"Можеби вистинската мета на убијците сте биле токму вие, а не вашите соседи? Ако е така сигурно убијците ја згрешиле куќата?" Зошто се случило тоа? Многу прашања, а малку одговори. Многу осомничени, а ниту еден вистински доказ...Две соседни семејства, Катер и Ленглиеви, и тајните кои што ги поврзуваат ќе ви покажат колку опасноста може да биде толку далечна, а толку многу блиска... Спојлер Адам и Дерек се први соседи, но и најдобри пријатели, кои се интересираат за собирање на стари компјутери и компјутерски делови. Нивните домови се оддалечени на само педесетина метри. Еден „црн“ петок Адам и неговото семејство решаваат да заминат на еднонеделен одмор, а Дерек одлучува да го искористи нивниот дом за тајни состаноци со неговата девојка. Скришум, откако Ленглиеви заминуваат, Дерек останува сам во нивната куќа. Навидум сите услови се исполнети за љубовен состанок, на кој никој нема да го прекинува. Но, се случува токму она што Дерек најмалку помислуваше дека ќе се случи. Само половина час подоцна Ленглиеви неочекувано се враќаат, затоа што мајката на Адам не се чувстувала добро. Допрва настануваат вистинските проблеми. Дерек не смее да дозволи да го откријат, па одлучува да се скрие во визбата. Само пет минути подоцна во куќата на Ленглиеви упаѓаат непознати лица. Дерек преплашен од страв слуша три истрели по ред. По некое време откако се осигура дека непознатите лица заминаа, Дерек излегува од визбата и има што да види. Адам и неговите родители се ладнокрвно убиени! Целото семејство Ленглиеви е како срамнето со земја! Целиот во паника, пречекорувајќи го безживотното тело на својот најдобар пријател Адам, Дерек побегнува...Каква ли само тајна се наоѓа во тој стар компјутер? Домот е едниственото место каде што се чувствуваш безбедно...или сепак, не? пс. Се извинувам за ненамерно направената грешка во насловот. Се надевам дека модераторите ќе можат да ја исправат.
Мене лично ми се допадна, ја прочитав заради Без збогување која е страшно добра книга..можеби оваа е едно скалило подолу , но мислам дека не треба да ја пропуштите. Темата е интересна многу и се одвива во правец кој на крајот ќе се сврти и ќе се случи она најмалку што сте го очекувале. препорачувам !
Одлична е! Многу ми се допадна. Книга која што е возбудлива, интересна, поучна, брзо се чита, со испреплетени приказни. Топло ја препорачувам
Мене ми беше супер книгава вчера ја дочитав. Незнам дали заплетот беше очекуван ама некаде на пола книга знаев дека Спојлер Дру и е татко на Шери Андервуд-проститутката. И се смеев кога Конрад ѓубрето си го доби тоа што го заслужи! Се на се убава книга. Иста тематика со Без збогување ама без збогување беше каде каде по језива и по непредвидлива. [8/10]
Интерсна книга но на делови и помалку досадна..доста работи ми беа нелогични и крајот очигледен.. 7/10
Ми се допадна, сакам јас вакви крими трилери.Ја прочитав за два дена. И не погодив до крај кој е убиецот. Ми беше малку чудно кога се појави Дру, онака не очекувано, ама ај си викам ги спаси, човек за нив уби. Ама до мене е никогаш не погаѓам, секогаш сум слаб детектив. Како и да е интересна книга.
Прочитана ми е и ми се допадна,доста непредвидлива и возбудлива,ни на крај памет не помислив дека така ќе испадне а и брзо се чита...но сепак мислам кога би бирала меѓу оваа и Без збогување од Баркли,би ја одбрала без збогување,таа е уште подобра
Баш книга каква што сакам да читам.Возбудлива и не се остава на страна се додека не ја проголташ.Но морам да кажам дека "Без збогување" на Линвуд Б. е далеку , далеку подобра.
Одлична книга, возбудлива, неизвесна, крими трилер, се на се по мој вкус. Заразна е, неможе да ја оставиш недочитана ,а па поради тоа се чита и брзо, но ова е само за вистински читатели на книги . Ми се допаѓа стилот нa Линвуд Баркли, кратката содржина ми изгледаше доста интересно, па неможев да не земам да ја читам. Препорачувам за сите љубители на Л.Б. и на трилери.
Прекрасна книга, ме остави без сон додека не ја прочитав... Ја препорачувам на сите што сакаат трилери... Наскоро ќе ја побарам "Без збогување" - Линвуд Баркли, затоа што ја опишувате како поинтересна од "Опасно блиску" .
Ако ја има некој книгава дома ако сака и ако може да слика и да ми прате од 309-316 страна, ја земав од библиотеката ама овие страни ги нема . Благодарам
Преку ден ја читав, преку ноќ ја сонував. Толку многу се внесов во книгава. Ги сакам книгите на Линвуд.