоја друга приватна фирма, но во ред, пронајдов на нивната страница каде би ми стигнала пратката. За дома тешко дека мене би ми стигнала со оглед на тоа што не стига во пошта, само на тие од Скопје можеби.
Знае ли некој да ми каже за колку време ќе ми ја дадат картичката за купување онлајн од стопанска банка откако ќе аплицирам и дали се аплицира само со лична карта или како? И дали може да не биде поврзана со тековна картичка туку да си уплаќам пари само преку уплатница ?? Ве молам некој поупатен што побрзо да ми одговори важно ми е ако не ве мрзи пишете ми лп.
има ли некој искуство со оваа страна сакам да порачувам неки ствари за свадба многу убави работи има ако има некој искуство сподеете ве молам http://www.lightinthebox.com/
Не сакам баш и да досадувам ама откако се регистрирав на страната и на е-маило ми стигна активационен линк се најавив и ми ја покажа состојбата ама наредниот пат ко пробував да се најавам ми бараше повторно некојси активациски код и сега неможам да се најавам и да си ја проверам состојбата после неколкуте направени порачки.
Дали некој нарачал нешто од http://www.hm.com/gb/?? Ако да, дали и колку се плаќа за да ми ја донесат нарачката?!?
А да ве прашам ко ќе уплаќаш пари во банка на visa internet картичката треба во денари да се уплати. Јас планирам да порачам од али експрес па како може да ги сменам во долари за да може да платам?
ти си уплаќаш во денари а потоа кога си порачуваш во долари сами се конвертираат парите...вчера порачував баш и ми ги имаше пресметано по 46.8 денари = 1 долар
Ќе сакате ли да ми помогнете? Сакам да нарачам една јакна од ebay ама немам акаунт и пејпал сметка. Ако има некој од тука ќе сака ли да ми помогне стварно веќе незнам кај да барам некој кој што има акаунт и пејпал сметка за да ми ја купи јакната за која секако ќе платам. Цената на јанката е 8.88 долари и се доплака уште 19.99 долари за shipping хелп ми плис
Женски дали некоја знае нешто за оваа https://www.justfor5pounds.com/products/NEW-IN има ли порачувано или само за во УСА е
Сакав да ја порачам Ремингтон Wet 2 Straight пеглата за коса, ама Амазон, Таргет, Валмарт, никои од овие не испорачуваат во земјава На Ebay ја има ама многу е скапа таму. Ако има некоја порачувано да ми даде страна кај што е ефтина околу 25-35 долари
Еве ти најдов нешто на Ибеј, http://www.ebay.com/itm/Remington-Wet-2 ... 3cd45cb379 Имаш и поштарина , пеглата е 21,45,а поштарината е 11.20 Се на се ќе платиш 32,65 Поевтино и нема на ибеј, дали си проверила на алиекспрес?