https://www.paypal.com/mk/webapps/mpp/home само пред тоа треба од банка да си извадиш Visa или Mastercard картичка. (ако немаш)
Овие од EBAY даваат тракинг бројчиња или...? Нарачав 3 ствари кај и да е треба да ми стигнат ама тракинг бројчиња ми немаат пратено или неможам да ги видам? Да не треба да контактирам селер па да ми даде или воопшто не даваат тракинзи? Иначе не се работи за ситници од по 1 долар...
Не мимс, многу ретко. Ако имаш тракинг бројче , ќе ти стои до нарачката кога ќе ја пратат, како кај али.
Сега одкако има и Пејпал дали има некој порачано од странава? Знам дека се исти со али и ибеј но поефтини се и Убаво е што некои од производите се прикажани и на слики од купувачите.. http://www.sammydress.com/
женски се зачленив на пејпал и се супер имам пари на картичка на виса од комерцијална и сега ми бара да пишам некој си код ? па како да го најдам
Колку што се сеќавам мислам дека треба да ти го испратат на мејл. Ако не ти е испратен, почекај ќе ти го пратат, би требало во текот на денот.
Епа мене ми пишува вака Check your card statement for the unique code we sent with the charge. Ми земаа 1.50 евро и ова ми го пишува,незнам сеа како да си ја потврдам картичкава.
Ако имате онлајн преглед на сметката во банка, можете таму да го најдете кодот. Ако немате, мора во банка да си побарате извод и таму ќе го видите кодот. На сликата е пример од мојот извод што си го гледам онлајн.
Онлајн производи (искуства и критики) здраво ај ве молам да ми помогнете да се регистрирам на страницава www.buyincoins.com , бидејки 100 пати пробав и никако не можам
Дали некоја од вас ги има користено http://www.myus.com/ или http://www.shipito.com/? За тие што не знаат како работат овие пошти: Станува збор за услуга преку која може да нарачаш од странски сајт, на пример sephora.com, а бидејќи тие не праќаат интернационално, постојат вакви пошти кои што ти ја препраќаат пратката, со што прво стига во нивниот склад па од таму се праќа на вашата адреса. Прво треба да се регистрирате на нивниот сајт кој што се наплаќа во зависност од тоа какво членство избираш (shipito.com има поповолни услови), па после тоа може да се направи нарачката и како адреса се наведува таа адреса на складот со тоа што на пакетот стои вашето име плус единствен број кој што ви го дава самата пошта и е само ваш додека сте член. Пак зависи од тоа какво членство имате и која од овие две пошти ќе ги изберете, пратката може да стои одредено време во нивниот склад, а имате можност да изберете опција за спојување на неколку пратки доколку нарачувате од повеќе онлајн продавници. Цената за доставата до вашата држава зависи од тежината на пратката, потоа и од големината, но дефинитивно shipito.com дава подобри услови и за достава од myus.com. Услугава е супер за тие што сакаат да нарачаат работи на големо, поготово козметика, бидејќи сите знаеме дека низ продавниците цените на козметика се речиси дупло повисоки него ли низ САД. Лично за мене планирам да направам Viral Membership преку shipito.com кое се плаќа 10$ месечно или 50$ годишно, во зависност од тоа колку порачуваш. На пример, доколку сакам цела година да правам порачки поисплатливо ми е тоа за 50$, а доколку сакам еднаш во подолг период тогаш се зима тоа за 10$ и после пред истекот на месецот треба да се откаже, но ќе ви остане истото членство, само нема да ја имате предноста на мешање на повеќе пратки во едно. Некој има искуство?
Порачав неколку работи од ebay (за прв пат) ама немам никаква информација кога би можеле да стигнат, ниту дали се пратени...ништо. Тоа нормално е? За колку време отприлика стигнуваат од Англија, Франција, ако има некој искуство?
Оди на MyEbay -- Purchase history и ако пишува shipped значи е испратено. А мене од Англија ми стигнуваат работите најчесто за 10-12 дена ама еве минатиот пат за 20 дена стигна
Не може да се купува со картичка од стопанска банка на интернет освен ако немаш извадено таа картичка за купување на интернет што е на стопанска .