Зависи од која банка ти е , ако е Стопанска ќе мораш да вадиш нова. Ако е некоја друга банка, и го имаш троцифрениот код позади, не би ти правело проблем.
Не ти земаат нема зошто да ти е страв. Јас сум порачувала и со Халк, нема никаков проблем. Кога ќе ми текне, првата порачка ми беше со Халк
Девојки дали ја имате видено некаде оваа блуза,сакам да си ја нарачам но неможам да ја најдам,или пак ја има по доста така скапа цена.Овие што посредуваат за купување ја продаваат по цена од 500 денари,што значи доколку тие ја продаваат по таа цена(а секако вклучено и провизија)значи ја има за доста ефтина цена само уште да се најде преку која страна И некоја дали има видено(исто на алиекспрес и на ибеј неможам да најдам)значи барам чанти Луи Витон,се разбира не барам оригинал туку копија по пристапна цена. Ако некоја има видено од оваа блузата и некоја ташна од ЛВ нека пиши бидејќи јас неможам да најдам
http://www.aliexpress.com/item/2013-Wom ... 28098.html поевтино тешко да ја најдеш, или ако ја има поевтино има шипинг.
Блузата ја има и на алиехпрес си ја порачав јас за прв пат пред некој ден Ја платив некои 10 долари Ке чекам да ми стигне па ке ви пишам како ке бидам задоволна
Ви благодарам девојки за одговорите Незнам јас зошто неможев да ја најдам блузата на алиекспрес ја барав ама ништо Алиса кога ќе ти пристигне пиши да ми кажиш дали е убава блузата. А нешто имате видено од марката Louis Vuitton на страниве поефтинко барав ама скапо многу
Девојки абе незгодно ли е на картичкиве електронски да ставам да речеме 200 денари? Сакам накит да нарачам и незнам ни 200 дали ќе ми фати, а може и помалку, сеа незгодно ли е така малце пари да ставам?
зошто да е незгодно ти твои пари ставаш,не крадиш..досега 200 не сум ставала ама 500 сум и воопшто не ми е гајле,толку сакам да ставам и крај
Јас имам ставено 100 ден и воопшто да не ти биде незгодно! Инаку да се пофалам, ние конечно стигнавме во Прага, после повеќе од три недели дремење на аеродромот во Пекинг
Ајде едно малку глупо прашање Кај што пишува State/Province/County само државата ја пишувате или и градот?
Дали може да извадам интернет картичка од комерцијална банка и дали со неа ке можам да нарачувам на сите страни
Ова прашање е за во банка дефинитивно. Инаку Комерцијална немаат спезијализирани интернет картички, тоа го има само во Стопанска, ама сигурно ќе ти понудат некоја со која ќе можеш да плаќаш на интернет.
Онлајн производи (искуства и критики) ај да си прашам овде јас дали има некој нарачувано козметички производи од www.drugstore.com би сакала да си порачам нешто но не знам колку би било сигурно дали ќе стасаат /
bubac колку што можев да прочитам,страната испорачува само во САД...за интернационална испорака мораш да бидеш регистиран со посредник,во случајов MyUS.com а за тоа регистирање се плаќа
Јас па ни тоа не го прочитав, фала ти. Ништо штом е така од производите ... Штета Јас имав вакво искуство Ми даваа некои си кодови Но ни со нив не можев да порачам Извади си од стопанска интернет картица најбоља е
Јас имам дебитна картица од комерцијална, ништо со нејзе. Само за на банкомат ми врши работа. Мајка ми има кредитна картица кај што зима плата, со нејзината плаќав на алиекспрес без никаков проблем. Реално, ако треба да вадам нова картица специјално за интернет плаќање, пре би да извадам од стопанска, значи од друга банка, наместо да вадам втора картица од истата банка (во случајов комерцијална). Само не стигнало тоа на ред да отидам да прашам... И еве сега иам триста работи во Cart и не можам да платам за нив...