Опаѓање на косата како последица од ковид-19

Дискусија во 'Коронавирус' започната од martin555, 13 ноември 2020.

  1. martin555

    martin555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Здраво, пред два месеци прележав корона, со симптоми на бронхопнеувмонија, е сега гледам периодот ми паѓа косата, инаку имам доста густа коса, но сега забележувам дека постојано ми паѓаат влакна, прочотав дека може да биде од прележана корона, но мислам дека и овој период во есента ми паѓаат секоја година само не обрнував внимание, а сега кога прочитав дека може да е како последица од корона и тоа ме плаши, бидејки имам убава коса и не сакам да станам келав уште на 27 год. А доколку е како последица од корона, што мислите дали ке престане и ке се обновува или постојано ќе паѓа додека не оќелавам?
     
  2. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе престане да паѓа доколку било од корона. Но, во овој период на сите ни паѓа косата и ни се обновува. Доколку не престане посети лекар, можеби се работи за некое хормонско пореметување.
    А каде прочита дека паѓа косата како последица од корона?
     
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    38.186
    Пол:
    Женски
    Исто и јас слушам за случаи каде што имале опаѓање на косата поради корона, но имајќи предвид дека е период кога како и секоја година си паѓа косата, не можеме навистина да процениме дали е до вирусот или едноставно е како и секогаш во есенски/зимски период.
    И кај мене има опаѓање, но имаше и претходно, само што сега е малку зголемено.
    Во секој случај, користам производи наменети за ова, ако веќе не спречуваат опаѓање во целост, барем да помогнат колку-толку да биде ставено ова под контрола.
     
  4. Prekrasna38god

    Prekrasna38god Нов член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    I jas go imam istiot problem so pagjanjeto na kosata i mene mi kazaa deka posledica moze da e od korona virusot..Se plasam deka e od toa ili nekoj hormonski disbalans ili period e na obnovuvanje ama vaka be mi pagja li nikogas .Pomos
     
  5. sierra

    sierra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    903
    Пол:
    Женски
    @Prekrasna38god кога имаше корона?
    Јас мислев дека ќе останам со дупки во косата, буквално кога и да ја допрев излегуваше скоро еден прамен (ок, може претерав малку :D) . После два месеца воопшто не ми паѓа, не повеќе од нормално за овој период од годината.
     
  6. Prekrasna38god

    Prekrasna38god Нов член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Pred 3 meseci nemav samo miris ni vkus cela nedela.drugi simptomi nemav.