Сеа се уклучив да проверам дали имам пари на картичката од стопанска, и ми покажува -300 денари на трансакциската. Што не ја користам воопшто. Што е работа? За тоа дека во првите 6 месеци и мене ми кажаа дека треба да направам 10 трансакции во банката кај што ја извадив картичката. А потоа прашав во друга банка и ми рекоа дека тоа немало врска зашто мене картичката ми била за онлајн купување и не сум била обврзана за тоа колку трансакции да направам Сеа ќе треба да им ги платам тие 300 денари???
Кога ја вадев картичката во Стопанска и мене ми кажаа дека треба да направам 10 трансакции со картичката во првите 6 месеци. Ако не направам, ќе треба да платам членарина. Мене сеуште не ми се поминати 6-те месеци, така да не знам колку би ми одбиле ако не направам 10 трансакции.
Им ги платив, ама ако пак ми искочи - за нешто, тешко нив. Малку ми требаше денес да ја откажам картичката. @MIA-SK на наредното префрлање пари речи им да ти направат 10 трансакции од сумата. Па и 100 денари нека се, по 10 денари трансакција. Ич да не ти е гајле
Вчера од Стопанска добив SMS - ме потсетуваат дека ми истекува рокот од 6 месеци и доколку не направам 10 трансакции ќе ми го наплатат токенот. Така да, сега електронски ќе си направам неколку префрлања по 100 денари и ќе ми биде бесплатен. Таков совет ми даде дечкото што работи во Инфо-центарот на Стопанска.
Си реков да се обидам со ова онлајн шопир па ќе видам шо ќе бидни. Почнав со нешто поевтино за ако не бидни работата да не си чукам главата зошто сеуште ми е малце несигурно ова ...
гледаш има 89 страни за онлајн шопинг и уште толку на темата Онлајн производи (искуства и критики) нас досега повеќето работи ни стигнале а тоа што не стигнало парите ни ги враќаат. И тебе ќе ти стигне што се секираш
Можеби прашањево не е баш соодветно за оваа тема, но не знам во која тема да го поставам. Значи, сакам да ги порачам овие книги. Но не сум порачувала од еBay па не знам како оди тоа. Сигурно е исто како што се порачува и на AliЕxpress. Е сега мене ме буни тоа што никаде не гледам колку чини шипингот, или пак дали е free шипинг? A гледам селерот има добар/позитивен фидбек. Што мислите вие? http://www.ebay.co.uk/itm/Stephenie...684?pt=LH_DefaultDomain_3&hash=item2c6bdb3b3c
Правиш профил , се логираш и порачуваш , исто ко алиекспрес и да продавачот има добар рејтинг,а шипингот ти е бесплатен пишува : Postage: Free Economy Delivery | Item location: Leicester, United Kingdom Posts to: Worldwide јас досега се што ми е порачувано од ибеј ми е највеќе и сум немала никаков проблем ,ако нешто не стигне парите секогаш ги враќаат
http://www.eyeslipsface.com/makeup/eyes/eyebrows Дали некој има порачувано од тука и ако има да сподели искуство ?
Денес имав неверојатен ден!! Имено при разгледување на сајтовиве за гледање на филмови БЕСПЛАТНО, направив регистрација за БЕСПЛАТНО членсто. Денес добив порака од мојата банка дека од сметката е извршено успешно плаќање на овој сајт од 39,99ЕУР. Пратив мејл на странава зошто ова не е авторизирано, и ми вратија дека бесплатно е само првите 7 дена, и потоа автоматски ти се префла на месечна претплата или богзнае што. Картичката ја блокирав денес, и го откажав членството од сајтов.... ама што е со париве? Не ми се верува што ми се случува, дали имал некој сличен проблем, совет?
Девојки имам многу странсици за шопинг што сум ги лајкнала на фб и имаат преубави работи, арно ама баш скапички се, ама не и толку скапи колку што би бил оргиналот. Да не знае некој каде можам да ги најдам работиве?
Ako мислиш на страници како ,,Купи онлајн,, ,,Купи од дома,, и слични такви истите работи ги има на Алиекспрес и се многу поефтини. Eве ти чисто за споредба
Срашно е колку се алчни луѓево што ги водат страниве.. Разбирам до 100 ден плус на ситни работи, ама до толку не.. На фустани некои кога ќе им опнат некоја цена за 1000 ден плус ми се лоши..
Се согласувам со Дејзи , истото е и за накит има една страна на фб Продавница за НАКИТ и незнаев дали да се смејам дали да плачам , цените им се да се крстиш , ај јас разбирам сака некој нешто да си заработи ама не го лажи народот така бре , продаваат `сваровски накит` од 1400 за само 500 ден а тие обетки на ибеј и алиекспрес за 42 денари ги има значи будала те прави , ама и народ има многу што не е запознаен уште со онлајн шопингот и гледам коментари да го порачам , прашуваат дури и колку карати е
1000 не е ништо.Што има една умислена на фб,таа продава прада за 300 евра,сваровски за 150 евра и така натаму.Ми иде да ја пријавам некаде бидејки продава фалш роба а лаже дека е оргинал.
@Sesil да за накит знам дека можеш се да најдеш, зборам конкретно за облека убава и скапа ама не толку скапа колку што би бил оргиналот. Во атач имам слика од тоа за што конретно зборам но ете ке пратам пак од одредени производи