Не знам зошто онлајн шопингот воопшто не ми е доверлив, едноставно не ми изгледа природно безразлика колку ме убедуваат дека се сигурен и се тоа ...
Женски ај ве молам споделете искуство со PayPal Има некоја од вас? Сакам да си отворам сметка ама не сум сигурна. Ми треба за да можам да купувам (не сакам со другите затоа што не ми е сигурно),значи да можам да вадам и ставам пари, и да можат др луѓе од странство да ми пуштаат пари на таа сметка. PayPal го може ова,така?
Paypal нема договор со Македонија (има луѓе што сепак некако успеале, но не сум сигурна како). Ако живееш во странство, можеш да го употребуваш и е безбеден.
Jас имав порачано два фустани и ми стигнаа за две недели,многу сум задоволна,преубав им е матријалот,а и не беа многу скапи. Спојлер Jас во Aвстралија сум и поштарината беше бесплатна,сега за таму не знам
Јас одамна се спремам да нарачам од http://boohoo.com, ама никако да дојде на ред За Европа еве информација за колку дена стигнуваат нарачките и која е цената... Europe 5 – 10 working days. Maximum 10 items per order £6.99
и јас и се спремам на странава само не знам колку е безбедна. А има многу убави работи и малку се поскапи за разлика од ибеј и али експресс
Да толку е и мислам дека без разлика колку и да порачаш е 7. Дали еден или повеќе пак е 7 не оди за секој производ посебно како на другите страни. Немам порачано ама еднаш кога ја наполнив кошничката со повеќе работи шипингот си остана ист.
На Фејсбук има една страна E-bay купи преку нас, нешто така е. Страната е проверена, моја другарка нарачуваше од таму, немаш што да изгубиш зошто откако ќе ти стигне нарачката тогаш ја плаќаш нарачката бидејќи вршат достава до дома. Работите кои што ги има на страната се со 100ден. доплата од цената а инаку можеш било кој производ од Ибеј да го нарачаш и они ќе ти кажат цена и сл. Мислам дека стигнуваат за 30дена (ако веќе производот не е на залиха).
Другарк ми од ВС си порачува работи ама јас искрено никогаш немам пробано и не сум100% сигурна во Online shoping
Дали ако нарачувам у исто време од две различни страни ќе важи тој лимитот за вкупно сите нарачки до 45евра за царина?
Немам многу доверба во ова online shopping. Оставање пинови од картички и сл. во никој случај. Знам дека еднаш еден мој другар порача така преку нет и го плати,на крај ништо.Без врска пари си фрли.
Изгледа само јас немам среќа со порачките од интернет, имав порачано кошула преку Ebay ама и таа не ми стигна а еве веќе поминаа скоро 2 месеци... и тоа гледав да е продавачот со висок рејтинг, ама ете... како и фустанот, не ја добив ни кошулката... Е сега порачав еден фустан од Алиекспрес, ајде да видиме дали таму ќе имам повеќе среќа...
Па како може така, да не ти стигнат? Не ти дава продавачот код за следење на нарачката, да видиш до каде е, дали е пратена, дали е можеби во Македонија стигната, па кај нас заглавила? Немам порачувано од Ebay, не знам точно како одат работите, ама не може некако, да си ги побараш парите назад пошто не ти стигнало тоа што порача? Зошто да бидат џабе фрлени парите За алиекспрес, бар јас неколкупати што сум порачала - не можам да се пожалам, се испадна во најдобар ред. Читав низ темава, има девојки од Ebay што порачуваат, заодоволни се. Ако не им стигнат производите, кажуваат, слично како кај алиекспрес, отвараат case, му пишуваат на продавачот и го решаваат проблемот. Види, прочепкај добро.
Јас порачувам од Ибеј и на ској производ нема тракинг number , но можеш да пишеш дека не ти е стигнат производот и секако одма парите ги враќаат