http://www.clothing-dropship.com/new-ro ... 54780.html тука пишува фри шипинг или мене не ми е јасно?
Луѓенца да ве прашам, имате некој последниве 2-3 месеци нарачувано од bayincoins и дали ви има стигнато пратката? На почетокот се беше во ред си ми идеа сите нарачки од странава, ама сега од август навака ништо не ми стига, ништо Па тоа сакав да знам дали е случај само со моиве нарачки или се случува и кај други да не им стигаат..Повеќе нема шанси од таму да нарачам За едната нарачка ми ги вратија во coins парите, потоа им пишав за другава што ја имам да ми ги префрлат на картичка дека несакам во coins бидејќи ништо не ми стигнува што дека ќе нарачувам пак, па демек ги префрлиле си чекам сега да ми стигнат на сметка И сега што имав уште една од 15 семптември испратена, и неа е нема мислам да почекам уште 5 дена и и тие пари ќе си ги барам назад па дали ќе ги вратат или не, незнам
Има ли некој порачувано ваква ташна? Ги меркам одамна, ама не знам некако многу се евтини па ми е шубе да не ми стигне некој безвезен картон. http://www.aliexpress.com/item/Hot-Sale ... 80573.html
^Според фидбекот и рејтингот на селерот изгледа дека е убава бидејќи има доста позитивни коментари за неа Сепак ако некоја феминка веќе ја има , нека каже
Оваа ташна конкретно е многу добра, една другарка имаше нарачано уште одамна и баш е добра не е картонска, така да нарачај слободно
ташната е преубава, јас ја имам црвената, слободно порачај ја, еве линк од каде јас ја земав http://www.aliexpress.com/item/Bag-2013 ... 13277.html
Koritsaki пиши дали стигна и што направи. Јас порачав на 30 септември и знам дека е рано,ама коментаров твој ме загрижи.Па уште и пари ако не враќаат...
ништо ни вчера ни денес го прашав брат ми зашто тој се разбира во овие работи и ми рече да почекам и нареднава недела зашто знаат и тие пратки од англија да каснат.. па ќе почекам уште оваа недела се надевам да стаса , има многу добри работи на странава а дека е и бесплатен шипингот уште повеќе се израдував , а за пари прочитав дека враќаат , па ај да видиме. Ќе почекам уште овие денови па ќе пишам
^ Не се разочарувај, ќе видиш ќе ти стигне Порано нарачките од Англија ми стигаа за точно една недела, а сега две до две и пол. Странава е супер и е сигурна така што нема потреба од грижи.
Лани овој период порачав повеќе марами од различни селери. Од два стигнаа, од третиот абер нема ни до ден денес. Среќа не беше некоја мн. скапа, а сепак ми е криво зошто не ја добив. На листата за следење пишуваше дека порачката е во Македонија, не се ангажирав и така остана. Ме интересира каде заглавуваат ваквите пратки кога се пристигнати во МК. Има ли некој вакво искуство?
На странава www.lookfantastic.com ,како се пресметува сумата во денари?! колку е во наши пари?ии колку е сигурна странава,ги враќаат парите?за колку време стигаа..Нешто ми се допадна паа не се снаоѓам баш најдообро..
Да Артемиссион , и јас се надевам да стигне хехех , а не верувам дека е лажно зашто има многу позитивни коментари а и тебе штом ти има стигнато
Женски , дали знаете од кај може да ја порачам преку нет фарбава на Keune 1517? Ја најдов на ибеј ама незнам да не е некоја неоригинал па да ми направи некој проблем? еве овде ја најдов и ја испраќаат од израел http://www.ebay.com/itm/KEUNE-TINTA-HAI ... 25964f33dd
знам дека ја има во мк ама јас не живеам во мк , а дури во јануари ќе доаѓам натаму така да мене за сега ми треба , затоа и барам да ја порачам од некаде
Koritsaki мене денес ми стигна пакетчето од lookfantastic.com.Порачано беше на 30 септември,а наредниот ден веќе го пратиле,значи за помалку од две недели.Плус ,поштарот ми го донесе дома,а беше големко,додека од аliexpress за минијатурни ми носи картонче,е ај сега... Значи,не бери гајле,сигурно деновиве ќе го добиеш.
рената еве и тука ќе пишам дека и мене ми стигна денес пакетчето инаку сликав на другата темас и ставив слики од чешелот , презадоволна сум ти што порача