Предлог за страна која што има бесплатна достава на козметика од типот на Cover Girl,Sleek(поефитна козметика) ?!
Тука имаш 100% оригинални парфеми и козметика, и често добри парфеми можат да се земат по многу поевтини цени на супер попуст. Секој ден имаат по некоја акција и на парфеми и на козметика, повеќето од парфемите пред Нова Година им беа на 70% http://eu.strawberrynet.com/main.aspx
Луѓе, на картичкава од стопанска - виза интернет, земаат ли чланарина нешто од банка? Вака сега отворам на е-банкинг гледам во минус ми е сметката ..? Ја користам година ако не и повеќе оваа картичка, никогаш не ми фалеле пари на неа, се си било во ред, и како сега во минус наеднаш по тоа си претпоставувам дека имаат земено нешто од банка, ама да си прашам за сигурно ...Вие што порачувате со оваа картичка, знаете ли?
Јас ја користам околу 5-6 месеци, освен што ми земаат по 20 ден. секој месец за Провизија за водење на сметка, друго до сега ми немаат земено. Ама тоа е за водење на трансакциската сметка. Кога ја отварав интернет-картичката во Стопанска ми рекоа дека за неа нема никаква провизија, никаква членарина.
@MIA-SK И јас така знам, затоа сега прашувам да не има нешто ново па да земаат чланарина, чудно ми е како може во минус да ми е сметката околу 1000 денари
Мене ми се има случено да бидам во минус ама си се среди по некое време (оддамна беше не се сеќавам за колку време ми ги покажа парите како што треба. Мислам дека ставив пари а не ми ги покажуваше на е-банкинг, а во меѓувреме си правев нарачки и ми се појави минусот. Сепак оддамна беше полани мислам така да не ме фаќај за збор, ама би требало само да се среди.) Ако не прашај си во банка.
А дали направи некој минимум на трансакции во првите 6 месеци од кога ја зеде картичката? Мислам дека мене ми кажаа да направам минимум 10 трансакции во првите 6 месеци за да ми е картичката бесплатна.
@le.dentiste Да, да имав направено И, @Pipaa во ред е сега, како што кажа ти, вчера само ми се среди Си се покажаа парите се како што треба кој знае што беше, узбуна кренав фала ви многу
Сеа налетав на една на фб luxury fashion.Типката стаила некои слики од шанел,дг,барбери...од али екпрес или кој знае од каде и ги декларира ко оригинал.Уште и цени нашкрапала.За капут 1600 евра,за чевли 560 евра Па оваа ја шиша и мелита дури.Се прашувам дали некој им верува на таквите препродавачи и стварно купува мислејки дека дава пари за оригинал???
Девојки сакав да нарачам една книга од Амазон, селерот пишува дека доставува до Македонија,ама кога пробувам да ја направам нарачката ми вика дека не може на напишаната адреса и дали се плаќа нешто плус освен цената и шипинг (има една табела не ја разбирам вика за европа-мк 15 $ така нешто). Не сум нарачувала досега ако има некој искуство..
Дали некоја од вас има порачувано од www.dresslink.com ? Како ви се допаѓа? Гледам многу е евтино а има интересни работи.
Стварно има ефтини работи,немам порачувано од тука..А би порачала нешто до 2 долари,и ако не стигне нема што да жалам за парите
БелаДона, претпоставувам дека зборуваш за американскиот Амазон (amazon.com), зашто споменуваш $. Ти предлагам да ја побараш истата книга на amazon.co.uk. Моментално имаат промоција Three for £10 on Hundreds of Paperbacks. Има голем избор и се однесува само на наслови што ги продава директно Амазон, односно не важи за Marketplace платформата. И колку што видов набрзина, испорачуваат и во Македонија. Мене пред два дена ми стигна нарачката и задоволна сум. Книгите се нови, компактно спакувани и покрај тоа што се обемни по број на страници, не се тешки (т.е се портабл и лесно ги собира во ташна). Последново е важно само во случај ако читаш и надвор од дома (воз, парк, плажа). Може не ти помогнав многу, ама можеби некој друг ќе се заинтересира. Според мене греота е да не се искористи таква понуда. Трае до 31 март. Линк во спојлер. Спојлер http://www.amazon.co.uk/b/ref=amb_l...rd_t=201&pf_rd_p=575063507&pf_rd_i=0753827662 Дисклејмер за детективи: Иако во описот пишува дека понудата почнува од 13 јануари, нарачката ја направив мината недела (и тогаш беше активна промоцијата).
Сакам да нарачам од iherb.com таблети на природна база против воспаление на зглобовите, па ме интересира, дали на царина во Македонија ќе прават проблем?
Девојки може ли некоја да ми објасне како оди процедурата за порачување од интернет. Колку е сигурно тоа ,дали и колку се плаќа патарина, како ја следите пратката. И ако можете вие како поискусни да ми дадете некој совет и адреса од некој сигурен сајт . Ви благодарам однапред