Јас сакам да порачам нешто од официјалната страна на Victoria's secret. Има ли некоја девојка од тука што порачувала да ми каже колку платила за достава, царина итн. како идат тие работи да не ми испадне ептен скапо..
И јас сакам да порачам нешто од AliExpress само не знам како оди со царината. Ако некој знае нека пиши.
До пред некое време не се плаќаше сега се плаќа мислам над 20евра, имам другарка што работи на царина и она ми кажа Јас нарачав две фустанчиња од boohoo чинеа 55евра двете во еден пакет ми беа и платив 1600 царина А претходно од akuexpress освен за невестинскиот фустан што платив а и дека преку dhl ми стигна за друго не сум платила царина а може околу 50 пратки сум имала Добро е на akuexpress што пишуваат помала вредност да не плаќаш царина пр ако за фустан си платила 20долари на пакетот пишува дека е 5долари и ништо не плаќаш, и ти стига дома
а дали има некоја официјална страна за ценовник на царинење ( на пример за роба во вредност од 300$) или зависи од цариникот?
За венчаницата кога ми стигна ми се јавија од дхл и они ми пресметаа Платив околу 3500 за царина, лежарина и достава до дома Ако нарачувате преку брза пошта само преку ТНТ да нарачате, сите документи можете да им ги пратите на маил, сестра ми за моја свадба нарача од алиекспрес преку тнт и полесно помина отколку јас преку дхл со триста нервози едвај да го земам , а ако има можност преку china post уште подобро, на мајка ми фустанот го плативме 80долари и и стигна по пошта дома ни царина ни ништо
^ За тие од Али Експрес, колку што разбрав си задоволна од венчаницата и другите фустани. А не се сите продавачи сигурни, затоа ме интересираше. Извини, сега видов дека си пишувала за некој акуекспес сајт, тоа е веројатно нешто друго? Во секој случај, стави линк ако не ти е тешко.
Истата страна е може сум згрешила во пишување Ако сакаш да нарачаш фустанчиња на оваа страна гледај www.boohoo.com јас и сестра ми нарачавме многу се поубави и поквалитетни за разлика од aliexpress, не сум дома сега за да го сликам да го видиш и мојот и на сестра ми Ако ти е за венчаница ќе го побарам продавачот ќе ти го пишам
Е да за разлика од Али е поскапо ама гледам има доста избор на зимска гардероба планирам да се подновам а на Али нема ништо конкретно затоа ме интересираше дали е безбедна страната за купување
Денес ми стигна четкава за пудра и коректор, барем така на неа пишува. Ја миев со шампон не падна ни едно влакно, многу е мека. Пробав да нанесам пудра и не ми успеа, дали е до мене или до четката не знам, ма да и јас не ставив подлога за пудра и почна да ми се перути кожата и линии се познаваа од пудрата . Да изгледам некое видео на јутјуб може ќе се испраксирам. http://www.aliexpress.com/item/Free...ndation-Makeup-Brush-01-46616/1547748250.html
Девојки, продавам два нови ехтра квалитетни црни градници со број 75 G по набавна цена односно 34 еуро. Се купени во Данска, од фирмата "Change" ( http://change.com/int/tactel.html ). Јас си купив три градници и ми остана два неносени - заради промените после бременоста не сум во можност да ги носам повеке. Овде прикачив слики од каталогот: А еве и слика од градниците и една слика, како изгледа на мене:
@Talita до тебе е дефинитивно се зезам не го кажав во негативен контекст. Јас ја имам истата четка ама оригинална, оваа по сликите ми изгледа синтетичка и исто ја користам за пудра, обично на раката си ставам пудра и со кружни дрвижења од шаката си зимам со четката пудра и ја нанесувам (исто со кружни движења) по лицето и многу убаво се нанесува, не остава траги и слично пробај
Сакам да ги пофалам Happiness Boutique.http://www.happinessboutique.com/en/ .Не знаев порано за овој сајт. Од Германија се ,поточно од Берлин и имаат достава низ цела Европа и пошироко. Имаат накит најмногу, а помалку гардероба. Накитот им е одличен. Кримсон ги откри и им пишавме, но бидејќи имаме блогови тие ни рекоа дека ќе ни испратат парче накит, поклон, за соработка. Како што можете да видите накитот и не е баш ефтин и многу бев љубопитна каков ќе биде кога ќе стигне. Но пријатно се изненадив. Уникатни модели имаат, кои се многу убаво изработени и квалитетни. И убаво спакувани. Еве го моето. Фри шипинг се што им е исто така голем плус. На страната пишува дека работоте низ Европа пристигнуваат од 4-7 работни дена,но моето го чекав нешто подолго. А за тоа беше виновна нашата пошта, бидејќи не ми го доставија веднаш.
Здраво, дали некој знае што се случува ако одбијам да платам царина и го вратат производот назад. Се работи за нарачка од 80 долари, ме интересира кој ги плаќа трошоците за назад и дали се враќаат платените пари?
бидејки е по твоја воља ке треба ти да ги платиш, да беше ради грешка на продавачот, неиспаравен производ на пример тогаш тој