1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн шопинг

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lady-gaga, 13 јуни 2010.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Епа не сум порачувала немам искуство затоа прашувам, ама ете ќе чекаме тие што порачале да кажат, читајќи поназад на страниве зависи што ќе порачаш и од поштарината колку ќе платиш, ако порачаш нешто помало и поефтино -поефтино ќе платиш.
    Знам лани дека порачав од македонска страница книга од Македонија да ми стигне преку пошта замисли од еден град во друг и не ми стигна, зошто не знам. :^)
     
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Еден долар е 44-45 денари, а една фунта 71 некаде, беше повеќе - ама изгледа му падна вредноста
    еве тука можеш да ги провериш точно
    Инаку повеќето страни се безбедни за порачување, во странство луѓето повеќе преку интернет порачуваат, ама па да порачуваш од странство, царина, поштарина, не знам точно како му оди тоа, кога ќе ти додадат можи и дупло да ти дојди :worried:

    Едит
    Сега видов поназад на темава има повеќе за царината, поштарината...
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    http://www.asos.com/Women/

    Странава е испробана, и одлична. Засега нема поштарина (имаше до пред некое време, сега испораката е бесплатна за цел свет, не знам дали така ќе остане), па слободно нарачувајте. Обично во недела има големи попусти што траат по неколку часа, минатата недела имаше на фустани, пред тоа на чевли, па ако планирате да нарачувате проверувајте во недела. Има посебен оддел petite и curve, за бројчиња што ретко се наоѓаат кај нас.

    Лукс во врска со величините, на секоја страница за шопинг имаш size guide. Еве од асос http://www.asos.com/infopages/SizeGuide ... chart.aspx
     
    На Amazing, anneyy и Lux им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некоја интернет страница за нарачка accesories за нокти?
     
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    За да не ризикувате со картичка на која имате повеќе пари, тогаш отворете посебна сметка во банка
    Стопанска Банка (интернет картичка) или Тутунска (Виза Електрон, а некаде и Маестро прифаќаат дури и помала провизија земаат, на пример за авионски карти од WizzAir)
    и ќе си префрлате средства колку што ви се потребни и ќе плаќате без гајле дека некој може да ги злоупотреби. Сите овие картички се дебитни и може секој што е над 18 години да ги извади со обично барање што се пополнува во банката.

    Морав да редактирам, да не испадне дека правам реклама на банкиве :lol:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А нема некоја варијанта без картички да се плати во готово?
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ретки се тие страни кои дозволуваат COD (Cash on Delivery), така што неизбежно е да имаш картичка.
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Имам страшна вест за оние кои се зависници од онлајн шопинг и користат PayPal... НЕ БЛОКИРАЛЕ :'(

    Да, да добро прочитавте, нашите македонски картички дефинитивно веќе не ги прифаќаат и откако пробав повеќе пати, со повеќе картички се јавив во банка и ми потврдија. Ни мавнале клоца, злоупотребувале нашиве и фалширале картички и решиле да ни стават бан. Оние кои користеле и плаќале на овој начин знаат каква загуба претставува ова.

    Сега ни преостанува само директно со картичка да си купуваме... се додека не ни го забранат и тоа.

    Проклети македонски лопови, па научете се да заработите и да ги запотите дебелите задници, а не да егзистирате со крадење туги податоци и правење лажни картички.

    Ах, је*оте где ја живим :@
     
    На Isidora-Veles му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Значи тоа што го нарачав од http://www.amazon.co.uk требаше да пристигне во периодот од 10-ти до 16-ти Ноември. Денес е 16-ти, уште ништо ми нема пристигнато. Веќе не верувам баш дека ќе стигне..
     
  10. DrenkaC

    DrenkaC Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    105
    Од искуство знам дека треба многу повеке време да помине од тоа што е наведено таму. Мисмам дека не е до интернет страните туку до нашава пошта и поштарите. Еве на пример мојов поштар поминува кај мене на улица само кога е сезона на сметки и еднаш на две недели.
     
  11. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Вчера ми стигна едно ланче а другите ги чекам. И да ви кажам многуу ми е убаво :D Инаку цената 2$ за него е стварно смешна.Еве го:
     
    На talentirana, Isidora-Veles и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ќе почекам уште извесен период, па после доколку не пристигне ништо ќе се распрашам во пошта..
    Ако си го добијам производот супер, ако не- јебига памет за другпат :D
     
  13. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    А со каква картичка плаќаш на ebay оти јас сакав да земам дебитна од тутунска ама ми рекоа дека не ќе можам да се регистрирам на paypal. Дај кажи како купуваш да средам и јас некако. :)
     
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    И мене ме интересира Мини како плати на е-беј, оти ова со Пеј-пал не бива... :D
     
  15. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имам тука негде спомнато дека комшијата мој има картичка преку НЛБ и има сметка на PayPal уште на времето кога картичкиве се воделе ко од Словенија и така му е останата. Па ми направи услуга да си земам и јас преку него ;)

    Има некоја фора и ние од МК да зимаме ама не запамтив што ми кажа. Ќе го прашам пак па ќе ви пишам. :)
     
    На Artemission и tigerlady им се допаѓа ова.
  16. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Ај навистина прашај го нека ти кажи која е финтата и ние да потрошиме по некој долар. 8)
     
  17. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    „Фората“, за жал, повеќе не работи за картичките од Тутунска. Јас пред скоро време си зедов картичка, бидејќи брат ми веќе имаше направено, па не сакав да го малтретирам него и решив и јас да си направам, ама сега ги лоцираат картичките според броевите.
     
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ако носам јакна s и за нивните бројчиња е исто?... Ако сакам да нарачам јака може да одберам s... таман ке ми биде?
     
  19. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
  20. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Баш сега ја разгледував страната... се е ефтино ама затоа кинеско :) И тоа што не ми се допадна е дека доставувањето е од 20 до 5о дена... Ќе се изначекаме... а ти Mayyya каква картичка имаш???