Жени, картончето конечно ми стигна и на него не пишува колку треба да платам. Ќе ми кажат таму, на лице место?
Еве да си се цитирам сама себе. Само што ја зедов порачката од iHerb, ептен ме израдува брзото пристигнување со оглед на тоа што ја очекував помеѓу 2-8 недели (порачката ја направив на 17.07). Всушност пристигна уште на 30.07, ама си лежеше на царина. Производите се совршено спакувани (не можам да ви сликам во моментов) и екстра заштитени, а откако ќе ги пробам дополнително ќе се јавам тука. Се работи за три четки Real Techniques и маска за лице Queen Helene. Во врска со царината, мојата порачка беше 35,84 долари со сè шипинг. Во пошта ми зедоа 299 ден. иако на кутијата пишува 132 ден. царина. Е, ова ми е прва порачка со царинење, па не знам шо и како.
https://www.victoriassecret.com/ што мислите за странава јас се регистрирав ја има мк како земја во која испракаат ...
како на е-беј да подврдам дека ми е стигната нарачката. никако неможам да се снајдам, не е како кај али јасно означено
Извинете што ќе бидам малце off topic! Имам 1 прашање за оние што користат интернет каричка од Стопанска банка. Се јавив да прашам за детаљите, ми кажаа дека за да се добие картичката, треба да ти отворат трансакциска сметка во банката и дека нема да има други трошоци освен што секој месец ќе наплаќаат провизија од минимум 20 денари. Но, ми кажаа дека во зависност од вкупниот износ на трансакциите во 1 месец, провизијата може да биде и многу поголема. Имајќи лошо искуство со Стопанска банка, ме интересира ваше искуство со картичкава (висина на провизија и слично). ФАЛА однапред за одговорите!
Миа, јас пари префрлам директно на картичката и досега немам приметено да ми имаат земено провизија. Вистина станува збор за навидум мала сума, 20 ден, ама некако не ми се верува дека за година дена немаше да видам Трансакциската е веќе друга приказна, таму не знам што како е, ама јас лично не ја користам. Исто така, да си знаеш - ако префрлиш пари на трансакциската, автоматски не ти се префрлаат на интернет картицата. Јас така се зезнав првиот пат кога порачував, од што убаво ми објаснија тетките на шалтер што се, па морав минатиот август, на пладне, по температура од 40 + да се враќам назад во банка, да си чекам ред пред шалтер за да ми ги префрлат парите од трансакциска на картица.
Вчера направив огромна порачка од buyincoins ставив на сметка 6000 ден и нарачав 30 производи Трепки, палети сенки , четки од оние mac ,руменила oд urban decay,ланче,коректори и т.н нешто за мене нешто за брачедами... Е сега сакам да ве прашам колку дена се чека ??
јас имав 3 порачки од таму и сите стигнаа, во просек околу 25 дена се чека. Бидејки ти е поголема порачката ке ти дадат и број за следење, па ке можеш да видиш како се движи.
Направив порацка од E-BAY и има поминато околу 2 недели од тогаш За колку време да ги очекувам порачките ? И дали има некое бројче за следење на ????
декојки еве ме мене пак ... сакам да ве прашам дали може да се нарача ова не се разбирам баш од ebay ... http://www.ebay.com/itm/Victorias-Secre ... 0983831650 ....
Ме интересира дали некоја порачувала од тука, случајно ја најдов странава http://www.dhgate.com/?f=bm|00%20Online ... Aix98P8HAQ и дали е сигурна?
Здраво девојки. Ми стигна и првта порачка од ибеј, но во неисправна состојба. Побарав да ми ги вратат парите и селерот ми рече да не оставам лош коментар, колку да чекам еве веке четири дена помина..?