мама ја загледа серијава а јас не и кога ке седиме заедно и ке казува вака во оној фил онака јас и викам ич не казувај не гледам не ми се интересни баш она филмовиве на канал 5,само некои онака...
Е не знам од кај ги вадат преводите мајке ми. Оригналот на серијата е Громови над куќата овие Опасна убавина. Да се крсти човек.
Серијата не е нешто посебно..Со 2 глумци цело време...Не ми се допадна воопшто а и серијава не се вика Опасна Убавина туку Гром над куќата ама овие нашиве изводат не ги даваат правилните преводи..Има многу убави турски серии баш оваа нашле да ја откупат..Ама то е..Единствено од серијава убава ми е глумицата друго ништо..Истата таа ќе биде Михримах во Величествениот затоа што Јешим ја одбила улогата..
Здраво на сите нова сум на форумов се надевам дека добро ќе се дружиме Инаку ако некого го нтересира за серијава Спојлер Муазес ќе се заљуби во помалиот братучет Саит но знаејќи дека неможе да биде со него прифаќа да се омажи за Халил ( пријател на Намик) но на денот на венчавката ќе побегне со Саит баш како шпанска сапуница е серијава
Оваа веќе беше во величенствениот како една од слугинките што сакаа да му ја однесат на Мустафа или на Султанот не се сеќавам.
ја загледав серијата, чисто да ми пројде време, инаку не е којзнае што, права шпанска серија некој да не знае колку епизоди ке има, нели уште се снима и што ке се случува понатаму?
Сестрата на Шајесте е Марија робинката на Хурем најдобрата другарка што и го отру лицето со крзното кога дозна дека вештерките од харемот му ја пратија на Сулејман !!
да па знаеме дека е таа, мислам кој го гледал величествениот знае а ибрахим му ја прати ѓулнихал на султанот, не беа жените
Е добро crtanfilm, извини што кажав !! Напишав така оти мислам дека некој, во некој пост напиша дека му е позната ама не се сеќава од каде !! Да знаев дека толку ке те испровоцира да ми релицираш дека “ти си го знаела тој податок “ немаше да напишам. Гледам неколку пати ми реплицираш а во репликите ти се чита некакво нетрпение или нервоза.Ако имаш нешто против мене(а незнам што би имала кога само една недела сум на форумов) тогаш кажи јасно да не пишувам ништо што ти си го знаела или нешто што ке те вознемири !!
топрак јас не се вознемирувам воопшто и не сум нетрпелива ,не знам од каде ти е тоа, не сакам ни да те навредам само неколку пати исправив некои твои грешки. А ако тоа тебе те вознемирува тогаш не знам изгледа треба јас тебе да ти се извинам поздрав и смирено со помалку извичници во иднина