Го порачав последно карминчево на NYX Amsterdam , мат црвена боја , од селерот сега трет пат порачувам, карминчињава се прекрасни И за ќерка ми Па ќе пишам во темата за критики и пофалби само да стигнат
има некој купувано од www.buyincoins.com , сигурна е странава? и случајно некој дане ги има порачано вие сенки, какви се http://www.buyincoins.com/item/40724.html http://www.buyincoins.com/item/42258.html#login-modal
Сигурна е, ама ти треба пејпал. Јас имам порачувано со пејпал, тогаш имаше и опција со картичка, но мислам дека сега е тргната.
Јас имам порачувано со картичка, со тоа што вториот пат кога нарачував - беше тргната опцијата за картичка, ама следниот ден ја вратија (како што разбрав, постојано работат на страната и заради тоа се тие проблеми во порачување). Јас ги нарачав овие сенки, чекам да ми стигнат. http://www.buyincoins.com/item/40992.html
Направив порачка од оваа страна http://www.buyincoins.com/ за прв пат ... и еве денес ми пристигна..е сега сакам да ве прашам дали и овде треба исто како што е на али експрес да се потврди дека сум ја добила, ако да, тогаш кај треба да кликнам ? ..неможам да се снајдам..
Kaley, Оди во My Account, одма на почетокот е Summary, каде што имаш накратко за нарачките. Кликни на View, во Order Details и ќе ти се отворат деталите. Тука имаш опција Write a review и Upload Videos. Кликни на првото и можеш да го сликнеш производот и да го upload-уваш. За секој Review даваат 0.1 долар, што можеш да го искористиш во следна нарачка. Avon Girl - мене ми стигнаа точно за 20 дена.
Спојлер Реклама? Страната е ептен тазе, вчера-денес изгледа почна да функционира така да препрерано е за искуства. На прв поглед има некои интересни парчиња, а имињата на брендовите за мене барем не се познати. За цените не знам дали се реални, има и скапи и релативно евтини работи. Повеќе ќе дознаеме понатаму .
Знам дека LivingGlam имаше искуство со zavvi.com, ама гледам дека не е активна, може некој друг ќе може да ме упати што да правам. На 28/03/2014 нарачав требаше нарачката да ми стигне до 17/04/2014. Секогаш ми стигнува картонче да одам во пошта да си подигнам, еве поминаа десет дена плус од датумот до кога требаше да ми стигне, нема ни трага ни глас. Ова ми е прво искуство со оваа страна, ама ми изгледа сигурна, и плус Ливинг имаше споделено искуство. Вчера им пишав експресно ми вратија дека ќе ми пратат нова пратка. Рокот е до 13/05/2014. Што да правам за првата да чекам и да се надевам дека може ќе ми стигне? Да прашувам во пошта? Си велам ако може па и двете да ми стигнат (гладна кокошка просо сонува) Или па и двете да не стигнат, и да си останам со прстот во уста
Дали знаете некоја американска страна од кај што ќе можам да си ја порачам Estee Lauder Double Wear Foundation? Неможам да го отворам нивниот сајт...
Каде можам да си порачам убави дводелни комбинации,комплети ..мислам на сукња и crop top ? На алиекспрес гледав ама нема многу избор,некоја страна друга да ми кажете да има достава за кај нас и да не се премногу скапи ..? Благодарам однапред
Дали некој знае да ми помогне Се работи за шопинг преку aliexpress. Имам нарачано 3 производи. Два ми стигнаа во нормално време, уште третиот го чекам. Прашањето е: Онаа адреса (име и презиме) која што ја имав пишано, сега сакам да ја сменам. Затоа што тие картички беа на мајка ми а сега сакам да си нарачувам со моја, бидејќи тие од мајка ми им помина рокот. Автоматски, штом купувам со нова картичка, морам да ги сменам и личните податоци, нели, за да може да биде исто името и адресата на сајтот со името и адресата на картичката и адресата за достава. Така? Дали ако сега сменам име и презиме, производите кои се ВЕЌЕ ПРАТЕНИ ќе ми пристигнат, или пак ќе настане некаков проблем? Се надевам дека ме разбравте ))