Има ли некој правено порачки од гардемода.мк ? Една постелнина ептен ми се допадна, па некој ако има некако искуство со страната нека сподели.
Aj некој поискусен кој порачувај од Ибеј да ми помогне http://www.ebay.com/itm/Beige-Fashion-W ... 5b0623bd1b ташнава колку пари е? и уште нешто, каде можам да сменам пр. цените да ми ги пишува во евра
Немам порачувано од Ибеј ама овие производи каде што има опција Bid се всушност на аукција. Кога ќе пребаруваш селектирај ја опцијата Buy it now All Listings - Auction - Buy It Now (овака се наредени)
Истиот случај е со http://www.clothing-dropship.com/ Имав направено неколку порачки, но потоа шипингот ненормално го накачија и сега воопшто не е исплатливо да се порачува. Самиот шипинг е поскап од производите... Не вреди.
Јас да прашам за iherb некој од поискусните.Дали сигурно стигаат порачките, зошто видов дека нема враќање на парите назад како на aliexpress, доколку одбереш International Airmail, што секако е поефтино 4 долари е, во споредба со 15.78 за dhl.
Брат ми има често порачувано и досега се му стигнало и не му правеле проблем за царина , јас двапати имам порачувано и се ми стигнало исто така еве сега трет пат четкиве real techniques ги порачав па ги чекам во врска со iherb што сум читала на нет во врска со порачките и дали стигнува повеќе сум наишла на позитивни коментари досега и да , парите не ги враќаат ако не стигне за жал , од сајтов се порачува на ризик
Јас многу пати сакав да порачам некој парфем, ама токму поради стравот дека нема да ми стигне, се предомислував. Не дека не верувам дека од таму ќе ми ја пратат, сигурно ќе ја пратат, ама немам доверба во нашата пошта, во нашите поштари. Не еднаш пријателите од странство имаат испратено пакет, па пакетот наравно никогаш не стигнал, или стигне само картичка без пакетот и сл. Затоа не се осмелувам од другите страни освен али и ибеј, бидејќи тие вршат враќање на пари во случај пошилката да не ти стигне.
Јас се уште го чекам чешелот , на 25 септември е испратена пратката , можно ли е да не дојде artemission, колку се чека, валјда 2 недели нели ? Ако не дојде барем враќаат ли пари или тешко
Koritsaki не сум сигурна точно за колку време беше ама сигурно не повеќе од 2 недели. Испраќаат по Royal Mail исто како и Asos така да им се случува некогаш застој. Почекај уште некој ден, верувам ќе ти стигне, ако не пиши им мислам дека ги враќаат парите. Овде има повеќе информации http://www.lookfantastic.com/info/contact-us.list
Aко купиваш во фунти и нарачката ти изнесува над 10.65 ( не сум сигурна ама тука некаде беше со ценава, заокружи на 11 фунти за секој случај) тогаш не плаќаш, а инаку ако ти е помалку од оваа цена мислам дека се плаќа 2 или 3 фунти. Ама сепак мислам дека се исплаќа, имаат многу убави и квалитетни парчиња облека
порано немаше ограничување, меѓутоа од неодамна има бесплатен шипинг за пратки над 15 фунти, иначе е 3 фунти шипинг (ако е пратката под оваа сума)