Вчера со снашка ми зборував за стрии и таа ми спомна дека имало некои операции.Може ли некој доколку знае нешто да ми каже што е всушност таа операција..И дали има некаде во МК да се прави,дали некој знае некого што правел и останати информации што ги знаете.Барав и видов теми за стрии но не и за операција за стрии затоа и ја отворив темава Доколку мислите дека треба таму да го поставам прашањето слободно во канта.
Па има по салониве за убавина сеа колку е тоа класичен хируршки зафат не знам. И јас имам проблем со стрии и баш од денес почнувам со сериозни третмани во домашни услови па ке видам колку ке има резултати.Се поистоветувам со еден совет во темата за стрии што го прочитав а го фалеа,па сакам првин да пробам дома пред да си ги лупнам парите во некој салон. Иначе ја овој рецепт го направив: Во павловичева крема ставив ад капки бадемово масло и ампула витамин е.Се надевам ке има резултати мачкањево.
Не сакам да те разочарам ама јас пред да ми се појават стрии(во бременост) се мачкав со павличева со ад капки ама џабе пак ми се појавија,се мачкав и со една крема од авон против стрии и пак џабе уште си стојат...имам превено муабет со доктор и ми вика стриите си остануваат засекогаш,со што сакаш мачкај се ако кожата ти е склона на стрии све е џабе
јас колку што знам има ласерски третмани каде што може да се намали видливоста на стриите да не бидат толку видливи а мислам дека не може да се отстранат можеш само да ја намалиш нивната видливост
И јас барам нешто вакво.Третмани во козметички салон,операција,што и да е.Веќе ми се смачи,пробав неколку кремови,третмани,домашни маски и уште што,ама пак исто.
какви креми и да се пробаат од стрииве спас се нема ... е сега овие третманиви по салониве незнам како се, ако имал искуство некој би било добро да каже.
Во скопјево се имам консултирано со доста козметички салони и приватни ординации да ги наречам, викаат ќе ги измазниме, но бојата дека е различна би се гледале. Значи никој не гарантира скроз изчезнување.
Стриите се скинати влакна и не постои никаква можност да се отстранат. Може да избледат со тек на време и да не се познаваат толку. Операции, ласери, магични креми, везе нема тоа. Само џабе ќе ви земат пари.