Опасно блиску (Линвуд Баркли)

Дискусија во 'Книги' започната од Youlen, 11 јануари 2013.

  1. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    "Можеби вистинската мета на убијците сте биле токму вие, а не вашите соседи? Ако е така сигурно убијците ја згрешиле куќата?"

    Зошто се случило тоа? Многу прашања, а малку одговори. Многу осомничени, а ниту еден вистински доказ...Две соседни семејства, Катер и Ленглиеви, и тајните кои што ги поврзуваат ќе ви покажат колку опасноста може да биде толку далечна, а толку многу блиска...

    Адам и Дерек се први соседи, но и најдобри пријатели, кои се интересираат за собирање на стари компјутери и компјутерски делови. Нивните домови се оддалечени на само педесетина метри. Еден „црн“ петок Адам и неговото семејство решаваат да заминат на еднонеделен одмор, а Дерек одлучува да го искористи нивниот дом за тајни состаноци со неговата девојка. Скришум, откако Ленглиеви заминуваат, Дерек останува сам во нивната куќа. Навидум сите услови се исполнети за љубовен состанок, на кој никој нема да го прекинува.
    Но, се случува токму она што Дерек најмалку помислуваше дека ќе се случи. Само половина час подоцна Ленглиеви неочекувано се враќаат, затоа што мајката на Адам не се чувстувала добро. Допрва настануваат вистинските проблеми. Дерек не смее да дозволи да го откријат, па одлучува да се скрие во визбата. Само пет минути подоцна во куќата на Ленглиеви упаѓаат непознати лица. Дерек преплашен од страв слуша три истрели по ред. По некое време откако се осигура дека непознатите лица заминаа, Дерек излегува од визбата и има што да види. Адам и неговите родители се ладнокрвно убиени! Целото семејство Ленглиеви е како срамнето со земја! Целиот во паника, пречекорувајќи го безживотното тело на својот најдобар пријател Адам, Дерек побегнува...Каква ли само тајна се наоѓа во тој стар компјутер?

    Домот е едниственото место каде што се чувствуваш безбедно...или сепак, не?

    пс. Се извинувам за ненамерно направената грешка во насловот. Се надевам дека модераторите ќе можат да ја исправат.
     
  2. Agatha

    Agatha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    853
    Доста интересна книга, брзо се чита, за сите што сакаат крими трилери ќе им се допадне
     
  3. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    835
    Мене лично ми се допадна, ја прочитав заради Без збогување која е страшно добра книга..можеби оваа е едно скалило подолу , но мислам дека не треба да ја пропуштите. Темата е интересна многу и се одвива во правец кој на крајот ќе се сврти и ќе се случи она најмалку што сте го очекувале. препорачувам !
     
  4. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Одлична е! Многу ми се допадна. Книга која што е возбудлива, интересна, поучна, брзо се чита, со испреплетени приказни. Топло ја препорачувам ;)
     
  5. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Мене ми беше супер книгава вчера ја дочитав.
    Незнам дали заплетот беше очекуван ама некаде на пола книга знаев дека
    Дру и е татко на Шери Андервуд-проститутката. И се смеев кога Конрад ѓубрето си го доби тоа што го заслужи! ]:)
    Се на се убава книга. Иста тематика со Без збогување ама без збогување беше каде каде по језива и по непредвидлива. [8/10]
     
  6. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    Интерсна книга но на делови и помалку досадна..доста работи ми беа нелогични и крајот очигледен.. :) 7/10
     
  7. B.Bulka

    B.Bulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    842
    Книгава е супер се чита во еден здив, мене ми беше доста интересна :)
     
    На BlackStar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    убава книга, интересна ми беше ја прочитав за 5-6 дена :D
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    20.661
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна, сакам јас вакви крими трилери.Ја прочитав за два дена. И не погодив до крај кој е убиецот. Ми беше малку чудно кога се појави Дру, онака не очекувано, ама ај си викам ги спаси, човек за нив уби. Ама до мене е никогаш не погаѓам, секогаш сум слаб детектив. Како и да е интересна книга.
     
  10. borkalinka7

    borkalinka7 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    4
    Прочитана ми е и ми се допадна,доста непредвидлива и возбудлива,ни на крај памет не помислив дека така ќе испадне а и брзо се чита...но сепак мислам кога би бирала меѓу оваа и Без збогување од Баркли,би ја одбрала без збогување,таа е уште подобра :)
     
  11. lallyy

    lallyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Баш книга каква што сакам да читам.Возбудлива и не се остава на страна се додека не ја проголташ.Но морам да кажам дека "Без збогување" на Линвуд Б. е далеку , далеку подобра.
     
  12. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    1.313
    Допаѓања:
    6.093
    Пол:
    Женски
    Одлична книга, возбудлива, неизвесна, крими трилер, се на се по мој вкус. Заразна е, неможе да ја оставиш недочитана ,а па поради тоа се чита и брзо, но ова е само за вистински читатели на книги :) .

    Ми се допаѓа стилот нa Линвуд Баркли, кратката содржина ми изгледаше доста интересно, па неможев да не земам да ја читам. Препорачувам за сите љубители на Л.Б. и на трилери.
     
  13. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    54.319
    Прекрасна книга, ме остави без сон додека не ја прочитав... Ја препорачувам на сите што сакаат трилери...
    Наскоро ќе ја побарам "Без збогување" - Линвуд Баркли, затоа што ја опишувате како поинтересна од "Опасно блиску" . :)
     
  14. Bage.1117

    Bage.1117 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Ако ја има некој книгава дома ако сака и ако може да слика и да ми прате од 309-316 страна, ја земав од библиотеката ама овие страни ги нема (n). Благодарам :)
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена книга засега. Дали ќе најдам подобра или не ќе видиме. :)
     
  16. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    6.759
    Пол:
    Женски
    Книгава ја читав минатото лето, ми се допаѓа, затоа што тоа е стилот кој сакам да го читам.
     
  17. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    10.748
    Пол:
    Женски
    Преку ден ја читав, преку ноќ ја сонував. Толку многу се внесов во книгава.
    Ги сакам книгите на Линвуд.