Девојки јас нарачувам преку картичката на брат ми и пред некој ден стигна писмо за обнова на картичката и требе да одите да си ја подигне од Тутунска банка а тој не е тука...и сега сакав утре да си направам нарачка, пари ке пуштам на сметката но не знам дали кодот што е на задната страна од кратичката ке биде ист..Вије што мислите.?
^ Мислам дека кодот нема да биде ист, но сепак додека не истече можеш да ја користиш старата картичка А јас да прашам, од амазон може нешто да купиме. На секој производ што сакам да го купам ми пишува дека не може да биде испорачан до мојата адреса???
Здраво Феминки...Прилично сум новозачленета и како што сватив од претходните коментари, најдобра, најевтина и најсигурна е алиекспрес така?
Амазон не испорачува во Македонија за жал, бидејки не водат како несигурна област Единствено што можеш од таму да нарачаш се цедеа, книги и нешто слично
Па и незнам дали е најсигурна, јас имам доста порачувано и се ми има стигнато до сега, но внимавај ако си нарачала производ и веке си го платила пари вракање НЕМА. Најдобро ти е да нарачаш друг производ за истите пари од истиот селер. Затоа пред да нарачаш контактирај го селерот. Јас си ги чекам парите веке 2 годиниииии
По толку време купување од E-bay прв пат ми се случува ова па ако можи мислење или совет. Порачав едно палтенце околу 30тина долари, од продавач со висок рејтинг и претежно позитивен фидбек. Денес, како и по обичај секое сабајле мејлот го проверив и читам порака од Е-bay со следната содржина: Спојлер The item isn't allowed on eBay or can only be listed under certain conditions. -- The listing or item may have violated the intellectual property rights of others. If item is already paid: -- If you already received your item and you're satisfied, please disregard this notice. -- If you haven't received the item, or if the item is significantly not as described, your purchase price plus original shipping may be covered by eBay Buyer Protection Е сега, јас платив преку пејпл и отворив барање, но исто така на ордер детали пиши дека производот е веќе shipped и дека треба да пристигни во овој период.. Tuesday, Oct 15, 2013 - Thursday, Oct 31, 2013.. а пак на профилот на продавачот пиши дека веќе не е регистриран корисник, незнам дали да си ги барам парите веднаш или да почекам. МЕНЕ ОВА МИ ИЗГЛЕДА НА ТИПИЧНА ИЗМАМА, БАШ МЕ ИЗНЕРВИРАА ОД САБАЈЛЕ ...
Девојки итно е! Се обидов да порачам од еbay избра фустанче од добар селер, АМА сакам да платам со paypal и стигнувам до тука и ја нема македонија неможам да ја најдам ШТО ДА ПРАВАМ??
Пишува ако не платиш ќе отворат case , пиши му веднаш на продавачот дека не сакаш да го купиш производот
АлисонДи јас би ти дала совет да почекаш, производот ако е испратен што сака нека е со неговиот профил, важно е на тебе да стигне почекај до 5-6 ноември производите од кина и хонк конг често каснат ако не дојде и до тогаш отвори case за парите да ти ги вратат
^^ Алисон јас ќе ти кажам одма да си ги бараш парите, а производот ако стигне супер, ако не да си бидеш барем на чисто со време. Јас би се врзала на оваа реченица "If you haven't received the item, or if the item is significantly not as described, your purchase price plus original shipping may be covered by eBay Buyer Protection" и бидејќи не постои веќе продавачот/продавницата ќе си ги барам парите назад како безбедност. Верувај нема лошо да ти биде парите на сметка, а палтенцето (ако дојде) во плакар.
Купи преку ова https://www.facebook.com/KupiOnlineSega само прати линк од тоа што го сакаш и он ќе ти каже што како.. позз
Како се вади paypal картичка за купување од интернет? И дали воопшто има картичка Пејпал или преку веќе постоечката треба? Имам Visa картичка и како одат процедурите за тоа? Треба нешто во банка или...?
Преку постоечката картичка треба да се регистрираш на Pay pal ама Македонија не е на листата на pey pal така да незнам како се регистрираат тие што се од Македонија..ако некој знае добредојден е да кажи
Епа да, може некој накратко да објасни како оди плаќањето, дали е сигурно и да не има крадење земање на повеќе пари отколку што треба, дали треба нешто да се оди до банка и сл... Планираме со мајка ми да си земеме некои работи ама дека прв пат ќе ни биде и сакаме детално да се запознаеме со се.
Здраво! Тука би можеле да разгледате и доколку ви се допадне некое парче да го купите по ниски цени. http://mojagarderoba.mk/maleckotooo-12761
Бре девојче бе дај не ме зезај... како прво, прочитај низ темава, ти тие алишта што ги продаваш по 400-500 денари на ибеј и алиекспрес имаш НОВИ за истиве пари , и накитов по 50 денари па јас за 50 центи имам порачано нови обетки од ибеј и да , немој да ставаш нереални цени таа жолтата чанта јас бела ја имав купено пред 6 години кога бев и матурантка за 150 денари од продавница, ти овде ми ставаш 300 јас незнам кој е тој што купува од вакви страници му се чудам на паметот па на ибеј и алиекспрес преубави работи има за евтини цени, вие овде продавате по нереални цени и плус работи од времето на бабами