2 coins се 2 долари. Наредната порачка ќе платиш 2 долари помалку, т.е можеби и помалку, бидејќи даваат по 0.1 coin за фидбекот на секој производот (0.2 доколку оставиш и слика).
како се искористуваат тие 2 coins на buyincoins? за купоните знам се снајдоб ама за овие coins ај кажете ми
има ли некој порачувано од страна: just for 5 pounds? Веќе некое време ја гледам на фб страната, па си велам да ја проверам Еве го линкот: https://www.justfor5pounds.com
Имаме разговарано за странава, работата е во шипингот кој е исто колку чевли да порачаш 5 фунти и тој некаде.Значи 10 фунти чевли а за облека и таа тука некаде беше.
Од скоро почнав да купувам онлајн ... како да кажам... и задоволна сум и не сум со гардеробата имав проблем , бидејќи не си го знаев конфекцискиот борој , па морав кај шивачка на поправка , чевли земав , едната ми беше поширока , бидејќи како е пробувана и се раширила сега чекам ланче па ќе видам какво ќе биде , на сликата е добро ... инаку исклучиво од македонија порачувам , доставата е некаде околу 110 денара , од странство немам порачано , една моја другарка порачуваше и не и стигна ништо ...
Јас сакам да прашам за оваа страна. LUSIDO Shoes Macedonia. https://www.lusido.mk/ Значи наша е странава се тоа фино, само ме интересира дали некој има порачки правено, за стигање стигаат, ме занима квалитетот на чевлите, дали се од ист материјал направени како на сликата, и сл.. Да не порачам едно, да испадне лоша копија од тоа...
Има некој искуство со оваа страна: http://www.lampsplus.com/ Ако има го замолувам да сподели 2-3 збора Фала.
lusido imaat i prodavnica taka da toa sto e vo dukjan go stavaat i na net...oni ne poracuvaat preku drugi tuku stavaat reklama od ona sto vekje go imaat vo prodavnicata.Slicni na niv se i ba-ma,perla shoes,avanti,covery i drugi
Дајте некоја страна каде можам да ги порачам Real Techniques или Sigma четките ? Фри или минимален шипинг.
Сенза, еве сетови од Сигма, со фри шипинг. Јас направив прва нарачка од странава , па ќе споделам искуства кога ќе стигне ако се биде во ред. А ако некој има некое искуство нека сподели.
Драги онлајн шоперки сакам да ве потпрашам нешто за совет...сакам од алиекспрес да си нарачам сако на долги ракави е сега дали да си го порачам моето бројче М или да земам една бројка поголемо зашто според табелата на димензии М ми доага таман...инаку до сега од облека имам порачано само 1 кошула ја нарачав за број поголема Л и ми беше океј...има некоја искуство со нарачување на сако???и ако сте нарачувале вакво нешто ако може линк од селерот...однапред ви фала многу...
Јас моето го порачав од тука http://www.aliexpress.com/store/product ... 68243.html, се раководев според табелата и димензиите беа исти како што беа опишани во табелата Кога порачуваш секогаш читај ги коментарите, тие нека ти бидат репер за реалните димензии на тоа што сакаш да го порачаш. Исто така, добро е да се порача еден број поголемо, најчесто разликата меѓу бројчињата е 2-3 цм така да и да стигне малку поголемо, нема шанса да `виси` на тебе
Јас си порачав фустанче,носам најмало с го порачав и мало ми е ме престегнува во половината следниот пат м
Јас кога порачав сако се водев само според табела и ништо друго. Во коментари имаше се и сешто и за квалитет и за големина дека не им се фаќало, други дека им било големо, а мене сакото според табелата ми излезе како лиено, убаво сошиено, квалитетот ептен ми се бендиса, исто како што беше на сликите.
Мене табелите не ми се најмеродавни зошто се случува за ист продукт различни селери да имаат различни димензии Зимово со другарка сакавме да си порачаме преубави јакни ама секој селер имаше истакнато различна табела и разликите во величини одеа дури и до 10 цм и на крај се пишманивме, не ни се ризикуваше за 40 долари...
И јас имам порачано таков, ама од buying.coins, се водев по табелата и ми излегуваше С, иако носам М (или дури и Л, зависи од моделот), ама ете ризикував, па ко ќе ми стигне ќе пишам. Дали се зезнав или што а исто читав и коментари каде што пишуваше дека бројчињата се поголеми од вообичаени мерки, па сега сум љубопитна што ќе стигне. Едит: сега ја видов страната што ја имаше Дуфи постирано, Иофер, и ме интересира ово: https://www.ioffer.com/i/opi-nail-polish-568708491 Не разбирам, цената ли е за едно лакче, и кое? или е рандом пратката?
Има некоја искуство со некоја од овие страни https://www.facebook.com/OnlineShopsKupiSega https://www.facebook.com/kupiodamerika
Site ovie poracuvaat od ebay ili aliexpres i prodavaat po povisoka cena za da imat zarabotuvacka.podobro licno poracaj si go od ali otkolku vaka