Векичке, пејпал е систем за плаќање, на кој ја регистрираш твојата картичка и со него можеш да плаќаш на ибеј и многу други страни. Е сега наводно е пуштен и кај нас и ќе профункционира од наредната недела. Регистрацијата е многу лесна, те води чекор по чекор, ништо комплицирано. Јас, а и многу други кои имаа картичка на НЛБ, имаме веќе направено, имаше финта со регистрирање преку Словенија. Инаку јас немам пробано да ја промена, нека си стои вака додека функционира.
Аха како што сфатив Дафи треба да имаш само картичка и после ја регистрираш на страната пејпал? Јас немам никаква картичка, треба да извадам ама незнам каква ај ако сакш помош малце и за ова
Да, да ти треба картичка. Било која за интернет шопинг. Јас ја имам Виза-осносва, дебитна на НЛБ и досега секаде ми има поминато, ја користам за се. Инаку еве не конечно на листата на Пејпал
Со PAYPAL сега ќе биде многу лесно да се прават интернет нарачки. Сите онлајн производи ќе ни бидат достапни без проблем.
мислам дека успеав да се направам акаунт на пеипел ми побара бројна картицка пасворед емаил адреса и се логирав успешно и сега коа ке плакам на ебаи коа ке одберам со пеипал картица какое понатаму процедурата знае некој???
здраво. Некој ќе може да ми каже како да си порачам од H&M за Македонија, оти ја нема во списокот на земји. Фала
Не можеш да порачаш од Х&М , немаат достава за МК, како што рече и самата ја нема во списокот на земји.
А што е разликата со ПејПал и до сега како што беше? И каде се прави акаунт? Треба на нивната официјална страна?
Разликата е тоа што до сега не немаше на листата, па правевме акаунти со земја на регистрација Словенија/Бугарија и ја прифаќаше само Виза на НЛБ. Е сега веќе сме официјално на списокот, и со секоја картичка за онлајн шопинг, без проблем би требало да се прави акаунт. Инаку да, на нивната официјална страна можеш да се регистрираш www.paypal.com
A освен за онлајн шопинг има некакви поволности оваа пејпал картицава? И јас не сум баш упатена Се вадат пари од неа или се исклучиво за онлајн транфери? Може да речеме да си ја носам во странство и да плаќам со неа? Читав иназад што сте пишувале ама да бидам искрена не ми е ни јасно во што е разликата меѓу пејпал и обична ...ок ќе се регистрираш на пп и? Што добивам со тоа?
Освен за плаќање служи за праќање на пари. Предноста на пп е тоа што е сигурен систем, и можноста за пробивање на картици е минимална. На еден начин пп ја штити твојата картица. Јас вака си го толкувам. Враќањето на пари е брзо и лесно и доколку имаш плаќано преку пп, а се појави некој проблем, можеш да се обратиш дирекно на Resolution center и тие го решават случајот.
Што мислите, ќе може со Мастер Кард на Стопанска да се купува преку ПејПал или само со Виза Интернет ќе може? Се регистрирав ама уште немам пробано да направам трансакција.
Па пробај, ама мислам дека Визата ќе помине секако, бидејќи е за онлајн шопинг. Ако ти ја прифатило при логирањето, значи можеш да плаќаш.
Мадам А нема да добиеш картичка на пејпал. Пејпал системот само ја обезбедува твојата картица. Односно тоа е систем преку кој е обезбеден и продавачот и купувачот од другата страна . Затоа се преферира да се има односно да се купува преку него а некои страни работат и само со тој систем па затоа досега не ти ја примаа картичката .
^Да се надоврзам на муабетот за Пејпал. Пејпал е всушност еден посредник. Ги поврзува купувачот и продавачот на тој начин што и двете страни се заштитени - купувачот безбедно плаќа, без некој да добие шанса да ја злоупотреби неговата картичка и продавачот безбедно си наплаќа, односно си ги добива парите за продадените добра без некој да го измами и да не му ги плати Спојлер Win - win ситуација