Женски, ми треба помош. Од пет производи нарачани преку Ибеј, дури два не ми се стигнати, од нив една јакна од 20 евра, на која толку и се радував. Значи, помина тоа отприлика времето за пристигнување што беше ставено, јас пишав на селерот, отворив случај, селерот одговара дека би требало да стигне, бла бла бла, ама што ако не стигне. Воопшто не ми се допаѓа како функсионира Ибеј, а уште помалку бајинкоинс. Од таа па страна се уште чекам едно сако, и не знам колку долго треба да толерирам кога никаде никаква временка ориентација ми немаат дадено од странава. Јас пишував, прашувам, се ми одговараат биди трпелива Има ли некој овакво искуство, конкретно со Ибеј, како ќе заврши ситуацијава? (Само се плашам да всушност некој од нашиве поштари нема земено пакетот, ама па од Али експрес толку работи имам порачано, се ми секогаш стигнува, зошто од Али тогаш не ми снема нешто )
се надевам дека е точна информацијата- односно дека нема да се предомислат ПејПал. Само да потсетам дека минатиот пат пред две години ја имаше истата информација на нивната страна и не испадна ништо, се предомислија. И сега проверив во земји пак не нема. Ама ке бидам Оптимис и пак ке речам Јеее
Јас порачувам со картичка од Стопанска банка -ВИСА Интернет картичката- наменета е исклучиво само за интернет порачувања. Треба да поднесиш само барање и копија од лична карта.
Не можат да се следат. И јас се вклучувам кон поплаките кон Ибеј. Последните месеци скоро и ништо да ми нема стигнато,а во исто време порачувам и од али и се е во ред. Незнам дали е до нашите пошти или нешто друго е во прашање. Освен за брендирани производи од ибеј, кои ги нема на али, во друго ништо не се разликува од али. Дури али и е многу по снабден. За враќање пари сум немала проблем,селерите се културни и љубезни. Но и на али сум немала проблеми од оваа страна. Така да мене и не ми е нешто Вааауу , пробав, видов, ако ептен нешто нема на али, го порачувам од ибеј. Пак ќе кажам предноста е во тоа што на ибеј има селери од цел свет, но затоа шипингот е малку поскап ,па и не излегува многу исплатливо.
Мене не ми менува ништо PayPal, и понатаму бр. 1 за нарачување ми е Асос и се крстам да не го снема (читав нешто по хрватските форуми опаднат профит...) затоа што се' што ми треба си наоѓам таму. Имам 2-3 страни за спортска облека/патики кадешто нарачувам и тоа е. Со aliexpress немам искуство, што знам некако не ми се јавила желба да нарачам нешто од таму.
На Aliexpress е многу битно да го читаш фидбекот од другите луѓе. Ако има само Excellent и во тој стил коментари, тогаш ризикувате нешто да не е како што очекувате. Во Скопје стигаат за триесетина дена од денот на испорака. Главно сум задоволна, ама имало и утки
девојки ај кажете ми некоја страна за порачување облека и нешто др. од странство онака да видам како изгледа тоа..
"Во текот на вчерашниот ден услугата Пејпал Сенд за Македонија се уште не беше достапна, но по нејзиното активирање, што се очекува во текот на неделава, граѓаните кои имаат кредитни или дебитни картички приспособени за интернет трансакции, ќе можат да се регистрираат за корисничка сметка на Пејпал."
Ти стигна пратката lovemme? Јас уште си чекам,10 пати му пишав на селерот ми вика ќе стигне,ќе стигне а и гледам нема опција како диспјут,така да останува да чекам
и само што видов дека не ставиле на пејпал јас одма прва да пробам . ИИИИ што да кажам ....Си ја откажав старата сметка зошто ми беше со земја Бугарија -да ја ставам Македонија де... Си направив нова иииии НЕ МИ ЈА ПРИМА КАРТИЧКАТА ..... WTF некој друг да пробал??? имам пари не е дека немам ако случајно мислите на оние 1,50еур дека е...
Мислам дека е поради истата картичка. Ти ја препознава. Нели порано од време на време прочешлувале и ги затварале лажните профили, те. таквите како нашите, па луѓето ваделе други картички и пак отварале нови пејпал акаунти. Ова го прочитав на друг форум, немам искуство, па некако ми логично доаѓа дека поради стариот акаунт сега не ти отвара новиот со истата картичка. Ама се надевам грешам. И самата помислив да отворам нов акаунт, ама поради ова не се осмелив да пробам. Штом функционира и овака, нека функционира додека може. И јас се уште чекам. И пак пишав на селерот и тој ми одговара демек ќе проверувале во пошта, па дури и мене ми предлага да прашам во локална пошта да не се заборавиле да ми го достават до дома Хмм, толку од мене од бајинкоинс. Глупости на квадрат!