Не порачувам од бајинкоинс, па незнам многу да те упатам, но и да ставиле плаќање само со пејпал, отвори си на твојата картичка и готово. Барем сега е лесно.
Сакам да направам порачки онлајн преку кредитна картичка, па сакав да ве прашам вас поискусните, која е шансата да ми ја хакнат картичката некако и да купуваат со неа? И ако сето ова е можно, тогаш како да се осигурам да не дојде до тоа?
Девојки во исчекување сум на картичката и ке се регистрирам на пај пел и сакам да си порачам од ибеј. Само не ми е ногу јасно, како оде со тоа GPB,на некој има долари а тоа не знам што е..И друго да ве прашам на нкои прозводи цените и се многу смешни, 2 3 долари. Што мислите можно е. Некој пто порачувал да ми објасне и на мене... Фала
Онлајн производи (искуства и критики) Колку е поштарината на едно фустанче или блуза или ташна или нешто друго? Сакам да порачам. И како оди плаќањето?
^^ SV1911 ставај пари само колку што ти е нарачката. Не ставај многу пари за да не дојде до такви работи, а се е можно денес. Така да јас не ти препорачувам да ставаш многу пари на картичката што сакаш да порачуваш. lidedaov95 - Немам искуство со ebay но имам многу со aliexpress,па затоа ќе ти кажам за него , а не верувам дека и нешто многу различно е на другото. Штом отвориш на Алиекспрес одиш во категоријата што сакаш да разгледаш или порачаш ( во случајов нека биди фустани ) еве и слика . Ги штиклираш тие три што се заокружени и си разгледуваш фустани, јас би ти препорачала до првите 6-7-8 страни ти се најсигурни. Бидејќи со штиклираното ти ги бараш артиклите што се со free shipping, има многу порачки од нив и купувачите се задоволни од истиот тој производ. Одиш најдолу на страната и таму ќе најдеш коментари од купувачите и нивното искуство од тоа дали и колку се задоволни, во спротивно го бараш истиот тој производ кај друг продавач со подобри коментари. И според тоа одлучуваш дали сакаш да го купиш тој производ или не. Ова е тоа од кое јас се водам . Се надевам дека малку ви помогнав, а ако имате некое прашање обратете ми се
Ибеј иако на почетокот ми изгледаше доста хаотично, со тек на време се навикнуваш. За селектирање на фри шипинг имаш на левата страна, само го штиклираш и толку. Обично кога пребаруваш ти ги дава и аукците, па јас најчесто си го селектирам горе Buy it Now и си пребарувам. Сите цени се изразени во долари, иако има и во британски фунти(ГБП), но малку подолу со ситна бројка ти го пишува износот и во долари. Вака GBP 1.49 Approximately US $2.55 Ако е Free Shipping си пишува Shipping: FREE и во продолжение преку која пошта, а ако не ја пишува цената на шипингот. Исто како на али,и овде го гледате фидбекот на селерот,кој е на десната страна. Мислам дека тоа е тоа.
Можеш да ставаш колку сакаш на дебитна или интернет картичка, но јас од кај што сум можам да порачувам само со кредитна која има секако ограничен лимит, па баш за кредитна прашував конкретно како да се осигурам да не ми ја хакнат, пошто парите јас од свој џеб ќе ги давам секако.
Ви благодарам на помпшта мислам дека ке се снајдам, доколку имам проблем ке ви пишам повторно. А да ве прашам уште нешто дали сигурно стигат, и дали доколку не стигне ти ги вракат парите..? Или пропага тоа..
Нема под производот како на али, ќе кликнеш на фидбек скор т.е на ѕвездичката, таму се коментарите. Па ќе видиш дали за производот кој го бараш има фидбек. Ако не стигне производот ги враќаат парите, исто е како и на али. Предноста е што на пејпал легнуваат побрзо и полесно можеш да се разбереш со селерите.
се логирав на Paypal и сега за да ја потврдам картичката ми бара да внесам некој код, јас имам инт картичка од стопанска, кај да го видам тој код, инаку парите ми се повлечени.
Дали може некој што знае да ми каже што се разбира, дали може на ибеј јас да бидам селер, дали може од тука да продавам производи?
Да, можеш и да продаваш. Имаш во Мy ebay - Selling па кликни на него -Sell an item , и на таму те води. За друго неможам да ти помогнам,немам ништо продавано.
Не сум најсигурна ама мислам дека не може, бидејќи сега за сега овозможија од Мк да може само да се плаќа преку пејпал, а не и да се примаат пари што би ти требало како опција ако си продавач.
Има копија на али експрес но се без етикета. Како тие што ги продават на фб по 5000 можеш за 2-3000 на али да ги најдеш. Јас имам еден таков и многу сум задоволна. http://forum.femina.mk/moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/100.html#p2036199
ааа кои се најсигурни страници за нарачка на спортски патики дали знаете? и како оди постапка ако може некој да ми објасни
Жени, вие кои имате порачувано од iHerb.com, зошто не ми ја отвара цела страна и тоа од повеќе пребарувачи? За колку дена стигаат производите? Пишете ми како да се снајдам, никаде не гледам Македонија кај shipping.