Над 22 евра, земаат само ддв, а над 45 евра земаат и царина и ддв. Барем така треба. Од искуство, мене секогаш над 20 евра ми земаат и ддв и царина. Ама нема каде да се пожалиш. Кога порачувам од Алиекспрес никогаш ништо не ми царинат, а од АСОС секогаш ми царинат над 20 евра. Од ибеј зависи кога-како ќе им се погоди. Смешно е тоа што се случи огромни чизми да не ми ги царинат, а дуксер најобичен памучен ми зедоа 1000 денари. Во пошта и на царина не се баш како што треба, а имам многу искуство со нив. Најчесто лошо.
како нарачувате од ebay, не ја гледам Македонија во листава на земји кога треба да се наведат податоците од картицата
Треба да имаш paypal за да можеш да нарачуваш преку ebay, не може директно со картица да се плаќа. Спојлер Постапката за отварање пејпал-само сепак не успева со сите картички како што пишува
Пред некој ден нарачав четка за шминка и обетка од www.buyincoins.com . Нема шипинг т.с има ако сакаш да ти се следи пратката до каде е. Поевтини се работите за некој долар во споредба со али посебно шминките, облеката исти цени има. Е сега нема некој многу голем избор. Кога ќе го пратат производот праќаат слика од пликото дека е пратено. Ако е успешна пратката ќе пишам. На оваа страна колку што можев да приметам нема посебни продавници, а ако не стигне пратката во рок од 1 месец, треба да им се пише и тогаш ти ги враќаат парите. Малку ми беше чудно дека вака, но гледам од овие на фб што препродаваат порачуваат од странава.
женски,ми треба помош во врска со картичка, денес брат ми земал од нлб картичка за нарачување преку нет што е , сега пробува да го внесе бројот на картичката и му вели ова The credit card number you have entered cannot be verified. Only credit cards from approved countries may be used on PayPal. инаку сака на ибеј да се регистрира, а еве познаваме и едно девојче таа е регистриразна преку словенија, и брат ми проба така ама не му успеа. Пиешете некој совет , а ако не знае никоја еве и неа ке ја прашаме
Регистрирањето на ибеј е најнормално и нема никаков проблем за МК, но за пејпал дали ја следевте процедурата за регистрирање на мк картици (постирав едно од објаснувањата на форумов една страна наназад) или сами редоследно си внесувавте податоци?
На работа кај мене во фирма многу колешки купуваат од alibaba.com, некој евтин кинески шопинг сајт. Јас лично не го препорачувам, но може сајтот да му значи на некој .
Се извинувам , бидејки не ми затребало па изгледа `меѓу редови` сум читала брат ми е во мк па денес ја зел картицава,сега му го пратив тоа што си го постирала вчера се надевам ке му помогне
Лошо е ако пробал веќе да ја регистрира, а му го покажало тоа што го постираше горе. Обавезно картицата треба да се регистрира преку Withdraw и понатаму како што е напишано. Со регуларна постапка не може мк картица да се внесе, а дури и со таа постапка може за некои картици да не успее. Спојлер (Имам пробано со неколку visa electron картици на нлбтб и некои ги прифати, некои не..)
Па јас се регистрирав на сајтот и не ми побара држави и такви чуда. Но не сум нарачувал ништо од Ибеј. Да не е понатаму тоа кога треба да нарачувам?
Женски,дали сте нарачувале мобилни од ибеј? Јас сакам да нарачам iphone ама ако знаете некој селер што продава да ми препорачате
Јас нарачав мобиел од ибеј.И кога ми пристина во кутијата имаше книги...Не ти препорачувам многу од ибеј,ама сепак твој избор.
Регистрирањето на ибеј не е проблем. Исто така и селерите најчесто имаат испорака за мк и тоа не е проблем. Проблем е да платиш бидејќи треба да имаш paypal, односно картичка регистрирана на пејпал. Пејпал сеуште не е достапен за Македонија, освен ако се регистрираш по постапката со др. држава (и останатите задолжителни чекори) и ако имаш среќа картичката да биде прифатена.
Потоа ништо неможиш да направиш,бидејќи веќе не ни знаеш од каде е селерот,ни каде да го најдеш за да му кажеш дека има грешка..И ете ги книгите сега си стоат на полицата
Има ли некоја друга страница од кај што можам да порачам парфем? На алиекспрес го нема овој што го барам
ии да си нарачам и јас нешто можи со картичка онаја обична од банка што стигва платата? Или најдобро да си извадам нова само за онлајн шопинг?