1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Опасни игри - Perro Amor

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од buba4e89, 5 септември 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Прво: Ако има ваква иста тема - кључ.

    Шпанска серија снимена е помеѓу 2009 и 2010 година. Серијата започнува со Антонио Брандо(Карлос Понче) попознат како Пас Брандо и неговата братучедка Камила Брандо(Марица Родригез), кои уште од тинејџерските години се кладат и играат опасни игри во кои е дозволоено се освен заљубување. Меѓу нив не постојат морални пречки,туку напротив го претвораат својот живот во руски рулет од мрачни страсти,опасни освојувања и еротски понуди без цензури. За нив, задоволството и адреналинот се причината поради која живеат и се што е поврзано со сексот е дозволено.

    На денот на неговата венчавка,Антонио се среќава со нов предизвик која му го предложува Камила, да наместо да го изговори судбиносното Да, да каже НЕ. Што и така, се случува. Настанува скандал, Антонио јас остава невестата Даниела (Марица Бустаманте) пред олтар. И покрај сиот хаос, Антонио ја запознава убавата,млада и наивна Софија Сантана(Ана Луција Домингез). Па, така повторно се обложува со Камила, која го предизвикува дека нема да може да ја однесе во кревет и да и ја одземе невиноста. Но, пред Антонио се испречува и младиот и надежниот пејач Роки Перез( Хотан Фернандез) кој исто така има чувства и интереси кон Софија.

    Антонио ја започнува својата игра, но пречка му претставува градежната фирма на татко му Дон Педро Брандо(Виктор Камара) која отпочнала проект во населбата Сан Херонимо, каде ги откупила куќите но и не им исплатила пари за куќите, со кои подоцна ќе се послужат со измама, да им ги отплатат куќите кога ќе заврши изградбата на проектот. Антонио е несвесен за овие случувања.Камила е вистинската личност која прва им предложува да се служат со измами и лаги, и поради тоа таткото на Роки се самоубива.

    Во светот на Антонио поминале многу жени, и додека ги извршува своите предизвици тој се снима, па дури и кога има секс со различни жени. Постојано ја полни жолтата штампа. Но, ќе се случи пресврт на неговиот живот, тој никогаш не бил заљубен, кога одлучува да ја освои Софија несвесен е дека љубовта му тропа на неговата врата.

    Инаку серијата ја нема кај нас. Јас ја гледам на филмовизија со превод. Многу ми се допаѓа бидејќи секогаш има интересни настани, секоја епизода има смешни случки. Вкупно има 128 епизоди.


    [​IMG]

    [​IMG]

    А да не заборавам кучето Оникс е најинтересниот лик во цела серија. :lol:
     
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    ^
    интересно серииче,
    ја даваа на сите локални у Мк, освен у Скопје.
     
  3. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Одеше на БТР, АТВ
     
  4. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    јбг, ги нњамам на кабелската тие -.-