девојки за колку време стигнуваат пратките од ebay? Нарачав пред месец пигменти мак 4 бои никако да стигнат. :/
си пишува дата на секоја порачка кога од прилика би требало да стигне , мене од кина ми стигнуваат за 20 -30 дена а од англија,германија околу 2 недели
Случајно некој да не има нарачувано од Boohoo? http://www.boohoo.com/usa/page/home Ја има и Македонија во земји до кои врши достава, само што се плаќа шипинг од 9.99 usd и пратката треба да стигне за 7 работни дена и даваат tracking number.Има убави работи и гледам нонстоп имаат одредени попусти и промоции.Може да се плаќа со Виза, Мастеркард, Маестро...
Имам јас нарачано, стигнува за околу 7-8 дена е проблем е само тоа што се плаќа шипинг, инаки имаат убави работи.
Да ве прашам ,за колку време ја добивте картичката за он лајн купување?Веќе 3-та недела почна овие од С.Банка абер нема да ми ја пратат.
@lunicka, ако мислиш на интернет картичката од Стопанска Банка, сама одиш да си ја подигнеш од нивната канцеларија која е на први кат во Трговски.
Девојки не можам да се регистрирам на buyincoins Ова ми дава Please fix the following input errors: Referral not found Малку помош?
и јас имав проблем пред 6 месеци кога се логирав, но не ми текнува како успев да се логирам... ај пишими пораче може ќе ти помогнам а иначе јас вчера пак направив порачка до 2000 ден за мене и за брачедами ќе ви сликам за 20 дена
луѓе вие што нарачувате од ebay,ај да ми поојасните нешто дали е можно.Направив пејпал пишав бр. на картица ама нели да се верицифира треба да ми повлечат 1.5 евро од картица а немаше пари на картичката и така ми остана.Во мегувреме си разгледував работи на ebay и сум пробала да нарачам некое фустанче.. И еве го денес ми стигна. Како е можно немав пари на картица? Прв пат отварам ова ebay
Девојки случајно го сретнав ова http://www.shoppingusa.mk/ .. Па дали е некој добро запознаен како оди порачувањето ? Зошто не ми е многу јасно
Јас да се пожалам.Првата нарачка од iherb ми стигна и беше сосема во ред.Имав и втора нарачка, ми беше разлика од неколку дена со првата, ја нарачав на 11.10 и се уште не ми е стигната.Не знам дали да им пишам на iherb, ама и која е поентата кога нема да ми ги вратат парите.Инаку проверив и во пошта, ама ја нема пратката.Сега единствена надеж ми е да си чекам.
Почекај уште 2-3 недели и пишиим на емаил.Читав по другиве форуми на некои им ги имале вратено парите ,ама треба да поминат 2-3 месеци.Јас мислам кај и да е ќе ти стигне , ако не ништо не те кошта да им пишеш , па ако имаш среќа ќе ти ги вратат парите, без шипинг.Мене најмногу 1 месец ми има каснето.
A преку кој шипинг нарача? Прек тој од 4$или преку тој од 15$? Јас нарачав на 9 ноември, на 10 ми е пратено, ама и мене ништо ми нема стигнато. За колку време од прилика стигаат ако се со поефтиниот шипинг?
@sweet-cherry пиши им, нема што да изгубиш и тоа баш дека едната пратка ти стигнала, а другата ја нема. Можно е ако бил износот на нарачката поголем од 22 евра да ти ја држат на царина и затоа во пошта немаат никаква информација. Ако е така ќе ти стигне ливче по пошта ама ако залутала или ја здиплил некој опрости се. Тоа е ризикот што се презема кога се избира поевтината варијанта за жал. @jb82 рано ти е уште ако си порачала на 9 ноември Отприлика е потребно околу 25 дена за нарачките од iherb со стандард испорака од 4$. За поскапата опција не знам, не ми било ништо толку итно за да платам повеќе.