Ми се допадна...Силиан Марфи троа повеќе од филмот, ама.. и самиот Опенхајмер бил интересен лик. И тој колегата од лаб
Ми се допадна како филм, динамичен без застои и покрај времетраењето од 3 часа, квалитетна кинематографија и сцени, интересна актерска екипа, информативен... само што крајот на приказната е се она кое би се очекувало. Тука требало да се потрудат и да изненадат.
Изминативе месеци "мета" беше сопругата на Марфи (https://www.theknot.com/content/cillian-murphy-relationship). Баш ги следев коментарите* во разни групи. Најверојатно претпоставувате: де жената била грда, де немала способност да се "носи" покрај ваков актер и сл. Па после излегува дека исто така и она е рамо до рамо со него, само и двајцата претпочитаат да се има (јасна) граница помеѓу личниот и јавниот живот. Нема мешање, нема одење заедно на оскари, нема слики од децата. *Многу контрадикторност имаше во нив, како и обично. Мене многу ми се мили и двајцата, после ова повеќе го засакав како глумец. Скромен и приземјен лик, со одмерени зборови. Не се опсесираше со славата и баш личи на најнормален, обичен човек. Мислам дека е уште поинтересен лик во живо отколку вака, само да не го "истрошат" премногу со интервјуа и да не влезе во машинеријата како и сите.
Филмот вреди да се погледне, квалитетни и уникатни кадри, напнати моменти, визуелни ефекти, убедливи глумци, цел пакет врв, со право се закити со оскари во најбитните категории. Филмот историски сите го знаеме атомската бомба над Хирошима и Нагасаки и со тоа се става крај на втората светска војна, бројни полемики од морален апсект дали стварно имаше потреба од таков потег од страна на американците кога Јапонија беше со последните сили и бараше спогодба, останав во дилема зошто го гонеа Опенхајмер кога и самиот ја кажа вистината дека по наредба на високи органи тој само си ја вршеше својата работа како физичар, одговорност би требало да бараат од тие кои дале наредба за создавање на нуклеарно оружје и од Труман кој поразително го исфрли од канцеларија нарекувајќи го плачко. Спојлер Се некако имав чувство дека на крај ќе изврши самоубиство.