Ај помош кој се разбира повеќе со buyincoins. Пред повеќе од два месецa направив порачка и не ми стигна и побарав да ми ги вратат парите и ми го пишаа следново Sorry that you still haven’t received your item yet. You’ve patiently waited for a long time. What about we fully refund you in coins first? If it arrives later, please inform us and repay for it. What’s your opinion? Looking forward to your reply. Ако им потврдам да ми ги вратат парите ќе е исто како на алиекспрес? Ме буни она in coins.
^ Ќе ти ги вратат парите ама не на сметката твоја туку на самата страна како coins во вредноста на парите на нарачката што не ти стигнала и со тие coins ќе можеш во било кое време да си направиш нарачка на страната,и мене истото ми се случи и пак си направив нарачка па ќе видиме дали ќе стигне. Ако не ме сфати,пиши ми слободно лп ќе ти пратам слики
И мене ми имат пишано така, само што јас не сакав така, туку им пишав да сакам назад пари на мојата картичка и тие веднаш потоа ми испратија мејл дека ми ги вратија парите на картичка, повторно со извинување што не ми стигна порачката. На нив во прилог оди да понудат тие coins за да би оставила парите пак кај нив, ама ако тебе не ги одговара и немаш намера да купуваш нешто, слободно пиши им дека сакаш парите.
Ми треба помош Како за прв пат од ебаи порачав маичка од 3 евра ја платив со виза на која со предходно направив паипел акаунт на таа сметка Сега сакам да видам каде ми стои порачката каде ек добијам известување дека е пратена ,откажана или слично каде ке имам тракинг бројче и отприлика за колку време да ја очекувам? фала ви
Тракинг на ибеј скоро никогаш нема, така да не очекувај. Оди во Purchase history кај My Account ,таму ти стојат сите нарачки, и време во кое треба да стигне.
Сега видив порачката стои ја има ама нема време кога би требало да стигне и нема никаков статис инаку дуфи платена е пред 1час некаде да не е рано за да има време кога ке стигне?
Не е, има и порачки кои неемат рок,па ти останува да чекаш Кога ќе ја пратат ќе ти стои кај Shipped 1.
Ми тргна мене со царинењето. Може им е наредено да царинат и тоа што треба и тоа што не треба, им се може. Вчера платив 500ден. за пратката од асос, сега ми стигнува порачката од iHerb, која беше околу 20$ и таа царинета, 250ден. Ви се случува и вас ова девојки, со последните порачки? Зошто една година веќе порачувам онлајн и ништо дополнително не сум платила досега, до последните две пратки.
Мене фала богу не ми се случило да ми царинат нарачка, ама веќе трети пат ми се случува да нарачам 2 пати маици за брат ми, еднаш моја маица од http://zavvi.com, чекам до одредениот рок и од нарачката ни трага ни глас. Среќа што се коректни и 3-5 дена ги рефундираат парите. А од истата страна ми има стигнато нарачка за 5 дена. Сега нарачав од http://thehut.com (истата фирма како zavvi.com) ќе видам баш дали и за колку време ќе ми стигне.
Девојки имате ли порачувано од gardemoda.mk ? гледам има убава ефтина постелнина, па незнам што да правам. ако имате искуство, споделете
Девојки како иде правење нарачка на ебеј? Видов убав прајмер за пудра па сакам да си го земам ама ме интересира како да видам дали е доверлив селерот,по фидбекот како на али што е или има друг начин? Малку не ми е јасна странава додека да влезам во шема па ако знаете што како кажете
Жени, помош ! Ми стигна известување дека за вредносна пратка со тежина 0.55 кг треба да се спроведе царинска постапка и треба да доставам фактура/сметка/документ за вредност на стоката... Што значи ова ??? Инаку вредноста е околу 36 долари. И сега... што треба да направам, ќе ми се царини ова и колку ? Пратката е со производи од iHerb. Едит* Еве што најдов на страната на Царинска Управа на РМ: Доколку примачот е физичко лице, плаќањето на царинските давачки и ДДВ се врши на еден од следните обрасци: -Поштенско царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност и се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во завосност од видот на стоката. Неа ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката.
Тебе барем ти стигнало нешто од царина да доставиш фактура, мене директно ми ја царинеле пратката, не знам можеби дека не сум од Скопје. Исто и во мојот случај се работеше за пратка од IHerb, околу 20$ беше мојата нарачка. Ми ја царинеле, 150тина ден. треба да платам. Ти испечати од iHerb тоа каде што ти е нарачката, каде што се гледа колку си платила. Можеби ќе ти се царини, па ќе треба само за ддв да платиш.
Епа, ди ајрони е тоа што баш денес се вратив од Ск. и можеби ќе идам задутре може после 10 дена, а тоа не знам на сигурно. Знаев дека нема да сум таму, и јас за шипинг адреса си пишав Струмица. И сега, дали може да им пратам на мејл документ? И пак овде да ми стигне? За да нема потреба само до пошта да идам до Ск.?
http://www.gardemoda.mk/ Moжете и од овде да порачувате со достава до дома. Доставата мислма дека е бесплатана. А од оваа страна имам порачувано и доставата е брза и бесплатна www.kupinakit.mk
Има шанси да им е наредено да царинат. Мене ми се фати да платам 600 денари за порачка од 2200 денари. Така да... не важи она над 45 евра. Како ќе им дојде така прават по се изгледа. Испринтај ја страната каде што ти пишува колку пари си платила за таа порачка и ќе ја однесеш таму за царина. После тоа ќе ти кажат каде да си платиш и ќе платиш секакви глупости како лежарина, отварање на пакет ау бау... Мене се тоа 600 денари ме фати. Секако дека доставата ќе е брза и бесплатна. Производите им коштаат стотина денари, а ги даваат 5-6 пати поскапо...
http://www.kupinakit.mk/ или со други зборови- Купи го евтино од Али, продај го многу поскапо во Мк http://kupinakit.mk/v1/admin/upload/201 ... G_6670.jpg http://www.aliexpress.com/item/New-arri ... 11837.html http://kupinakit.mk/v1/admin/upload/201 ... 2037_n.jpg http://www.aliexpress.com/item/Wedding- ... 77648.html
Вчера им се јавив, барем љубезни беа, ми кажаа дека може и по мејл документ за вредноста да им пратам. А, за колку време сега да ја очекувам пратката?