Mислев на луѓе кои имаат направено профили на фб( сега не знам дали можи да кажам кои се ) и има доста производи кои ги продаваат а ги нарачуваат од ебау страната ама ги продаваат по многу високи цени одколку што се.значи не се како тие страните grouper.mk туку тоа се обични луѓе кои изгледа ја сватиле фората како иде и си направиле бизнис
леле јас мака си мачам со ова eBay-ов. немам pay pal account и жива ќе се изедам. да не знае некој друг начин, некоја фора како може да се нарачува од eBay без Pay Pal ?? да не постои некоја друга картичка а да не сум информирана ? и кој е поупатен ако сака да ми објасни како се прави тој Pay Pal account зашто знам луѓе од тука што имаат , а на официјалната страна не дава да се зачлениваат од МК . е како сега ?
А дали можи да се извади pay pal картичка од друга земја,дали така пр. ќе може да се користи....значи само да се извади и кога ќе се логираш на страната да ја вметнеш твојата адреса за производите да пристигнуваат на наша адреса а не на адресата(односно земјата од каде што е извадена таа картичка) друго не ми текнува како може да се направи ако некој ја користи на овај начин картичката нека пише за да знам.
вчера ми нарачаа од амазон, и ќе ми стигне производот за околу една недела, се надевам нема многу да доцни, а и воопшто се надевам дека ќе ми стигне производот
поправка: две недели де ^штом ти стигнало ваљда не сум баксуз па да не ми стигне. Првпат нарачувам па..
И јас пред некој ден се распрашував за ова. Мојот комшија има pay pal account со картица од НЛБ но порано се воделе овие картици како од Словенија и без проблем си отворил сметка. Сега веќе овие картици се водат како од Македонија. Он кога се логира на Paypal му тои дека е од Словенија. Е сега ми кажа дека во брзо време треба и Македонија да ја стават на таа страна и ќе можеме да си отвараме сметки. Останува само да чекаме...
Има ли некој нарачувано од страната на Пикокс ? И дали некој е информиран, дали знае како би идел тој процес, колку ли би ме чинело достава, и за колку време би стигнало одприлика ??
Девојки, незнам зашто сите имате прашања дали некоја страна врши испорака во Македонија и колку би чинело тоа. Кога идете на интернет страниците каде што има можност за купување има секогаш Хелп, Шипинг инфо, Деливери и слични работи на самата страница. Само треба да кликнете на нив. Обично се наоѓаат доле на дното од страницата. Касандра, погледни и самата, Пикокс не врши испорака надвор од Англија. http://www.peacocks.co.uk/helpdesk/inde ... hipMethods
Ветив дека ке пишам кога ке пристигне пакетот за да споделам искуство. Нарачките ги направив самата бидејки во продавниците од кои купував можеше да се плати со МК кредитна картица. Ја користев само адресата на shoppingusа во New Jersey за испорака. Испораката од страна на американските продавници се случи за неколку денови. Во меѓувреме, shoppingusa ми испратија фактури за нивната услуга кои ги платив со кредитна картичка. Откако пристигнаа нарачките, ме известија која е тежината на збирниот пакет и ми пратија фактура за поштарина. Во фактурата имаше додатни 5$ за потполнување на царинска декларација и испраќање до Македонија. Пакетот имаше поголема тежина од што се надевав ама во овој стадиум, нарачките се веке стигнати единствено може да ги вратите назад но провизијата на shoppingusa е неповратна па не се исплаќа. Ја платив фактурата за поштарина и ги испратија пакетот. Потенцирав за ги отстранат сите фактури и етикети од производите за да се избегне царина, доколку е возможно. Пакетот беше испратен на 22/10 со експрес пошта и требаше да пристигне за 7 дена (3-5 работни денови) со достава до дома. Пристигна вчера, 11/4 во поштата. Платив само поштарина 212 денари. Работите беа уредно спакувани. Градниците беа во оргиналното пакување, едните чижмички се темна боја па беа оставени слободно во пакетот а другите кои се розова превртена кожа, беа спакувани во најлонче од некој adidas производ за да не се извалкаат или оштетат. Што се однесува до трошоците, еве колку платив: Детски чижмички $49.99 Провизија за вредност $30-$80 е 30% = $15.00 (720.00 ден) Детски чижмички $28.61 Провизија за вредност под $30 е фиксно $10 = $10.00 (480.00 ден) Два градника $93.00 Провизија за вредност $80-$200 е 25% = $23.25 (1116.00 ден) Поштарина за пакет тежок 5lbs = $47.29 (2270.00 ден) Царинска декларација и испраќање до МК = $4.99 (240.00 ден) Вкупно $272.13, од кои вредноста на производите е $171.60 а провизијата на shoppingusa и поштарината $100.53. Ке потенцирам дека доларот го сметаат 48 денари наспроти 44-45 денари колку што е во банките и мислам дека 5те долари за декларација и “испраќање“ до МК се непотребни бидејки затоа наплаќаат провизија. Глобално, задоволна сум од искуството. Не испаѓа ефтино меѓутоа ако ви е потребно нешто што неможе да се најкде кај нас, имате опција.
Па пишува рок на испорака.Али обично стига за 2-3 недели. Јас си нарачав накит на 01.11.11 и баш ќе видам и ќе пишам кога ќе стигне.
Купувам од интернет и тоа веќе години наназад и имам и позитивни и негативни искуства. Од eBay имам купено многу ситници и имаше еден период кога секој втор ден ми стигнуваа секакви нарачки, но претежно електроника, книги и некои други работи кои кај нас се двојно поскапи. Еве пример имам купено многу убав саат за дечко ми каков што верувам нема кај нас, а ме фати многу ефтино. Но ми се има случено да порачам нешто и воопшто да не ми стигне. Среќа се погодиле продавачите и ми ги враќале парите на сметка (преку PayPal) откако ќе се пожалев, но до ден денес не открив кој беше виновен за губењето, дали продавачите или нашава пошта. Од Amazon имам земено само еднаш, но шипинг адресата не беше во Македонија туку во САД и од таму ми ги донесоа така што немам македонско искуство. Да не наведувам дека имам купувано карти за концерт во странство, резервирано хотели, карти, плаќано хостинзи, купувано домејни и уште еден куп трансакции СЕ преку интернет со дебитна картичка. Точно е дека банките ја блокираат картичката доколку забележат сомнителна трансакција и што ме изненади најмногу дури се јавуваат и по телефон (на пример мене ми се јавија во недела во 23ч). Курсот како што можев да забележам е поволен и за долари и за евра (среден на НБРМ). Сега сакам да правам порачка од Викториас Сикрет ама не се исплати само за нешто ситно (а не можам да си дозволам многу), па ако некој ете е заинтересиран нека пише
Може некој подетално да објасни, знам дека се нарачува преку картичка, ама она нивните цени со нашите никако не знам да ги претворам, на пример имаат $ долари, фунти е колку се тие кај нас на пример да речеме во денари или евра. И ме интересира дали сигурно стигнуваат работите и во што идат, во пакет преку пошта така? А и ме интересира дали работите што ќе стигнат се идентични како тие што сте ги порачале и дали има можност да ве зафркнат, на пример порачувате фустан, а ви праќаат блуза? И уште едно прашање да редактирам, како одат нивните бројки? Ме збунија овие Сајз 0 , 30 А, Б, 28 ДД итн.итн . кај знам јас кој број сум според нивниве, да порачам на пример и што ако ми биде мало или големо?
Мене ми е многу страв да давам на интернет бројчиња од картички и сл., едно што картичката не е моја туку на моите родители, а друго некако не ми е сигурен интернетов...
Па затоа прво се распрашувам, ама штом многу имаат порачувано зошто да не, ќе порачаме од некаде од кај што е испробано и секако со дозвола и знаење од родителите, каде без нивно знаење.
Да да, фала богу, не ни се осмелувам да нарачувам без да прашам. Многу ми е страв, можеби некоја грешка ќе испадне, после парите во провалија отишле... Ама не знам зошто се’ некако мислам дека многу поскапо испаѓа да се нарача од странство отколку од тука да се купи...