^^Јас не познавам никоj со картичка од Стопанска б. што има пејпал, ако некој има отворено нека извести дали може. Во постапката за рег. пишува дека важи за сите мк картички (со кои може да се купува преку интернет), но сепак не успева да се внесе секоја картичка. @CocoLady дали се доплаќа дополнително за испорака секогаш пишува на страната (или продавачот) од каде што нарачуваш, но чести се страните кои нудат бесплатен шипинг.
Онлајн производи (искуства и критики) Како можам да порачам од страницава http://www.femina.mk/out/?id=603c74c203 ... Ffref%3Dts ? Ај просветлете ме малку.
Конечно се решив јас лично да си ја испробам среќата со интернет нарачкиве Инаку имам лошо искуство од Амазон, не ми стигна воопшто производот, не ми ни текнува дали ни ги вратија парите бидејќи не нарачав јас. Како и да е предобри работи се изначитав на форумов за Алиекспрес па вчера ја направив првата нарачка: Спојлер И дека ич не се разбирам во работиве па да ве прашам поискусните ако знаете да ми одговорите, тука пишува Processing Time:6 Days, тоа значи дека после тие 6 дена ќе добијам тракинг бројче? Тогаш ќе ја пратат пратката така?
Девојки вака дечко ми нарача телефон и му стигна, тоа е ок, сега е во пошта. Е сега јас не се разбирам, зошто он го нарача телефонот преку друга личност и таа личност вика дека царина не треба да се плаќа туку само ддв, 30 и нешто долари. Дали тие 30 и нешто долари може да се уплатат во пошта и одма да се подигне телефонот (значи во иста пошта каде што е тел.) или како иде таа работа ако некој знае да ми каже?
Мислам дека тоа си се плаќа во пошта. Прашајте таму ќе ви кажат, а ако незнаат тогаш пишете им на тие од кај што нарачавте.
Да прашам за од ebay што нарачувате, за колку време отприлика стига? Јас прв пат нарачав на 14 февруари,уште ништо нема стигнато, ама претпоставувам рано е...
И јас немам уште големо искуство со ибеј, ама обично за 15-20 дена. Со исклучок на првата порачка која ја добив за 11 дена. Се зависи од тоа, од каде доаѓа производот.
Тоа разбирам ама дали може веднаш да се плати и да се подигне, да речеме во понеделник да отиде во пошта да уплати и да си го земе или има некоја процедура (инаку и вака и онака треба да оди со луѓето кои го нарачале телефонот, треба ваљда лична карта на таа личност која го нарачала).
не може да биде само ДДВ затоа што тоа е многу , за ДДВ . Во македонија ДДВ то е 18% од цената. Тоа значи дека телефонот треба да чини 180 долариза да има ДДВ 30 долари.А за производ над 45 еур се плака царина. За да ти наплатат ДДВ треба да однесеш и ф-ра за тоа колку чини производот ....нешто овде не ми е какошто треба . Инаку да го плакаш ДДВ-то и поштарината и си го земаш производот
Одередени артикли (пр. мобилни, дигитални фотоапарати, видео игри .. ) се ослободени од царински давачки, плаќаш само 18% ддв. Инаку за компјутери, делови за компјутери, книги итн, покрај тоа што не плаќаш царина, и ддв-то е помалку т.е 5% . Како и да e, ако нарачувате нешто друго над 45евра, ако ве интересира, правилникот за царинење го имаат на нивната страна (во горен десен и долен лев агол имате линк за превземање) .
мислам дека 5% важи само ако купуваш од македонија-барем јас така мислам инаку досега сите ке си порачувавме лаптопи од страна како и да е 30 долари е многу ако е само за ДДВ по мое, а ако сметаме по твое тогаш мобилниот и чини 600долари. Добро нема ли некој кој работи на царина да не просветли да не збориме глупости Девојче колку пари е мобилниот ?
^kolovoz не си ми го прочитала внимателно постот За мобилни е 18%, не 5%, 5% е за компјутери, Спојлер според тоа мобилниот на Emotional123 би бил $167 некаде, не $600 За македонски страни нормално немаш царина, бидејќи не врват на граница, а ддв-то си е вметнато во цената како и во нормална продавница, не плаќаш ништо дополонително од дадената цена. Податоците не ги извадив од памет, погоре поставив и линк од страната на царинската управа, имаш таму линкови со подетални информации за царинење секаков вид предмети
Околу 204 долари го купи телефонот. Инаку одговор на прашањево, значи не треба царина само ддв, дали може да се подигне одма од пошта, да се плати и да се земе во исти момент?
некако како да неможеме да се разбереме ... јас зборам за поштенска пратка има друг правилник-го има на страната а ти збориш за царинење на стока за правни лица -фирми.Кога увезува фирмата стока го следи тој закон кој ти упорно ми го потенцираш, значи на големо .Така на фирмите им е поисплатливо да купуваат поефтино настрана и да продаваат тука поскапо. Но тој закон не важи за поштенски пратки па особено кога се работи за физички лица. Јас така разбирам , дај боже да грешам ...уште утре ке си порачам таблет ама ако ми го оцаринат ти ќе ја плаќаш царината...може така ајде имај убава вечер, поздрав
Не знам каде си прочитала дека правилникот важи само за фирми и на големо, и не знам зошто се мачам и си губам време да ти најдам, но .. За поштенски пратки - http://carina.mk/DesktopDefault.aspx?ta ... &tabid=365 Еве ја царинската тарифа http://www.customs.gov.mk/images/Image/finalen_tekst_Carinska_tarifa_2014_so_amandman_za_CN13(1).pdf на 555 страна можеш да видиш дека телефоните се ослободени од царина(а и Emotional123 веќе ти потврди), на 538 имаш за повеќе компјутерски делови .. Воедно Emotional123 ти го обоив со сино и подвлеков одговорот на твоето прашање во цитатот од страната на царинската управа
Околу другото што сте дискутирале нема да коментирам, но околу наведеното на страната дека за поштенски пратки (со вредност помала од 800еур, примач-физичко лице) се применува едниствена царинска стапка од 15%, заборавено е да се потенцира нешто многу важно.Таа стапка од 15% не важи за поштенска пратка која е купена онлајн. Тоа важело за пратки чиј испраќач е физичко лице и примачот е физичко лице, па ако решат дека пратката треба да се царини, тогаш оди по таа единствена стапка. За се што стига како поштенска пратка купена од странство, односно преку интернет си има царинска тарифа и зависи од типот на стоката според правилник. Што е ослободено од давачки е веќе друго.. @Emotional123 ако стигнало картонче за подигање од шалтер во пошта тогаш најверојатно во моментот ќе побараат уплатите тоа што треба дополнително и со уплатницата да се вратите да ја подигнете пратката. Ако е стигнато дека треба да се носат документи на царина, тогаш се чека некој ден, па ќе стигне картонче со пресметани давачки и се оди на шалтер во пошта кај што ќе пишува, се плаќа и се подига.
Ме интересира дали некој нарачува облека од други страни освен оваа Али за која сите зборувате? Има ли некоја од вас да сподели искуство, линкче, нешто...?
Zdravo ... bi sakala da prasam vo vrska so naracka od aliexpres, naracav pred 3/4 dena ama ne znam kako da ja sledam pratkata , na 17track.net koga go pisuvam kodot mi izleguva ova Results: Not Found(1) / Transporting(0) / Pick Up(0) / Delivered(0) Number Origin Destination Events Status Operate View Official Data Australia Not Found Unknown(Modify) Unable To Track The number maybe belongs to: GLS Not Found moze nekoj da mi objasni ????