Ете така, опишете го! Во кој начин би можел да биде подобар сегашниов... Каков ќе биде, подобар во кој начин.... Се надевам дека ќе привлече дискусија!
Опишете го Совршениот Живот Абе совршенство како совршенство не постои, ама има нешто блиску до него. Според мене совршен живот би бил оној во кој најпрво сите би биле среќни, здрави и задоволни. Би имале пари доволно да ги подмириме секојдневните трошоци но и да си ги задоволиме нашите потреби, желби па и каприци.. Се би ни одело како подмачкано, се што ќе си замислиме, секоја желба би ни била исполнета, но секако со малку наш труд, бидејќи така ако биде ко некој дух да ни ги исполнува, нема да биде интересно нели. Нема да има караници, тепачки, проблеми, војни, секој ќе живее како што посакува (секако во граници на нормала). Е ова е во глобала. А лично за мене, би сакала со малку помалку труд да имам убави оцени (мало сутра де ) ,да ја поседувам гардеробата која ја сакам а со тоа и да имам повеќе пари нели, да одам на журки и да не се вратам до сабајле, да немам никакви проблеми дома, со другарки, во љубовта.. Да посетам одредени земји и да се фрлам на еден солиден шопинг таму, ама најважното од се- да бидам здрава и едноставно среќна, зашто без овие две работи другото се паѓа во вода,ништо не вреди.. Е ова претставува совршен живот за мене, без проблеми иако поголемиот дел е фантазија де.
Опишете го Совршениот Живот Постои совршен живот. За совршен живот треба да има акција, не реакција. Ако добро го поврзете законот за акција и реакција со ова, ќе ви стане јасно. (Јас те плеснам, ти ми враќаш, така? Епа, не треба да се реагира ако сакате совршен живот.)
Не е тоа така розево Нема совршен живот освен замислениот. Секогаш се наоѓа минимум една работа која не ни е на место. Како што идат годините проблемите се зголемуваат, па дури и замислата за совршен живот ја снемува. Тоа е тоа, само треба да се биде силен и истраен, со силна желба и мотивација да се напредува и да се создаде, а проблеми и потешкотии и падови секогаш постоеле и ќе постојат. Совршенство не постои никаде.
Едноставно нема совршен живот.Секој има нешто што му недостига.Треба да бидиме срекни и задоволни со тоа што го имаме.
А кој вика дека постои совршен живот? за мене совршен животот е да живеам среќно,исполнето со многу љубов,да ги споделувам убавите и лошите моменти со моите пријатели,да сакам,да ме сакаат,почитуваат,да имам добро здравје тоа е за мене совршено,без разлика на проблемите на кои наидувам.
Тоа е она кога си благодарен за се што имаш и не ти треба многу, кога знаеш да цениш, кога имаш крај себе луѓе што си ги сакаш, кога си насочен кон убави и позитивни мисли и чувства, кога знаеш дека не треба никој да обвинуваш за некоја постапка во животот, едноставно знаеш како функционира универзумот и знаеш како да постапуваш за да имаш добар живот, не совршен. Совршенство на овој свет не постои.
Совршеното не знам дали има... Но да ми беа сите членови на семејството пред се живи и здрави ќе немав потреба од ништо друго. Тоа ќе беше за мене совршен живот... Без семејство џабе и целото богатство на светот да го имаме, секогаш ќе чуствуваме празнина поради која тешко, да не речам не возможно, да се почувствува потполна среќа
Мислам дека колку-толку стабилно здравје и семејство кое се темели врз разбирање, е најсовршеното нешто на светот и истовремено најголемиот луксуз. Друго се нека фали. Умирањето, губењето блиски е многу болно, но тоа е природен процес и ние тука не можеме ништо, за жал..
Здравје на сите во семејството и 300 милијарди на сметка. Тие да патуваат каде сакаат, се ново да си купат, се живо да пробаат, а после да дојдат кај мене, која ќе бидам стационирана на Бора Бора со коктелот во рака Совршениот живот не можам да го замислам без нив и нивната среќа, а од друга страна јас не можам да се замислам несреќна
Совршен живот ? Не постои . Но јас вака го замослувам : Пред се здравје , среќа и љубов за најблиските како и за мене . Да ја работам работата што ме исполнува . Да имам некое милионче на сметка ( онака да се најде за некој каприц ) , оние кои ми значеле а не се веќе дел од живиот свет , да можам да ги вратам барем на еден викенд , и да имам сопствена фирма , па работните места во државава да станат реалност . Отприлика ова би било одеално . Да знаеш дека си помогнал на илјадници луѓе ме исполнува , а сепак и не би биле понижени од толпа луѓе кои гледаат се освен сопствениот нос .
Утопиа?не постои.Само во соништата. Човек и кога мисли дека има cé, пак му фали нешто. Зборувам од лично искуство.
Не постои таков. Секој различно дефинира совршено. Можеби совршено за мене е да имам мало куче и голем базен, а за друг куќа на планина и многу деца .