Ај то морат заработка да имаат,туку не ми е јасно некој линкој имет оставано и цените им се скоро исти ко на ебау,шо е финтата тука незнам.
Emotional123 Срцка вака четките ги има другарками и се добри. http://www.femina.mk/out/?id=276c747b4a ... 02919.html За овие ти викам Сега и јас сакам да ги нарачам. Зашто се ОДЛИЧНИ... Коректорите ги имам нарачано и допрва ќе ги видиме, а за сенките не би ти ги препорачала,зашо работам со aliexspres (вршам порачки) па има мн незадоволни од сенкиве,па можам слободно да кажам дека сенките брзо пагаат и додека ги нанесеш лицето ќе ти е лом
Девојки, јас прв пат нарачувам од ибеј и алиекспрес. Е сега нарачката ми е накај 12.000, и дечко ми си нарача телефон 9.000 па затоа е толку. Е сега царина ова она, што се треба башка да се плати и колку му доаѓа тоа?
на телефонот ќе има 0% царина и ддв 18%, а за др ако поединечно не надминуваат над 45евра нема царина.
Дали некој ја има порачувано јакнава од ebay (или сеедно од некој од препродавачите по фб) и му има стигнато? Спојлер
Јас имав порачано слична на оваа јакна што си ја поставила http://www.ebay.com/itm/New-Women-Winte ... 4d15d66488 од ибеј, но не е овој продавач од линкот што ти го пратив, туку друг тој го банираа, не ги праќал работите воопшто и така и јас се зезнав но секако парите ми ги вратија. Секогаш гледај какви коментари другите оставаат за производите, инаку јакните се убави и за тие пари нема да најдеш но пробај порачај ако стигне стигме ако/не ти ги враќаат парите и готово
Спојлер koritsaki и јас ја порачав од продавач кој беше баниран неколку дена откако добив известување дека пратката ми е испратена, а инаку беше продавач со 99% рејтинг и многу малку негативни коментари наспрема позитивните. Не ја знам причината зошто го банирале, а јас сепак чекав уште скоро 1 месец со надеж дека ќе стигне. Јас исконтактирав со него пред да направам нарачка, за да го исконсултирам околу нешто. После тоа неколку дена немав добиено број за следење. Повторно го контактирав и ми прати погрешен (или лажен) тракинг број кој се однесуваше на пратка за Македонија. Ја следев и кога дојде во МК чекав неколку дена..не стигна ништо од пошта. Отидов да ја побарам и ми кажаа дека пратката со број што го имам јас, всушност не е за мене. Парите ми ги рефундираа од ebay ама сакав повторно да ја порачам од друг селер. Меѓутоа овој модел на јакна е мистериозно исчезнат од кај сите продавачи кои претходно ја имаа, односно скоро сите како да се банирани. На пример за други производи ако се распродадени пишува 'SOLD', а во случајов е секаде како removed product. Истата јакна ја имаа ставано по албуми и препродавачи на фб, стандардно со цена 2-3-4 пати повисока од онаа на ebay.
Да сосем истото, истата јакна неможам да ја најдам сега на ибеј имаше 4 бои, црна,црвена,крем и темно зелена, претходно кај него читав дека сите беа задоволни,и имаше висок рејтинг ама само што ја порачав и по една недела почна да му опаѓа рејтингот,се чудев зашто и кога читам се во врска со јакните.. ми беше криво мнпгу беше убава јакната ама сепак на крај важно е што парите ми ги вратија. Тоа е со нет купувањево, се е на ризик но важно парите што ги враќаат назад
moram da ve prasam nesto,znae li nekoja od vas kako od stopanska ,od tekovna smetka da prefrlam na internet smetkatta,od tamu mi rekoa mozes i slobodno da si prefrlas samo jas neznam kako D:
Порачувал ли некој од www.ioffer.com да сподели искуство или некоја интернет страна да препорачате каде не земаат голема провизија за порачки од веб страници и се сигурни?
Има некој искуство со macaron.mk? Деновиве по Facebook гледам реклами, па ме интересира дали е коректен сајт.
Јас нарачав саат зиден па сега чекам да ми дојде. Зафркнато е што треба да чекаш за достава 10 дена од кога ќе заврши кампањата за производот Од кај нас сум задоволна од www.ex.mk , www.advancemedia.com и www.tc.mk.
Дали некоја од вас што има PayPal ќе сака да ми нарача нешто преку Ebay бидејќи во AliExpress нема а јас никако не можам да извадам PayPal јас ако треба ке доплатам и за услугата ако има некоја нека ми пише во ЛП
Овие шипале и до Македонија, само штета наплаќаат 20 фунти за испорака, инаку имаат бесни ствари, бесни!!
http://www.bioclinica.com.mk/shop/categ ... x?catid=14 Сте порачувале од овде? ..Како оди постапкиата,кога пристигнуваат порачките? Задоволни од производите или? (за ова за градите читав по други форуми и навистина било како што пишувало..па се заинтересирав )
Јас со оваа страна имам големо разочарувачко искуство. Катастрофа невидена...Значи сум пробала да нарачам производи можеби над 20 и сите од различни селери, ама никако да успеам. Откако ќе се логирам со пејпал, штом ја видат адресата -Македонија, бегаат како од ѓавол. И се некакви изговори пишат во пораките: адресата не е валидна, немаме на лагер од производот и сл. Сега пред една недела се најде некој паметен кинез и ми зеде 30 долари за козметички сет и по 2ва дена ми пишува дека не можи да го прати и ако ја откажам трансакцијата - парите ќе ми ги префрли. Па 5 дена го чекам да ми ги врати парите, никаде го нема. Не знам што друго да направам, пробав и преку пејпал со една опција - request a secure payment и пратив an invoice via email, ама залудно...