Им ставав јас едно време линкови со вистинските цени и одма ме бришеа, блокираа итн Aли коа ке размислам подобро, работава е ,,ако ти одговара,, никој не те тера да купиш со сила, коа више има некој што е спремен да ја плати таа цена зошто да не си заработи некој, додека има овци ке има и стрижачи
И мене ме бришеа.Со закон е забрането да продаваш фалш а рекламираш како оригинал.Јас божем престанав да се замарам со ваквите се дур вчера не налетав пак на оваа на фб и пак се изнервирав Не толку од неа,колку од глупавите што се интресираат да дадат 400 евра за лажен армани часовник.Покондирени тикви. Инаку оваа место фурла кенди имаше напишано прада кенди кој уствари е парфем а не ташна.Ни самата она незнае шо продава.
Е баш у тие шо купуваат е проблемот. Демек љубители на брендирана облека дрн дрн ... а појма немаат од ништо, целта им е да се испофалат дека купиле нешто скапо, уствари само парите им ги собрале и се изглупирале на крај со адиБас патики, од тие оригиналните де...
имам многу ЛОШО искуство со онлајн купување..., имав порачано од една страна на нет заштитна маска за мобилен, и по месец дена ми стигнаа црвени врвци за патики и шнола црвена .. лудилооо не е за парите порачката беше за проба 3.50 долари (околу 130 денари) беше маската за мобилниот, зборот ми беше шанисте за да ти стигне порачката како што треба според мене се многу мали поздрав
Ми се десило да е со послаб квалитет ама волку промашена пратка не. Ке им пратеш слика од она што ти стигнало, ке си ги побараш парите назад, колку и да е мал износот.
Сакав да и удрам еден репорт ама не можам да ја најдам странава, остави ми линк во порака или тука, како сакаш
од моб незнам како да копирам Побарај ја под името luxury fashion На аватар ја има глумицата од филмот Појадок кај Тифани
MАлце повеке претерале овие од Luxury Fashion. истата ја порачував за татко ми 7 евра беше на Алиекспрес
Го гледав јас ова и си мислев вчера да и пишам да ја прашам дали дава сертификат дека е оригинал? Мислам кој би дал толку пари 900евра, како да се 900 денари во прашање. Страшно.
Јас лп и пишав.И и се заканив дека ке ја пријавам Ми призна дека биле копии.Да плачам или да се смеам сега?
Девојки дали некој има порачувано од http://www.muastore.co.uk/ гледам имаат интересни производи(за таа цена) но некако шипингот им е голем ако порачаш повеке производи ок се исплати ама ако си чепкаш нарачките некако е многу?Да не има некоја финта код или слицно за помал шипинг?
Мене ме интересира дали успеала да прелаже некого. Инаку, не е проблемот што луѓето се опседнати со марки, па овие биле фејк и демек голема работа. Крадење е и е нелегално да се прават вакви измами.
Можеби и успеала.Имаше коментар во кој една госпога и се заблагодарува што и овозможила брендови да носи
Луѓе , не ми се смејте, вчера порачав сини јагоди секако семе , мислам дека повеќе би успеале него ли оние ружите во разни бои што се инаку секако не ги земам за јадење сигурно се ГМО нели за да имаат такви бои (инаку имаше и црни,жолти,зелени,розеви,бели ) туку онака за украс. Се надевам овојпат да ми успее семето. Исто така порачав и семе малини Кога ќе ми стигнат ќе ви пишам http://www.ebay.com/itm/19146574637...49&var=490552484379&ssPageName=STRK:MEBIDX:IT