Здраво феминки, би сакала да ве прашам што мислите за операцијата за отстранување на вишокот кожа, и дали некоја од вас имала искуство со ова. Јас имам 18 години, и пред 2 години ослабев 35 килограми за временски период од 1 година, па сега ми се појави друг проблем, што јас би кажала дека е полош и од дебелината а тоа е вишокот кожа. Значи многу ми пречи овој вишок кожа, помеѓу нозете, на рацете, на стомакот, во долниот заден дел , едноставно поради неа се чувствувам како пак да сум 100 кг. Џабе ослабев, пак не можам да облечам кратко фустанче, сукња или пак кратки панталончиња, кожата на нозете за никаде ми е, цели нозе ми се тресат кога одам. Поради ова сакав да се распрашам за операција за одстранување на вишокот кожа, што се сомневам дека ќе ми дозволат од дома, меѓутоа пак се надевам на нешто. Што мислите вие?
Операција за отстранување на вишкот кожа Не сум сигурна дали треба да пишувам тука бидејќи не зборувам за операција, ама многу ме интересира дали има некој начин да се спречи појавувањето на вишок кожа? Здебелена сум 20 кг поради бременост и сега сакам да почнам со диета ама многу се плашам што ќе биде со вишокот кожа? Некои велат дека вежбите за време на слабеење помагале ама јас мислам дека помагаат само за мускулите.