Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Операција за стрии

Дискусија во 'Тело' започната од forever.young1, 5 април 2013.

  1. forever.young1

    forever.young1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Вчера со снашка ми зборував за стрии и таа ми спомна дека имало некои операции.Може ли некој доколку знае нешто да ми каже што е всушност таа операција..И дали има некаде во МК да се прави,дали некој знае некого што правел и останати информации што ги знаете.Барав и видов теми за стрии но не и за операција за стрии затоа и ја отворив темава :) Доколку мислите дека треба таму да го поставам прашањето слободно во канта.
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Па има по салониве за убавина сеа колку е тоа класичен хируршки зафат не знам. И јас имам проблем со стрии и баш од денес почнувам со сериозни третмани во домашни услови па ке видам колку ке има резултати.Се поистоветувам со еден совет во темата за стрии што го прочитав а го фалеа,па сакам првин да пробам дома пред да си ги лупнам парите во некој салон.

    Иначе ја овој рецепт го направив:
    Во павловичева крема ставив ад капки бадемово масло и ампула витамин е.Се надевам ке има резултати мачкањево. :) :)
     
  3. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    Не сакам да те разочарам ама јас пред да ми се појават стрии(во бременост) се мачкав со павличева со ад капки ама џабе пак ми се појавија,се мачкав и со една крема од авон против стрии и пак џабе уште си стојат...имам превено муабет со доктор и ми вика стриите си остануваат засекогаш,со што сакаш мачкај се ако кожата ти е склона на стрии све е џабе
     
  4. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    јас колку што знам има ласерски третмани каде што може да се намали видливоста на стриите да не бидат толку видливи а мислам дека не може да се отстранат можеш само да ја намалиш нивната видливост :)
     
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    И јас барам нешто вакво.Третмани во козметички салон,операција,што и да е.Веќе ми се смачи,пробав неколку кремови,третмани,домашни маски и уште што,ама пак исто.
     
  6. DiPi

    DiPi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2011
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    29
    какви креми и да се пробаат од стрииве спас се нема ...
    е сега овие третманиви по салониве незнам како се, ако имал искуство некој би било добро да каже.
     
  7. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Во скопјево се имам консултирано со доста козметички салони и приватни ординации да ги наречам, викаат ќе ги измазниме, но бојата дека е различна би се гледале. Значи никој не гарантира скроз изчезнување.
     
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    A barem da se napravat crvenive vo beli imat li nekoe care ???
     
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Стриите се скинати влакна и не постои никаква можност да се отстранат. Може да избледат со тек на време и да не се познаваат толку.
    Операции, ласери, магични креми, везе нема тоа. Само џабе ќе ви земат пари.