Emotional што направивте со телефонот? Го земавте ли? Колку ви излегоа другите трошици ако не е тајна?Задоволен ли е дечко ти? Пиши ни да знаеме, бидејќи има интересни телефони а и цени. Фала ти.
Да го пофалам сајтот - http://www.buyincoins.com/ Кинески сајт е, може да се наплаќа и со обична картичка и преку PayPal. Во глобала ги има истите работи што ги има на али. Некои работи (пр. четки за шминкање, сенки, дел од облеката ..) се наоѓаат малку поефтини тука, затоа пак бижутеријата (не се), но во глобала е малку поскапа, што според мене е разбирливо бидејќи не бараат минимум за да ја испратат порачката, па доколку испраќаат парчиња од по 40 центи, мислам дека би биле во огромна загуба. Сепак за тој дел би се држела до али. Димензиите на производите што ги порачав се до милиметар точни со тие во описот и се е со солиден квалитет. Убаво беа спаковани, целосно обвиткани со повеќе слоја заштитен најлон, со секој милиметар искористен, без простор за клатање и кршење, па ништо не беше оштетено, дури ни сенките не беа ни малку изронати. Порачките ги испраќаат најкасно за два дена(патем на акаунтот ти испраќаат и слика од пакетот), а мојата стигна до поштата во скопје за точно 13 дена, 14 до локалната. Како што веќе спомнав, нема минимум, а број за следење даваат само на нарачки над $30. Мојата беше над 30 и покрај тракингот беше и препорачана (не знам дали за сите порачки е тоа, или само за тие над 30). Инаку за фидбекот на секој производ даваат по 0.2 поени( односно 0.2 долари кои можеш да ги искористиш во следната нарачка) доколку постираш и слика т.е 0.1 без слика. Спојлер Ова ми е проверено, а поените ги пуштаат на акаунтот за ден-два. Не е нешто многу, но не е ни лошо доколку платиш 2-3 долари помалку на следна нарачка Исто би требало да добиеш 5% попуст доколку искористиш име на некој "корисник што ти ја препорачал страната", а и тој би требало да добие поени во вредност од 5% од твојата порачка Спојлер ова не ми е проверено, но го најдов во описот на страната. username313 ми е корисничкото име, доколку некој сака да проба, а не знае некој веќе зачленет. Исто мене ми зедоа околу 1,6 долари помалку, мислам дека беше за шипингот кој му е веројатно вметнат во цената, бидејќи имав повеќе производи. Не прочитав детали, само видов дека пишува - 1.63$, а и сега кога го пресметав збирот на цените ми доаѓа толку помалку од тоа што ми наплатија Overall супер сајат, би порачала повторно
И јас порачував од овој сајт и бесплатен шипинг, барем на makeup производите. Буквално на секој производ одоздола пишува free shipping, а и после во пресметката на цената, стои 0
Јас стварно незнам како се порачува и сакам да си порачам јас сама. До сега ми порачувале други па кога пристига производот си плаќам јас. Имам на стопанска банка картичка ќе може таква? Мене ми изгледа како комплицирано малце.
Не е воопшто комплицирано, ако имаш картичка на стопанска за интернет пазарување тогаш можеш, ако не ќе треба да вадиш специјална. Лесно ја даваат колку што знам не ти требат некои посебни процедури. Инаку самата страна те води, нема што да утнеш, ако те интересира Алиекспрес, има цела тема разлистај ја и се ќе ти биде јасно. Си бараш производ , одиш Bay Now, и потоа чекор по чекор те води страната. Ти го бара бројот на картичката, име и презиме на чие име гласи, и позади троцифрениот код. Пред тоа внесуваш адреса на која ќе ти стигне производот. Тоа е тоа.
jb82 шипингот е бесплатен преку чајна пост, без разлика на вкупната цена на пратката, но број за следење се добива само со порачки над 30$. Во секој случај на акаунтот ти испраќаат слика од спакованата пратка за да знаеш дека ти е готова и најверојатно испратена. Инаку тука, во пошта мене ми побараа марки во вредност 22 денари кога ја земав. ALISA0000 напишав и поназад, очекував покасно, бидејќи обично пратките преку чајна пост ми стигаа за месец дена, но од времето на испраќење до поштата во Скопје пратката ми стигна за 13 дена, 14 до локалната. И според http://www.17track.net/index_en.shtml пратката не помина како останатите пратки од чајна пост преку 5 држави, туку од Пекинг стигна дирекно Скопје
Дали сте порачувале од macaron.mk . Сакам да си порачам балетанки од Elite Goby (не можам да ги најдам по кинескиве сајтови ). Ако некој порачувал ве молам пишете искуства. (или ако некој ги има најдено овие балетанки некаде поевтини )
Moрам да се самоцитирам.Требаше порачките да стигнат до 10 март, денес сме веќе 11 и уште немаат стигнато, не знам што да правам, бидејќи прв пат од ибеј нарачувам, дали да им пишам на селерите?
И јас имам нарачки од ибеј што каснат, селерот ми рече да почекам уште некој ден, па си чекам, ако не ке ги врати парите.
Тука ако ти се засвиѓа нешто, ја обавестуваш таа што продава и ако е од твојот град, ќе се најдете негде, а ако не ти ја праќаат.