Девојки направив нарачка на Iherb пред некои си 25 дена,испратена ми е тогаш а сеуште не сум ја примила,вие што имате поголемо искуство со странава да ми кажете дали ви се случило пратката да не стигне воопшто
^ Мислам дека на сите што нарачавме - ни стигна пратката. Кај и да е би требало да ти стигне, и мене за 20тина дена ми стигна од прилика. Може ти ја имаат задржано и на царина некој ден плус, можно е да ти ја отворат пратката и да ти ја царинат, да ти кажам и тоа за да не бидеш изненадена, зошто ми ја царинеа и мене и на една друга феминка, иако пратката не беше над износот што е дозволен.
Брат ми има порачувано неколку пати се му има стигнато, јас пред 1 недела порачав витамини па и јас се надевам да стигне , инаку пари не враќаат како алиекспрес и ибеј така да се надевам и јас да не залута некаде пакетот
Општи прашања Девојки има некој порачувано од тука https://www.facebook.com/hervelegermacedonia ? Да сподели искуства? Може и ЛП.
Јас имам порачано од али фустан за 2000 кој на странава 4000 го продаваат. Зошто да даваш дупло пари кога разликата е само една етикета која нема да ти смени ништо, секако двете се фејк. Само треба да внимаш на материјатот да биде rayon 90%+1%spandex +9% nylon bandage, затоа што има и памучни.
Онлајн производи (искуства и критики) Девојки прееска нарачував од http://www.cherryculture.com и во првите два обиди да го извршам плаќањето на производите сум внесувала погрешни податоци за картицата и на третиот пат успеав да платам . Ми стигна меил после тоа во кој ги покажува и првите два неуспешни обиди и истото изгледа вака: #499192 Failed моето име 09-18-2014 06:44:14 $43.70 Return #499193 Failed моето име 09-18-2014 06:45:08 $43.70 Return #499194 In Progress моето име 09-18-2014 06:45:46 $43.70 Return Дали од картичката има повлечено само 43.70 долари или 3 пати по толку оти не знам колку точно пари имаше на сметката? Претпоставувам оти е само 43.70 долари по тоа колку се разбирам во ова (читај скоро па ИЧ ), ама сепак би сакала некоја со искуство да ми каже па да ми се смири малку душичката .
Девојки дали може инфо за еден подарок? Читам на нет дека за да не те царинат на пратка порачана од интернет треба да е до 45 евра. Меѓутоа ме интересира дали во тие 45 евра влегува и самата поштарина или не?
^^ Не, шипингот не влегува во тие 45 евра, царината зависи само од цената на конкретниот предмет (или предмети). Исто така, може да го замолиш селерот да пише помала сума на пратката или пак да пише дека е подарок.
Дали некоја од вас има порачувано од странава , lookfantastic.com Има шипинг бесплатен за цел свет ја има и Македонија , порачав еден шампон од Macadamia за сува и оштетена коса па ајде да видиме дали ке стигне инаку има шминка , препарати за коса , за мажи , се до пегли за коса , истотака познативе марки Benefit , Too faced некогаш имаат попусти и купони за попуст
Јас, јас, јас Стигнуваат работите после недела дена, ги испраќаат од Англија (нешто ко Асос). Имам купено пудра за лице, спреј за коса за заштита од топлина и електрични витлери. Се на се презадоволна само што треба да си докупам делче за штекерот бидејќи не се исти Англискиве со нашите и не можам да ги користам витлерите.
тоа за штекерот го има во електрометал во Кисела Вода и е 80 ден. Јас си купив од таму. Толку беа фини продавачите што ми рекоа дека ако не одговара ќе ми ги вратат парите. Но функционира одлично а има поминато веќе една година. Се е во ред со фенот.
Онлајн производи (искуства и критики) Има ли некој што порачувал надградба за коса со шноли да ми препорача квалитетна коса од природни влакна?
Девојки немам многу искуство од купување преку ибеј. Ако може некоја да ми каже каде се гледа рејтинг на селерот и каде се менува цената во евра? Можда малку глупо прашање ама тоа е
зошто кога порачувам од ebay ми одзимат плус 1 долар и + парите на артиклот а на некои не е така само ги зимат парите за артиклот може некој да ми објасни и дали може да му пишам на селерот да ми ги врати парите????
^Јас порачувам од Ибеј и ова ми се нема случено. Гледај убаво и шипингот колку е и дали е Top rated продавачот или 90 + positive feedback. Можеш да му пишеш кога ќе го отвориш линкот од продавачот горе од десно има контакт.