Ве молам за помош. Направив порачна на ибеј и тие пари што беа на пајпел ги повлече и не беа доволни и требаше од картичката да повлече. И не бива, пробувам пробувам, не оди некак. Не знам што да правам тие пари ми се повлечени од пајпел а никаде ја нема порачката. Помош..
Здраво женски, сакам да го нарачам ова од алиекспрес, али досега немам нарачувано вакви електрични работи од таму само ситнурии и затоа сакам да ве прашам, дали некој има искуство со нарачување на вакви слични работи и дали се квалитетни, бидејќи за цена е навистина поевтино од тоа што тука го нудат. http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 68242.html
Мене ми стигна фустан од асос околу 20-ти Август го земав ама не доплатив ништо....да не е со сумата нешто поврзано?? фустанот чинеше 17 евра
Бев малку скептична кога нарачав постелнина од gardemoda.mk, но сепак ми стигна што баш таа што ја нарачав и ми се допаѓа квалитетот. Колку што можев да видам, робата е од Турција. Пред да ја достават истата, една девојка ме контактирасе 2 пати за да ме извести до каде е испораката. Коректни беа и сум задоволна. Барем од овој производ.
Кога порачувам од али експрес секогаш сум гледала фидбек (тие жолтите звездички да ги има),ама сега најдов едни хеланки од еден селер и немаше ич фидбек,ги побарав истите хеланки кај друг селер ги имаше аама нигде нема фидбек..незнам шо да правам,и незнам дали е сигурно..што мислите вие?
Онлајн производи (искуства и критики) Имаше една страна на фб од Кина биле порачките Купи се или Купи и не ми текнува како беше името натамуу
Само што се зачленив на Buy in coins преку Paypal профилот.. немам воопшто искуство со странава ама да не е сомнителна? Знам од вас некои беа задоволни ама пак на некои им немаше воопшто стигнато порачката.. А дали враќаат пари ако не стигне производот? И дали има рок на достава како на Aliexpress?
Јас бев задоволна на почетокот кога ја дознав (некаде пролетта). Се’ што имав нарачано ми стигнуваше за точно 20 дена. Потоа почнаа да се одолговлекуваат по еден месец, а на крај воопшто да не ми стигнуваат. Конкретно, последната пратка ми е испратена на 1ви јули, а не стигна, ама не сум отворила да им пишам нешто т.е.да се побунам За враќање пари - мислам дека на една феминка и’ вратија пари во вид на поени, за да може повторно нешто да си нарача од нив, пр.ако бил производот од 2 долари, ги вратиле во вид на 2 поени да си нарачаш нешто друго. Број за следење даваат за нарачка над 30 долари.
Мене ми имаат вратено пари ама прво треба да се изначекаш, бидејќи те ти пишуваат да бидеш трпелива, да сочекаш, па на крај кога веќе помине секој разумен рок за испорака и ти бараш пари да ти ги вратат, тие првин ти нудат тие поени, за да нарачаш нешто друго во таа вредност, па ако сепак инсистираш да ти ги вратат парите на сметка, ќе ти ги вратат без проблем. Таков беше случајот со мене. Сето тоа време ти треба да комуницираш со нив преку пораки, не е како на Али, стиснеш копче и си позаштитен некако. Јас не порачувам веќе од таму, не дека нема да ти ги вратат парите, ама целиот процес ме истоштува.
[/quote]Мене ми имаат вратено пари ама прво треба да се изначекаш, бидејќи те ти пишуваат да бидеш трпелива, да сочекаш, па на крај кога веќе помине секој разумен рок за испорака и ти бараш пари да ти ги вратат, тие првин ти нудат тие поени, за да нарачаш нешто друго во таа вредност, па ако сепак инсистираш да ти ги вратат парите на сметка, ќе ти ги вратат без проблем. Таков беше случајот со мене. Сето тоа време ти треба да комуницираш со нив преку пораки, не е како на Али, стиснеш копче и си позаштитен некако. Јас не порачувам веќе од таму, не дека нема да ти ги вратат парите, ама целиот процес ме истоштува.[/quote] А да те прашам директно на сметка ти ги вратија парите? Зашто мене веќе 4 нарачки не ми стигнаа и побарав пари,селерот ми бара ПејПал акаунт (а мојот уште не ми е активиран,пошто треба картицата да ја потврдам) и ми вика или преку ПејПал или во коинс..
Да, директно на картичка, виза картичка. Можеби сега нешто е сменето па се плаќа само преку Пејпал, јас порачував со виза картичка, тоа беше пред некој месец, на истата ми беа вратени парите.
колку сум само среќнааааааааа !!! сакам прво да ја испофалам страната http://www.buyincoins.com/ оваа ми беше 2 нарачка првиот пат за проба имав помалку работи. ви пишував тука дека купивме се и сешто со брачедами за 6000 ден... работите ми ги пуштија во 3 пратки... Спојлер вчера на мое изненадување ми стигнаа две пратки, се чудев каде е 3 и мислев дека е земена од брачедами пошо заедно нарачавме... но 3 пратка пристигна денес кај мене дома ... за странава имам само пофални зборови се ми стигна, преубаво спакувано, ни пукнато ни ништо... трепките се преубави,палетите исто, четките немам зборови .... покасно ќе сликам се и ќе ставам :geek:
Постелнината воопшто не е ефтина. Еден покривач е 1000 ден на попуст, а по редовна цена е 2700. Ајде ајде јас тука за 500 ќе го најдам иститот. Турска роба.
Дали кога ти стигнува плата имаш пари на картичка што ти е за интернет купивање или мора ти да одиш во банка да ставаш пари ? и каква картичка треба да имаш за купување преку интернет ?? ај некоја феминка нека ми објасни како одат тие работи
Зависи од банката, секоја води своја политика. Стопанска имат посебно картичка за онлајн, и нема никаква врска со платата. На тутунска можеш да плаќаш со секоја Виза, која позади има троцифрен код, не е битно дали е кредитна, дебитна.. Пролистај низ темата, има објаснето.
Јас со картичката од Стопанска Скопска си плаќам на Али експрес, немам специјална картичка за интернет.