Нормално дека ќе треба да доплатиш царина и ддв не им ги знам тарифите само, информирај се повеќе да не те изгорат. ЈоВаСт не се доплаќа ништо во пошта, а тоа дали до дома ќе ти го донесат или ќе ти пратат ливче зависи незнам од што, мене некогаш на врата ми ги носат некогаш со ливче, изгледа како имаат работа така...
Се доплатува кога износот на еден порачан производ е над 40 долари мислам беше, нека ме исправи некој ако грешам. Поштарот би требало да ти го донесе директно на врата, освен ако е некоја голема пратка па да ти остави ливче да го подигнеш самата. Мене досега сите ми ги донесуваа дома.
Ако некој онлајн купувал леки, ве молам пишете ми веб-страна (да знам дека сигурно ќе ми стасаат). ФАЛА однапред!
Направив порачка на iherb http://www.iherb.com?rcode=PTL347 - мојот код за попуст Нарачката се на се ми фати 27 долари , дали на пакетот го пишуваат и шипингот ?
Онлајн производи (искуства и критики) Ако некој има нарачано леки, ве молам пратете ми линк од сигурна веб-страна.
Над 45 евра се плака царина за облека за други артикли им адруга трифа побарајте на царина ке ви кажат
Една школска купуваше леќи преку интернет и си ги уништи очите. После се влечеше по болници, очите буквално и беа поцрвенети и отечени, на крај излезе дека е алергична на леќи и дека окото не и поднесувало или нешто така. А и самите леќи беа некако чудни, се гледаше дека носи леќи, а не би требало да биде така. Не знам зошто комплицирате, подобро платете повеќе, порачајте си од ординација, легитимно се нека оди, прво прегледи, па после се останато.. отколку да си играте со очите т.е. здравјето.
Јас нарачувам на FreshLook леќи во боја и до сега ми се покажале супер. Истите ги продаваат и кај нас само двојно поскапи, па зошто да плаќам повеќе кога може да имам два пара за тие пари. Повели линк, јас ги земам од eBay (Франција) и за недела дена стигаат кај нас.
А да прашам , во врска со леќите , тие што имаат цилиндар (астигматизам) како да порачат леќи преку ибеј зашто гледам не пишува нешто во врска со ова
Koritsaki стварно не знам, а и мислам дека тоа подобро да се земе од тука по препорака од лекар отколку на своја рака од интернет или евентуално ако си користела претходно некои да видиш кој ги произведува и да споредиш дали се можеби поповолни па да ги нарачаш скроз истите. Леќите на FreshLook што јас ги нарачувам се без никаков диоптер/цилиндер.
Има ли некој нарачувано леки од http://www.aclens.com/ ? Ме интересира дали е можно да ми наплатат царина (нарачката би ми била околу 60 евра) и колку е shipping до МКД (јас колку што гледам е околу 12 евра)
Јас редовно одам на очен преглед и цело време купувам леки од МКД според она што ми го пропишува очниот доктор, јас не земам леки на своја рака. Но, гледам повеќето луѓе што носат леки ги набавуваат преку интернет за пола цена од онаа што е во Скопје. Затоа и сакам да нарачам, зошто на некого тука да му давам дупло повеќе пари за нешто што можам и сама многу поевтино да си го купам!
Koritsaki, јас не знам од која фирма на леки носиш. Јас носам Bausch + Lomb, повели линк од Bausch + Lomb за леки за астигматизам: http://www.bausch.com/en/our-products/c ... tigmatism/ Но, најдобро (ако досега не си носела леки), најпрво да одиш на очен преглед и докторот да ти каже какви леки е најдобро да носиш. Па, после е лесно да се просурфа на интернет за најниска цена и да се нарача.
Не носам леќи туку очила ама заинтересирана сум за порачка преку ибеј зашто мислам дека поевтино излегува , една моја другарка купува преку ибеј секогаш таа има само миопија но бидејки јас имам плус астигматизам неможам такви обични да земам секако затоа прашав некој да не знае но како што викаш ти најдобро прво на лекар па после ќе побарам и на нет
дали некој има купувано преку оваа страница http://www.justfor5pounds.com/ има многу ефтини работи од фустани ...се за 5 фунти незнам колку им е шипингот па ако има некој нека сподели feedback
Не за се. Книги, цд-а, двд-ја, kindle, и некои други работи може, но колку што имам приметено, повеќето гардеробата и некои други работи немаат достава до тука.