ај на кој не го мрзе што е порачувал од алиекспресс за дечинја облека од сигурни продавници да напише неколку тенкс
Дали постои начин да се порача продукти од некоја страна доколку истата вклучува плаќање само преку PayPal?
Најдобро ти е да му пишеш на продавачот да стави на пратката некоја мала сум, 10-15 долари и нема да плакаш ни данок, ни царина. До сеа така сум правела и не сум плакала ништо
Направив нарачка на iherb , ама ја откажав бидејќи сакав да додадам уште неколку работи .Чекав 1 недела да ми се појават парите на сметка , за да направам повторно , но не ми се појавија , па повторно ставив други пари и нарачав.Помина скоро 1 месец , но парите сеуште ми стојат во резервирани сретства .Треба некаде да се обратам за овој проблем или да чекам?Или да не се надевам дека некогаш ќе ми се ОДРЕЗЕРВИРААТ.
@cooll ако картичката ти е на Тутунска банка можно е и да е до нив. Порано имав две/три такви ситуации каде што ми ги држеа парите и одев директно во некоја филијала да пополнам писмено барање за да ми ги вратат на сметка. Со Стопанска не сум имала сличен проблем, а за другите не знам.
Девојки имате ли искуства со порачување од Гардемода? Конкретно постелнини ме интересираат, гледам многу се снижени.
Другарка ми порачала таблет од алиекспрес од околу 90 долари,а не била информирана околу царината и сега ја интересира колку отприлика би и зеле за тоа ?
Кај е тоа спор ај малце објасни ми зашто изгубена сум околу работиве на алиекспрес на брат ми се маскиве за телефон порачани и ми даде пари уплатив се и ме напиња до кај се а уствари уште не се ни пуштени работата е да стигнат не да ми вратат пари и чао пријатно те молам хелпп ! и што да пишам у тоа спор
@Haritiela првата пратка е во Прага,додека втората не се следи. Инаку и двете се преку Кинеската пошта. За другото ти одговорив во содветната тема.
Се царинеше над 50 евра,а сега на вести нешто слушнав дека ќе биде над 160 евра..Точно? ЕДИТ: Граѓаните што купуваат преку интернет ќе може да нарачуваат од странство производи со вредност од 160 евра без да платат царина. Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Да даа точно хаха,редно беше и ние малку да се израдуваме..
Подобро и да нема пошто истите работи се од али експрес еве на пр јас оваа ташничка во али ја пазарив за нецели 3 евра а овде е 12 http://www.sheinside.com/Wine-Red-Sequined-Clutch-Bag-p-195621-cat-1764.html http://www.aliexpress.com/snapshot/6365295341.html?orderId=64783074218833
Ми вратија во инбокс дека пракаат во Македонија еве..А иначе не се истите работи од Али експрес,да може има нешто,но не е се..
Девојчиња,прееска на вести слушнав дека од сега ќе се царинат само пратки над 160 евра. Не знам подетално што,како и од кога. Ама ако е така,убава вест е.
Па зависи на кој производ..На некои е фри на некои се доплака мислам дека $7 ..Ама сега им пратив повторно порака за дали е фри,и чекам да видам што ке ми пишат..
Сама прашувам, сама одговарам Ајде да пренесам искуство, можеби некому ќе се најде. Постелнина е супер, убав квалитет, што барав тоа го добив и ажурни се во комуникацијата околу достава. Сигурно и понатаму нешто ќе порачам од гардемода.