1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Онлајн шопинг

Дискусија во 'Мода и стил' започната од lady-gaga, 13 јуни 2010.

  1. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Прочитав на почетокот дека некој незнае како функционира Ибеј. Функционира на следниов начин. Има производи бај нау што се купуваат веднаш. А има и производи со бидс. Тоа значи дека за рок од _____ време (часови или денови) луѓето треба да лицитираат. Некој ке напише 10 долари некој за да ја добие чантата ке напише 12 долари и сл се додека не ја достигнете најголемата цена што е понудена за производот. Тогаш победувате.

    Инаку, очајно сакам да нарачам нешто и дајте истражите ја работава со Словенија и слично сеуште не разбрав. Или пак ако некој е од Скопје, Тетово или Гостивар би можел ли да ми нарача нешто(доколку нарачува) што лично ке го платам и земам. Прво пари ке дадам. Многу сакам да нарачам нешта од мала сума но ужасно сакам. Фала однапред. Доколку некој се согласува нека пише порака.
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ^^
    кога ви се свиѓа нешто прашувајте го продавачот по приватна порака дали постои друг начин на исплата освен PayPal.
    повеќето прифаќаат Western Union (со што малце поскапо се фаќа) или Bank To Bank, односно ако имате Visa Electron картичка он ви кажува сметка, вие уплаќате пари на таа сметка.

    јас баш во понеделник ќе уплаќам преку western и тоа едни штикли дури од Хонг-Конг :rofl: , ама среќа има free shipping. :)

    инаку досега имам купувано од eBay и никогаш сум немала проблем. додуша едно сако го чекав месец, ама битно стигна. :)
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имаше еден сајт нешто со америка беше поврзан, само за шопинг од Македонија демек. Не ми текнува ич. :worried:

    Инаку немам искуство со ваков шопинг.
    Еднаш добив храброст ама ме изнервираа тие од FedEx, па ми се одмилија и сенки и се. :)
     
  4. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Имам еден проблем сега. Бев нова на Ибеј и уште незнаев да лицитацијата и случајно ставив бид и на крајот победив. освоив едни летни штикли ама јас незнаев! кога увидов му пишав лична порака на селерот но ми пиша дека веќе ги пратил штиклите. Сега кажете ми како да се спасам од ова???

    На пример доколку не ги подигам од пошта дали ке се спасам?
    некои решенија ве молам
     
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Се додека не платиш нема да ти ги пратат, така да не се секирај нема да ти стигнат. Единствено може да добиеш негативна критика на профилот и да важиш за несериозен купец.

    А тој ако ти пишал дека ги пратил негово гајле, ма да сигурна сум дека лаже. Ја знаеш онаа изреката: Пари на рака, Мара за рака - верувај никој не е така глуп да прати нешто без да види кеш на сметка.
     
  6. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Леле истото и јас го мислев мислам со кој памет ги прака кога нема да ги платам. Сигурна сум дека лаже. Инаку го деактивирав профилот но требало да се чека 180 дена! и да се надеваме дека нема да ги прати.
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ич да не му се секираш, и ако ти стигнат со здравје да си ги носиш :) Нема потреба да го деактивираш профилот, само смени ги сите можни податоци внатре и не го користи повеќе.
     
  8. lolipop69

    lolipop69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Јас кога нешто треба да купам од net. секогаш си купувам од amazon.com
    Секогаш си наоѓам тоа што ми треба:)
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Eве ви уште една страна за шопинг, вршат достава до Македонија и цените се изразени во денари. Малку повеќе од солени се цениве, апсурдни дури, ама на попуст може да се најде нешто.
    http://www.freepeople.com/

    И од проверени информации на нарачки до 57 евра, не се плаќа царина.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.990
    Многу убави работи има овде, баш ги гледав пред некој ден, ама премногу се скапи. Нажалост. :( А инаку супер страна. :) Палче нагоре.
     
  11. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    ми треба помош...ако ми пратат пари на сметка на paypal ќе можам ли тие пари да ги подигнам?
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Месец ипол сеуште чекам за мочани 10 парчиња накиот од по 1 долар, некои ми стигнаа за 3 недели, некои сеуште не се стигнати |(
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Мимс ќе се надоврзам на твојот пост, еве и јас чекам нарачка уште од 17 Ноември :worried:

    Нарачав едно ланче од Амазон и веднаш по маил ми пуштија потврда дека го испорачале и број за следење на пратката, но на веб страната на UPS го покажува како невалиден. Најпрвин мислев дека тоа е заради тоа што нели се испорачува во Македонија, ама рокот кога требаше да стигне (од 05-20.12.2011) скоро и да е поминат, а него никаде го нема. Ќе си почекам до крај и ако не дојде ќе почнам со жалби и поплаки, па ако ништо друго барем парите да ми ги вратат.

    Еве го и ланчето на кое треба(ше) да се радувам :|
    [​IMG]
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    И јас нарачав исто такво, уште 10тина слични работи .....
    Не се многу пари 10 долари се во прашање... ама криво ми е шо ги чекам толку долго и ми се одмилија веќе |(
    Инаку од и беј порачав јас.
     
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Хех... добар вкус ;)

    Од eBay обично враќаат пари ако не ти стигнале работите, барем мене до сега се ми имаат вратено. Само ќе им пишеш и ќе ги замолиш за решение и сами ти нудат да направат рефундација. Знам дека не се многу пари ама малку по малку се собира. Туку поголема е маката што не стигаат и стварно се одмилуваат работиве.

    Инаку јас моево ланче го земав 5$ + 2$ shipping, мислев Amazon демек посигурни ама... :worried:
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    На и беј е многу поефтино, 1 долар без шипинг. Има многу убав избор се по 1 долар, џабе.
     
  17. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    ^Со каква картичка плаќате на е-bay?
     
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Да знам, ама немам начин како да платам таму.
    За нас обичните смртници без PayPal - нема eBay :geek:

    Само преку PayPal, нема опција за плаќање со картичка.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Артемшн да не си грешка?
    Јас лично немам картичка, но пријателот кој ми порача користи виза електрон на Стопанска :^)
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Сигурно користи Виза Електрон од НЛБ зашто со таа од Стопанска не може ни кај нас да се плаќа, а камоли во странство. Таа од НЛБ (значи постарите, не сите) ја прифаќа на PayPal и ниту една друга нажалост. Баш прашај го, 100% сум сигурна дека е така :)